Руската култура е поврзана со земјата Русија, како и со етничките Руси кои живеат низ целиот свет. Руската култура има многу богата историја и истата може да се пофали со долгата традиција од аспект на уметноста,[1], литературата,[2], филозофијата, класичната музика,[3][4] балет,[5], архитектурата, сликарството, киното,[6] и анимацијата. Сите овие правци во текот на историјата имале значително големо влијание во светската култура.

Историјата и првите почетоци на руската култура започнале во времето на источните Словени, со своите пагански верувања и специфичен начин на живеење низ пределите на Источна Европа. Раната култура во Русија започнала или пак била под големо влијание на угрофински народи и племиња, номадите, туркиските народи и Понтиски-Касписките народи. Во текот на доцниот I милениум од новата ера, влијание врз руската култура извршиле и скандинавските Викинзи преку создавањето на Киевска Русија. Во времето на Киевска Русија, во 988 година овие простори биле христијанизирани кое довело паралелно доближување на културата на Византија и останатите словенски народи.[7] По падот на Цариград во 1453 година, Русија станала најголемата православна земја и нација во светот каде престолнината Москва честопати во христијанскиот православен свет се нарекувала Трет Рим. Во различни точки од својата историја, земјата исто така била под силно влијание од страна на европската култура, пред сè западната. Ова најмногу се однесува во времето на Петар Велики кој вовел големи реформи во руското општество кои во голема мера ги стекнал во своите посети на Западна Европа. Во текот на XX век, комунистичката идеологија дополнително ја офирмила културата на овие простори во составот на Советскиот Сојуз, во кој Руска СФСР била најголема водечка сила.

Денеска, руското културно наследство е рангирано на седмата позиција според Nation branding, врз основа на интервју на 20.000 луѓе главно од западните земји и земјите од Далечниот Исток. Руското општество во последните години сè повеќе настојува да се вклучи во модерната глобализација и меѓународниот туризам.

Руски language

уреди
 
Остромирско евангелие од 1056 година, втора најстара источнословенска книга, денеска се наоѓа во Руската национална библитека
 
Илустрација на руска бајка за жар-птицата, Иван Билибин, 1899 година.

Русија е земја во која постојат околу 160 етнички групи кои зборуваат на околу 100 јазици.[1] Според пописот од 2002 година, 142.6 милиони луѓе зборуваат руски, 5,3 милиони зборуваат татарски и околу 1.8 милиони украински.[8] Рускиот јазик е едниствениот официјален државен јазик на земјата, но Уставот дава на поединешните етнички групи во републиките да го користат својот мајчин јазик како ко-официјален веднаш до рускиот.[9] И покрај неговата голема разширеност, рускиот јазик е во голема мера хомоген во цела Русија. Тој е најраспространетиот географски јазик на просторот на Евроазија и најзборуваниот словенски јазик.[10] Рускиот јазик припаѓа на групата индоевропски јазици и е еден од оние јазици кои во истата група кои се задржиле во употреба до ден денес. Други јазици од истата група се белорускиот, украинскиот и веројатно русинскиот јазик кои споделуваат заеднички лингвистички одлики. Старорускиот јазик бил зборуван во периодот од X до XIV век, и од него произлегуваат горенаведените источнословенски јазици.[11] Како податок над една четвртина од светската научна литература е објавена на руски јазик. Околу 70% од универзалните науки се објавени на англиски и руски.[12] Денеска, јазикот е еден од шестте службени јазици на ООН.

Фолклор

уреди

Стариот руски фолклор се заснова на корени од паганските верувања на старите Словени, кој пак денеска најчесто е застапен во руските бајки. Руските епоси заземаат важен дел од словенската митологија. Најважните и најстарите епови од времето на Киевска Русија всушност се створени во денешниот северозападен руски федерален округ. Голем број на бајки и еписи биле прилагодени и претставени во анимациони филмови од страна на многу познати режисери како Александар Птушко (Илья Муромец, Садко) и Александар Роу (Морозко, Василиса Прекрасная и др.). Некои руски поети, вклучувајќи ги Леонид Филатов и Петр Јершов, направиле голем број на познати поетски интерпретации на класичните руски бајки. Меѓу овие се вклучува и Александар Сергеевич Пушкин кој исто така создал потполни оригинални бајски песни кои до ден денес се задржиле во голема популарност.

