Шеиху Кујате (роден на 21 декември 1989 година) — сенегалски фудбалер, играч од средниот ред на Кристал Палас и на сенегалската репрезентација.

Шеиху Кујате
Лични податоци
Роден на 21 декември 1989(1989-12-21)(35 г.)
Роден во Дакар, Сенегал
Држава Сенегал Сенегал
Висина &100000000000001920000001,92 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Кристал Палас Кристал Палас
Број 8
Младинска кариера
Јего Дакар
ФК Брисел ФК Брисел
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2007-2008 ФК Брисел ФК Брисел 10 (0)
2008-2014 Андерлехт Андерлехт 153 (4)
2008–2009Кортријк Кортријк 26 (3)
2014-2018 Вест Хем Јунајтед Вест Хем Јунајтед 129 (12)
2018- Кристал Палас Кристал Палас 9 (0)
Репрезентација
2007 Сенегал Сенегал 20 3 (2)
2012 Сенегал Сенегал 23 4 (0)
2012- Сенегал Сенегал 50 (2)
* Ажурирано на: 3 јули 2012
** Ажурирано на: 3 јули 2012

Технички одлики

уреди

Играч опремен со голема физичка сила и енергија, комбинирано со чувство за позиционирање и добра брзина. Главно игра на позицијата централен играч од средниот ред, но често бил користен и како централен дефанзивец, особено во дресот на Вест Хем.

Кариера

уреди

Почетоци

уреди

Кујате ја започнал неговата фудбалска кариера во 1996 година во неговиот роден град со екипата Јаго Дакар и бил скаутиран од страна на белгискиот клуб ФК Брисел. Во септември 2006 година тој заминал во Брисел на проби со клубот, а откако се покажал како ветувачки талент за во иднина му бил понуден договор во јануари следната година.[1]

Во текот на следната сезона 2007-2008, тој го направил своето деби за првиот тим на ФК Брисел под водство на тренерот Албер Картје, во поразот со 7-2 на гостувањето кај Вестерло. Од тој натпревар, тој одиграл уште девет натпревари по ред во Белгиската прва лига завршувајќи ја својата прва професионална сезона со 10 настапи без постигнат гол.[2] Сепак, кон крајот на месец март се здобил со тешка повреда која го оддалечила од терените до крајот на сезоната. Додека минувал низ периодот на рехабилитација, тој не бил платен од страна на одборот на клубот. Тоа го разбеснело Кујате, кој барал од клубот да го ослободи од договорот за да може како слободен играч да потпише за Андерлехт, но Брисел не сакал да го испушти сенегалецот бесплатно и доставиле тужба. На крајот судот досудил во корист на Кујате кој добил право да го раскине својот договор со Брисел.

Андерлехт

уреди
 
Кујате на тренинг со Андерлехт.

Во јули 2008, Кујате со слободен трансфер потпишал четиригодишен договор со екипата на Андерлехт.[3] Клубот веднаш потоа го позајмил Кујате на Кортријк до крајот на сезоната, каде тој одиграл 30 натпревари во лигата и купот и постигнал 3 гола.

По враќањето во Андерлехт во летото 2009, сенегалскиот играч од средниот ред добил повеќе можности за игра кај тренер Ариел Јакобс. Својот прв гол за виолетовите го постигнал на 21 март 2010, во победата со 4-0 нагостувањето против Локерен. Во својата прва сезона со Андерлехт ја освоил титулата во белгиското првенство. Во јули 2010 година тој му помогнал на клубот да триумфира во Суперкупот на Белгија против Гент, постигнувајќи го единствениот погодок во натпреварот. Во текот на сезоната 2010-2011 Кујате имал сериозна конкуренција на неговата позиција во американскиот репрезентативец Саша Кљештан, поради што почесто тој бил надвор од теренот. Како резултат на тоа, тој бил претворен во централен дефанзивец. Во сезоната 2011-2012 ја освоил својата втора титула со Андерлехт. Пред почетокот на сезоната 2012-2013 кон Кујате имало сериозен интерес од некој од клубовите од најсилните европски лиги како Њукасл Јунајтед, Зенит и Борусија Дортмунд.[4] Сепак тој останал во Андерлехт и во текот на сезоната формирал одлично дуо со новодојдениот централен дефанзивец, холанѓанецот Брам Нујтинк. На крајот на сезоната 2012-2013 ја освоил третата шампионска титула со Андерлехт на 19 мај 2013, а следната сезона ја освоил и четвртата.

Вкупно, Кујате направил 153 лигашки настапи за Андерлехт, постигнувајќи четири гола во пет сезони во клубот. Тој освоил четири лигашки шампионски титули во Белгија со клубот (2009–2010, 2011–2012, 2012–2013 и 2013–2014) и три Суперкупа на Белгија (2010, 2012, 2013).[2][5]

Вест Хем Јунајтед

уреди
 
Кујате во дресот на Вест Хем во 2014

На 18 јуни 2014 година, Кујате потпишал четиригодишен договор со Вест Хем Јунајтед.[6] Тој го направил своето деби за чеканите на 16 август 2014 година во поразот со 1-0 од Тотенхем. Неговиот настап бил опишан како "импресивен" од страна на БиБиСи.[7] На 28 декември, Кујате го постигнал својот прв гол за Вест Хем во поразот со 1-2 од Арсенал.[8] Неговиот втор гол за сезоната дошол на 8 февруари 2015 година во ремито 1-1 со Манчестер Јунајтед. До крајот на сезоната тој постигнал уште два гола во Премиер лигата, во ремито 2-2 на гости кај Тотенхем и во поразот со 2-1 од Лестер Сити.[9][10] Својата прва сезона во Англија, Кујате ја завршил со 31 настап и 4 гола во Премиер лигата и еден натпревар во ФА Купот.

 
Кујате со Вест Хем во 2016

Следната сезона тој ја започнал со гол против Арсенал во победата со 2-0 на Емирати на 9 август 2015.[11] Потоа тој бил стрелец и во поразот со 3-4 на домашен терен од Борнмут на 22 август.[12] Својот трет погодок за сезоната го постигнал во последните минути од натпреварот против Норич Сити со кој спасил бод за својот тим во ремито 2-2.[13] Во март 2016 година, Кујате потпишал нов, петгодишен договор со Вест Хем, кој би можел да го задржи во клубот до 2021 година.[14] Во текот на сезоната 2015-2016 Кујате на двапати бил исклучен од игра заради добивање на црвен картон, но и во двата случаи картонот бил поништен од ФА после одигрувањето на натпреварите. Сезоната ја завршил со 34 настапи и 5 гола во лигата и му помогнал на својот клуб да се пласира во квалификациите за Лигата на Европа следната сезона.

На 4 август 2016 година, Кујате го постигнал првиот гол на новиот стадион на Вест Хем, Олимпискиот стадион во Лондон, кој дошол по само осум минута игра во натпреварот од Лига Европа против Домжале. Тој, исто така, го постигна вториот гол за Вест Хем во натпреварот, а чеканите победиле со 3-0.[15]

Кристал Палас

уреди

На 1 август 2018, Кујате се преселил во Кристал Палас за 9.5 милиони фунти, потпишувајќи четиригодишен договор со лондонскиот клуб.[16][17]

Репрезентативна кариера

уреди

Кујате бил повикан на возраст од 18 години да настапува во сенегалската репрезентација под 20 години, во истата година кога го направил своето деби за ФК Брисел. Тој постигнал два гола во само три натпревари за селекцијата во 2007 година.

Во февруари 2012 година, Кујате бил повикан во сениорската репрезентација. Во истата година, тој бил избран во Олимписката репрезентацијата на Сенегал за олимписките игри. Тој играл во секој натпревар на Сенегал на турнирот, а неговата репрезентација својот настап го завршила во четвртфиналето.

Тој бил член на репрезентацијата на Сенегал на Африканскиот куп на нации 2015[18] и Африканскиот куп на нации 2017. Во моментов Кујате е капитен на својата репрезентација.

Хронологија на репрезентативните настапи

уреди
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Сенегал
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
29-2-2012 Дурбан Јужна Африка   0 – 0   Сенегал Пријателска -
25-5-2012 Маракеш Мароко   0 – 1   Сенегал Пријателска -
2-6-2012 Дакар Сенегал   3 – 1   Либија Квал. за СП 2014 -
8-9-2012 Абиџан Брег на Слоновата Коска   4 – 2   Сенегал Квал. за АКН 2013 -
13-10-2012 Дакар Сенегал   0 – 2   Брег на Слоновата Коска Квал. за АКН 2013 -
14-11-2012 Нијамеј Нигер   1 – 1   Сенегал Пријателска -
5-2-2013 Сен-Ле-ла-Форе Сенегал   1 – 1   Гвинеја Пријателска -
14-8-2013 Сен-Ле-ла-Форе Замбија   1 – 1   Сенегал Пријателска -
7-9-2013 Дакар Сенегал   1 – 0   Уганда Квал. за СП 2014 -
12-10-2013 Абиџан Брег на Слоновата Коска   3 – 1   Сенегал Квал. за СП 2014 -
5-3-2014 Сен-Ле-ла-Форе Сенегал   1 – 1   Мали Пријателска -
25-5-2014 Каруж Сенегал   3 – 1   Косово Пријателска -
5-9-2014 Дакар Сенегал   2 – 0   Египет Квал. за АКН 2015 -
10-9-2014 Габороне Боцвана   0 – 2   Сенегал Квал. за АКН 2015 -
15-11-2014 Каиро Египет   0 – 1   Сенегал Квал. за АКН 2015 -
19-11-2014 Дакар Сенегал   3 – 0   Боцвана Квал. за АКН 2015 -
9-1-2015 Казабланка Сенегал   1 – 0   Габон Пријателска -
13-1-2015 Казабланка Сенегал   5 – 2   Гвинеја Пријателска -
19-1-2015 Монгомо Гана   1 – 2   Сенегал АКН 2015 - 1 фаза -
23-1-2015 Монгомо Јужна Африка   1 – 1   Сенегал АКН 2015 - 1 фаза -
27-1-2015 Малабо Сенегал   0 – 2   Алжир АКН 2015 - 1 фаза -
28-3-2015 Ле Авр Сенегал   2 – 1   Гана Пријателска -
13-6-2015 Дакар Сенегал   3 – 1   Бурунди Квал. за АКН 2017 -
5-9-2015 Виндхук Намибија   0 – 2   Сенегал Квал. за АКН 2017 1
13-10-2015 Алжир Алжир   1 – 0   Сенегал Пријателска -   66'
13-11-2015 Антананариво Мадагаскар   2 – 2   Сенегал Квал. за СП 2018 -   80'
17-11-2015 Дакар Сенегал   3 – 0   Мадагаскар Квал. за СП 2018 1   87'
26-3-2016 Дакар Сенегал   2 – 0   Нигер Квал. за АКН 2017 -  
28-5-2016 Кигали Руанда   0 – 2   Сенегал Пријателска -   72'  
4-6-2016 Бужумбура Бурунди   0 – 2   Сенегал Квал.за АКН 2017 -  
3-9-2016 Дакар Сенегал   2 – 0   Намибија QCoppa Africa -  
8-10-2016 Дакар Сенегал   2 – 0   Брег на Слоновата Коска QMondiali -   83'  
12-11-2016 Полокване Јужна Африка   2 – 1   Сенегал QMondiali -  
11-1-2017 Бразавил Конго   0 – 2   Сенегал Пријателска -  
15-1-2017 Франсвил Тунис   0 – 2   Сенегал АКН 2017 - 1 фаза -   88'  
19-1-2017 Франсвил Сенегал   2 – 0   Зимбабве АКН 2017 - 1 фаза -   84',   32'  
29-1-2017 Франсвил Сенегал   0 – 0   Камерун АКН 2017 - Четвртфинале -   109',   93',  
Вкупно Настапи 37 Голови 2

Клупска статистика

уреди

Статистиката е ажурирана на 2 мај 2017.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2007-2008   Брисел Про 10 0 КБ 0 0 - - - - - - 10 0
2008-2009   Кортријк Про 26 3 КБ 4 0 - - - - - - 30 3
2009-2010   Андерлехт Про 16+5[19] 1+0[19] КБ 3 1 ЛЕ 9 0 - - - 33 2
2010-2011 Про 14+9[19] 0+1[19] КБ 2 0 ЛШ+ЛЕ 3[20]+4 0 СБ 1 1 33 2
2011-2012 Про 28+10[19] 0 КБ 0 0 ЛЕ 10 0 - - - 48 0
2012-2013 Про 23+10[19] 1+0[19] КБ 4 0 ЛШ 6[21] 0 СБ 0 0 45 1
2013-2014 Про 28+10[19] 0+1[19] КБ 2 0 ЛШ 6 0 СБ 1 0 47 1
Вкупно Андерлехт 109+44[19] 2+2[19] 11 1 40 0 2 1 206 6
2014-2015   Вест Хем Јунајтед ПЛ 31 4 ФАКуп+ЛК 1+0 0 - - - - - - 32 4
2015-2016 ПЛ 33 5 ФАКуп+ЛК 5+1 0 ЛЕ 2 0 - - - 41 5
2016-2017 ПЛ 29 1 ФАКуп+ЛК 0+2 0+1 ЛЕ 3 2 - - - 34 4
Вкупно Вест Хем Јунајтед 94 10 9 1 5 2 - - 108 13
Вкупно во кариерата 283 17 24 1 45 2 2 1 354 21

Титули

уреди

Клупски

уреди

  Андерлехт

уреди
2009–2010, 2011–2012, 2012–2013, 2013–2014
2010, 2012, 2013

Репрезентативни

уреди
  Сенегал
Камерун 2021

Наводи

уреди
  1. FC BRUSSELS Players Архивирано на 30 април 2009 г. on www.rwdm-brussels.be
  2. 2,0 2,1 „CHEIKHOU KOUYATE“. www.whufc.com. Архивирано од изворникот на 15 January 2015. Посетено на 1 February 2015.
  3. Cheikhou Kouyaté moet van de rechter naar Anderlecht on www.nieuwsblad.be
  4. Newcastle wil diep in de buidel tasten voor Kouyaté[мртва врска] Sport.be, 29 november 2012
  5. Шеиху Кујате на soccerway
  6. Hammers complete Kouyate transfer Архивирано на 28 октомври 2014 г. on www.whufc.com
  7. Rose, Gary (16 August 2014). „West Ham United 0–1 Tottenham Hotspur“. BBC Sport. Посетено на 6 November 2015.
  8. „West Ham United 1–2 Arsenal“. Jamaica Observer. Архивирано од изворникот на 2015-07-10. Посетено на 29 December 2014.
  9. „Tottenham 2–2 West Ham“. BBC Sport. Посетено на 31 May 2015.
  10. „Leicester City 2–1 West Ham United“. BBC Sport. Посетено на 31 May 2015.
  11. Osborne, Chris (9 August 2015). „Arsenal 0–2 West Ham“. BBC Sport. Посетено на 10 August 2015.
  12. „West Ham United 3 - 4 AFC Bournemouth Match report - 22/08/2015 Premier League — Goal.com“. www.goal.com. Посетено на 2015-09-26.
  13. „West Ham United 2–2 Norwich City“. BBC. Посетено на 2015-09-26.
  14. „Cheik's in for five more years!“. www.whufc.com. 18 March 2016. Архивирано од изворникот на 2016-03-20. Посетено на 25 March 2016.
  15. [1]
  16. „Kouyate Signs For Palace“. cpfc.co.uk (англиски). Посетено на 1 August 2018.
  17. Aarons, Ed (1 August 2018). „Crystal Palace sign Cheikhou Kouyaté and close on Swansea's Jordan Ayew“. theguardian.com. Посетено на 1 November 2018.
  18. „Senegal off to the perfect start“. www.whufc.com. Архивирано од изворникот на 2015-01-21. Посетено на 21 January 2015.
  19. 19,00 19,01 19,02 19,03 19,04 19,05 19,06 19,07 19,08 19,09 19,10 Во Плејофот за шампион.
  20. Во квалификациите за Лигата на шампионите
  21. 2 во плејофот.

Надворешни врски

уреди