Ема Шарлот Дуер Вотсон (англиски: Emma Charlotte Duerre Watson, родена 15 април 1990) — е англиска глумица,[4] која се прославила со улогата на Хермиона Гренџер, една од трите главни улоги во филмскиот серијал за „Хари Потер“.

Ема Вотсон
Вотсон во 2013 година
Роден(а)Ема Шарлот Дуер Вотсон[1]
15 април 1990(1990-04-15)(34 г.)[2]
Париз, Франција
НационалностБританка[3]
Занимање
  • глумица
  • модел
  • активист
Активен период1999–сè уште

Животопис

уреди

Вотсон одржувала врска со британскиот играч на рагби Метју Џени, но врската се распаднала на крајот на 2014 година. Потоа, во медиумите се појавиле гласови дека тајно се гледала со британскиот принц Хари. Меѓутоа, во февруари 2015 година, на својот профил на „Твитер“, Вотсон ги демантирала таквите озборувања.[5]

Филмска кариера

уреди

Вотсон била одбрана да ја глуми Хермиона кога имала само девет години, а претходно имала глумено само во училишни претстави.[6] Од 2001 до 2007 година, таа глумела во пет филма од серијалот за „Хари Потер“, заедно со Даниел Редклиф и Руперт Гринт, а глумела и во последните две продолженија: „Хари Потер и Полукрвниот Принц“ од 2009 година, како и во двата дела од „Хари Потер и Реликвиите на смрта“.[7] За работата во серијалот за „Хари Потер“ Вотсон има добиено неколку награди, а заработила над 10 милиони долари.[8]

Во 2007 година, Ватсон изјави дека учествува во два не-Хари Потер филма: адапцијата на романот Чевли за балет и еден анимиран филм, Приказната за Деспероу. Чевли за балет се прикажуваше на 26 декември 2007 на публика од 5.2 милиони и Приказната за Деспероу, заснован на приказната на Кејт Ди Камило, се прикажуваше во 2008.[9]

Филмографија

уреди
Година Наслов Улога
2001 Хари Потер и Каменот на мудроста Хермиона Гренџер
2002 Хари Потер и Одајата на тајните Хермиона Гренџер
2004 Хари Потер и Затвореникот од Азкабан Хермиона Гренџер
2005 Хари Потер и огнениот пехар Хермиона Гренџер
2007 Хари Потер и Редот на фениксот Хермиона Гренџер
2007 Чевли за балет Паулин Фосил
2008 Приказната за Деспероу Принцезата Пеа
2009 Хари Потер и Полукрвниот Принц Хермиона Гренџер
2010 Хари Потер и реликвиите на смртта – 1 дел Хермиона Гренџер
2011 Хари Потер и реликвиите на смртта – 2 дел Хермиона Гренџер
2011 Мојата недела со Мерилин Луси
2012 Привилегијата да се биде срамежлив Сем
2013 Блинг ринг Ники
2013 Ова е крајот Себеси
2014 Ное Ила
2015 Колонија Лена
2015 Регресија Ангела Греј

Наводи

уреди
  1. "Emma Watson". Late Show with David Letterman. CBS. 8 July 2009. No. 3145.
  2. Walker, Tim (29 September 2012). „Emma Watson: Is there Life After Hermione?“. The Independent. Посетено на 12 January 2008.
  3. „Check If You're a British Citizen“. United Kingdoms Government. UK Government Digital Service. Посетено на 23 April 2014. (If you were born on or after 1 January 1983 and before 1 January 2006 to parents married and British 'not by descent') in most cases you'll be a British citizen 'by descent'.
  4. „Warner Bros. Official site“. (Adobe Flash: click appropriate actor's image, click "Actor Bio"). harrypotter.warnerbros.co.uk. Посетено на 28 март 2006.
  5. „За наводната врска со принцот Хари“, Утрински весник, година XVI, број 4718, вторник, 24 февруари 2015, стр. 24.
  6. „Emma Watson“. The New York Times. Посетено на 2008-01-12.
  7. Warner Bros. (23 март 2007). "Daniel Radcliffe, Rupert Grint and Emma Watson to Reprise Roles in the Final Two Instalments of Warner Bros. Pictures' Harry Potter Film Franchise". Соопштение за печат.  посет. 23 март 2007 г „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-08-05. Посетено на 2022-10-13.
  8. Stenzhorn, Stefan (2007-07-27). „Potter star Watson "rich enough to retire". RTÉ.ie Entertainment. Архивирано од изворникот на 2010-01-15. Посетено на 2007-07-27.
  9. Gould, Lara (2007-08-05). „Hermione Set for BBC Role“. The Daily Mirror. Архивирано од изворникот на 2009-02-18. Посетено на 2007-08-06.

Надворешни врски

уреди
 
Викицитат има збирка цитати поврзани со: