Горан Рафајловски
политичар
Горан Рафајловски (Скопје, 2 мај 1963) — македонски политичар, доктор-инженер по електротехника и универзитетски професор на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.[1]
Животопис
уредиРафајловски е научен соработник на:
- Friedrich-Alexander Univerzitat Erlangen,
- Nurnberg Institut fur Elektrische Antiebe und Steuerungen
- Univerzitat von Kaiseslautern Institut fur Leistungelektronik
Има објавено повеќе од 40 научни трудови во повеќе држави во Европа и пошироко (Хрватска, Бугарија, Италија, Германија, Израел, Јапонија, САД, Македонија ..)
Професионален ангажман:
- 1987-1988 година - Конструктор на уредот ВСТЅ 130
- 1988-2001 година - Доцент на Институтот за електрични машини - член на IEEE-IAS (lnd.Appl.Soc.) I IEEE-IES
- 1998-2001 година - Генерален Директор на електростопанство на Македонија
- 2001-2005 година - Амбасадор на Македонија во СР Германија
- 2005 година - Претседател на УО на Фондацијата Борис Трајковски
- 20 ноември 2005 година - 7 јули 2006 - Претседател на ДРУМ
Наводи
уреди- ↑ „Dr. Goran RAFAJLOVSKI Assoc. Professor“. УКИМ. Архивирано од изворникот на 2010-11-23. Посетено на 2010-10-24.