Руска литература

уреди
 
Александар Пушкин (1799–1837), најголемиот руски поет и основач на модерната руска литература. Автор е на Руслан и Лудмила и Евгени Онегин.
 
Фјодор Достоевски (1821–1881), писател, еден од најголемите психолози вбо светската јавност.[13] Автор на Злосторство и казна и Браќа Карамазови.
 
Антон Чехов (1860-1904) раскажувач, романописец и драмски писател. Автор на Човекот во футрола и Вишновата градина.
 
Лав Толстој (1828–1910), романописец, реформатор. Автор на Војна и мир и Ана Каренина.

Руската литература се смета за една од највлијателните и најразвиените во светот, која придонела и дала едни од најпознатите светски книжевни дела.[2] Руската литературна историја започнува во текот на X век. Во текот на XVIII век за развој на истата најмногу придонеле Михаил Василевич Ломоносов и Денис Фонвизин. Но можеби најголемиот расцвет, руската литература доживеала во текот на XIX век, во кој век биле создадени најголемите руски книжевни дела. Овој век е познат како Златен век на руската литература. Тој започнал со Александар Сергеевич Пушкин, кој се смета за основач на модерната руска литература и честопати овој поет се опишува или се нарекува како “Рускиот Шекспир“.[14] Златниот век на литературата продолжил во текот на XIX век со делата на Михаил Јурјевич и Алексеј Некрасов, Александар Островски, Антон Павлович Чехов, Николај Васиљевич Гогољ, Иван Тургенев, Лав Николаевич Толстој, Фјодор Михајлович Достоевски, Иван Александрович Гончаров, Алексеј Феофилактович Писемски, Николај Семјонович Лешков и други. Толстој и Достоевски од гледна точка на книжевни критичари биле определени како најголемите писатели на векот.[15][16]

Кон крајот на 19 век, руската литература започнала да се променува. Кратките прози и поезии станале доминантни жанрови во руската литература во следните неколку децении. Овој период од историјата на руската литература е познат и како Сребрен врк на руската поезија. За разлика од претходниот период каде реализмот бил главна одлика, во периодот од 1893 до 1913 госина, руската книжевност паднала под силно влијание на симболиката. Најпознати писатели од тој период се Валериј Брусов, Андреј Бели, Вјачеслав Иванов, Александар Блок, Николај Гумилев, Дмитриј Мерезковски, Фјодор Сологуб, Ана Ахматова, Осип Мандељштам, Марина Цветаева, Леонид Андрејев, Иван Буњини и Максим Горки.

По руската револуција од 1917 година, рускиот културен живот во голем степен се променил или пак бил претворен во хаос. Некои истакнати и познати писатели од тој период, како Иван Буњини и Владимир Набоков ја напуштиле земјата, додека пак новата генерација на млади талентирани писатели се приклучиле кон различни организации со цел создавање на една нова културна книжевност проследена со новиот режим во склопот на Советскиот Сојуз. Во текот на 1920-тите, писателите уживале широка толеранција. Во 1930-тите, објавувањето на новите книжевни дела било затегнато со оглед на доаѓањето на власт на Јосиф Сталин и неговата социјалистичка политика и режим. Голем број на писатели биле затворани и прогонувани во тој период. По неговата смрт, ограничувањата биле отфрлени за да во 1970-тите и 1980-тите истите бидат игнорирани. Од најпознатите водечки писатели од оваа ера, најмногу се издвојуваат: Евгениј Земјатин, Исак Бабел, Владимир Мајаковски, Илф и Петров, Јуриј Олеша, Михаил Булгаков, Борис Пастернак, Михаил Шолохов, Александар Солженицин, Андреј Вознесенски и други.

Филозофија

уреди

Некои руски писатели, како на пример Толстој и Достоевски, исто така, се познати и како филозофи, а голем број на автори се познати по своите филозофски дела. Расцутот, руската филозофија го доживеала во текот на XIX век, по примерите на западните европски земји, создавјќи го славофилството. Втората група ги вклучува Николај Данилевски и Константин Леонтјев кои го дале почетокот на евроазинизмот. Во понатамошниот свој развој, руската филозофија била во непосредна близина со развојот на литературата, политиката, национализмот и целото општество. Едни од најпознатите филолозофи од крајот на XIX век и почетокот на XX век се: Владимир Соловјов, Сергеј Булгаков, Павел Флоренски и Владимир Вернадски. Во XX век, руската филозофија станала со доминантно марксистичко убедување.

