Јоаким фон Рибентроп

германски политичар

Улрих Фридрих Вилхелм Јоахим (фон) Рибентроп (германски: Ulrich Friedrich Wilhelm Joachim (von) Ribbentrop; 30 април 189316 октомври 1946) бил нацистички политичар и министер за надворешни работи на Третиот рајх.

Јоаким фон Рибентроп
Министер за надворешни работи
На должноста
4 фњевруари 1938 – 30 април 1945
Фирер Адолф Хитлер
Претходник Константин фон Нојрат
Наследник Артур Зајс-Инкварт
Амбасадор во Англија
На должноста
1936–1938
Назначен(а) од Адолф Хитлер
Претходник Leopold von Hoesch
Наследник Херберт фон Дирксен
Лични податоци
Роден(а) Јоаким Улрих Фридрих Вили Фон Рибентроп
30 април 1893(1893-04-30)
Весел, Германско Царство
Починал(а) 16 октомври 1946(1946-10-16) (возр. 53)
Нирнберг, Германија
Партија Националсоцијалистичка германска работничка партија
Сопружник Ана Елизабет Хенкел (1920)
Роднини Рудолф фон Рибентроп (son)
Деца 5
Професија стопанственик, дипломат
Вероисповед Протестант
Потпис
Воена служба
Припадност  Германско Царство
Род Heer
Единица 12th Hussar Regiment
Битки/војни Прва светска војна

Рибентроп е роден во Весел, на Валпургината ноќ. Вонредно е образован во приватни училишта во Германија и Швајцарија. Течно говорел англиски и француски јазик. Од 1910 до 1914 година работел во Канада како увозник на германски вина. Учествувал во Првата светска војна, добил чин поручник и орденот Гвозден крст. Бил пријател со Франц фон Папен. Во јули 1920 се оженил. Во бракот имал пет деца. Пред војната наводно имал афера со Волис Симпсон.

На Нирнбершкиот процес е прогласен за виновен по сите четири обвинителни акти и е осуден на смрт. По погубувањето, неговото тело заедно со телата на останатите злосторници е кремирано, а остатоците се истурени на непознато место во некоја река.

Поврзано

уреди