Смиле Наумовски
Смиле Наумовски - Брсјак (р. 2 мај 1951) — македонски поет и раскажувач.[1]
Смиле Наумоски | |
---|---|
Роден/а | 2 мај 1951 Годивје, Охридско |
Занимање | писател, поет |
Животопис
уредиНаумовски е роден во 1951 г. година во с. Годивје, Охридско. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Работи како наставник по македонски јазик во Охрид. Член на ДПМ од 1995 година.[2] Добитник е на наградата „Студентски збор“ за најуспешна дебитантска книга за 1978 година.[3] и добитник на награда за најдобар расказ на државно ниво во 2007 г. на конкурсот по повод 20-годишнината од смртта на Живко Чинго. Негови песни се преведувани на српски, хрватски, албански, бугарски и италијански, а со расказ е застапен во антологијата на македонски раскази на руски јазик издадена во 2009 г. во Москва.
Објавени дела
уреди- Елементи (поезија, 1978)
- Ковачница (поезија, 1992)
- Ѕунка (поезија, 1996)
- Девојката со флејта (раскази, 2000)
- Небесна свадба (избор поезија, 2001)
- Забранета книга (поезија, 2011)
- Зборовите гром и веда: совршенство или совршенство (поезија, 2019)
Наводи
уреди- ↑ Весник „Нова Македонија“ број 21739, 16. 07. 2009 „Охридски роднокрајни писатели во Софија“[мртва врска]
- ↑ Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 176.
- ↑ Маринела Јовановиќ, Нада Филева: „Мал охридски литературно-научен лексикон“, Охрид, 2002
Оваа статија за личност од Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |