ФК Виљареал — шпански фудбалски клуб од Виљареал, областа Валенсија. Моментално се натпреварува во Примера Дивисион, првото ниво на шпанскиот фудбал.
Основан во 1942 година, клубот поминал голем дел од својата историја во пониските дивизии на шпанскиот фудбал, а своето деби во Примера Дивисон го имал дури во 1998 година. Во 21 век, Виљареал стекнал стабилност на стандарден прволигаш, задржувајќи се во најсилната шпанска лига во 21 од 22 сезони почнувајќи од 2000 година.
На почетокот од 2000-тите, клубот дебитирал во европските натпреварувања, играјќи во Интертото купот во 2002 година, а својот прв настап во Лигата на шампионите го имал во 2005 година. Во истиот период клубот учествувал и во Лига Европа, но испаѓањето во 2012 година, ставило крај на нивната серија на редовни учества во Европа. Својот најголем успех во клупската историја, Виљареал го остварил во 2021 година со освојувањето на Лига Европа совладувајќи го Манчестер Јунајтед во финалето.
Своите домашни натпревари Виљареал ги игра на Стадион де ла Керамика, кој има капацитет од 23,500 седечки места.[2] Традиционалната опрема е во целосно жолта боја (жолти дресови и шорцеви), а оттаму доаѓа и прекарот на клубот Жолта Подморница.
- Обновено на 1 февруари 2022[3]