Душица Жегарац
Душица Жегарац (Белград, 15 април 1944 - 24 мај 2019) била српска и југословенска глумица.
Животопис
уредиДушица Жегарац студирала медицина, но ги прекинала студиите за да се посвети на глумата. Во последните години од животот, таа живеела во Португалија.
Филмска кариера
уредиУште како средношколка, Жегарац била ангажирана да ја игра главната улога во успешниот филм на Франце Штиглиц, „Деветтиот круг“, а за оваа улога била наградена на Филмскиот фестивал во Пула. Жртвувајќи ги студиите по медицина, таа продолжила да игра слични улоги, како оние во филмовите „Скалите на храброста“ (1961), и „Саша“ (1962), а во 1962 година се запишала на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во Белград. По долгиот период без ангажмани, најпосле во 1966 година настапиал во филмот „Топли години“ на Драгослав Лазиќ, по што изградила стабилна кариера. Зрела, темнокоса и привлечна, со голема сила на оживување, Жегарац толкувала главни и повеќе споредни улоги во бројни филмови, како што се: „Будење на стаорците“ (1967) и „Испрати човек во еден и половина“ (1967). За главната улога игра во филмот „Облог“ (1971) била наградена со „Златна арена“ на Филмскиот фестивал во Пула. Осум години подоцна, ја псвоила истата награда, овој пат за епизодна улога, за ликот на алкохоличарка на лечење во филмот на Горан Паскаљевиќ, „Посебен третман“ (1980). Исто така, Жегарац играла многу улоги во ТВ серии, како: „Од секој кој го сакав“ (1971), „Микеланџело“ (1982), „Боите на слепилото“ (1991) и други. Во 1999 година, на 34. филмски состаноци во Ниш, на Душица Жегарац ѝ била врачена наградата, „Павле Вуисиќ“ за исклучителен придонес во југословенскиот филм. Една година подоцна, на истиот фестивал била презентирана монографијата „Душица Жегарац или црна дама со ѕвездена сенка“ на авторот Ранко Мунитиќ и бил прикажан дел од документарниот филм за неа, дело на режисерот Здравко Рандиќ.
Надворешни врски
уреди- Душица Жегарац на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
(англиски)