Визуелна уметност

уреди

Руска архитектура

уреди
 
Црквата Свети Петар и Свети Павле. во Санкт Петербург

Корените на руската архитектура започнале во времето на старите Словени. По христијанизацијата на Киевска Русија, руската архитектура во следните неколку векови била под влијание на византиската архитектура, сè до падот на Цариград во 1453 година. Освен традиционалните тврдини кои ги поседувале градовите (Види: Кремљ), главни архитектурни објекти во раната историја на руската архитектура биле православните храмови со големите куполи кои честопати биле или позлатувани или варосени. Аристотел Фиораванти и други италијански архитекти ја донеле ренесансата и нејзините трендови во Русија. Во текот на XVI век се развил т.н. шатор тип на цркви. Најпозната црква од таков тип е црквата Свети Василиј во Москва. Кромидестата купола се развила во текот на XVII век. Кон средината на истиот век во земјата се развил т.н. Наришкински барок. Реформите на Петар Велики довеле до промена на целото руско општество и доближување до западноевропската култура и архитектонски стилови.

Во текот на XVIII век настапил архитектонскиот стил рококо кое придонел до создавање на голем број на познати дела проследени од страна на Бартоломео Растрели и неговите наследници. Во текот на владеењето на Катерина Велика и нејзиниот внук Александар I, градбите во градот Санкт Петербург биле трансформирани во неокласицистичка архитектура. Во втората половина на XIX век започнала руската преродба потикнета од готската архитектура од Западна Европа.

Во текот на XX век, најпознати архитектонски стилови во Русија биле сецесијата (Фјодор Шехтел), конструктивизам (Алексеј Шчусев и Константин Мелников), и Сталинистичката архитектура (Борис Јофан). По смртта на Сталин, Никита Хрушчов целосно го осудил веќе поранешниот архитектонски стил. Кон крајот на советската ера, доминантен архитектонски стил во Русија бил функционализмот. Ова помогнало да се реши станбениот проблем кое довело пак до изградба на голем број на згради со низок архитектурен квалитет. По распаѓањето на СССР, голем број на христијански храмови кои биле срушени повторно биле обновени.

Најпознати руски градби:

Црква Света Софија (Новгород) | Златна Порта (Владимир) | Црква на Исус Христос Спасителот (Москва) | Црква Успение на Пресвета Богородица (Владимир) | Катедрала на Благовештението (Москва) | [ [Архангелска катедрала (Москва)]] | Црква Успение на Пресвета Богородица (Москва) | Црква Вознесение Христово (Санкт Петербург) | Црква Св. Василиј - Москва | Казански Кремљ | Црква Свети Исак (Санкт Петербург) | Казанска катедрала | Црква Свети Петар и Свети Павле (Санкт Петербург) | Мешниукова кула | Манеж (Москва) | Триумфална порта Нарва | Коломенское | | Петерговска палата | Гатчина | Troitse-Sergiyeva Lavra | Соловетски манастир | Кунсткамера | Државен руски музеј | Катеринска палата | Голем Кремљски дворец | Зимски дворец (Санкт Петербург) | Симонов манастир | Новодевички манастир | Мавзолеот на Ленин | Татлинска кула | Палата на Советите | Седум Сестри (Москва) | Советски Изложбен центар | Останкинска кула | Триумфална палата | Бела куќа на Русија

Иконопис

уреди
 
Традиционална руска икона.

Руските икони најчесто се изобразени на дрво и обично се мали, но сепак постојат и големи икони во некои манастири и цркви низ земјата. Во христијанскиот православен дом во Русија обичнио се наоѓа т.н. иконско место односно место каде што се наоѓаат неколку икони од христијански светци. Во храмовите пак иконите се наоѓаат најчесто во иконостасот. Во најголем дек од верниците, иконите им помагаат при нивните молитви. Третјаковската галерија е една од најзначајните галерии од таков тип во светот.[17] Користењето и создавањето на икони на овие простори започнало во времето на Киевска Русија, по примерот на Византија во 988 година. Голем број на икони кои денеска се наоѓаат во Русија потекнуваат од Цариград.

Религија

уреди
 
Црква на Исус Христос Спасителот во Москва, разрушена во време на советската ера. Повторно обновена во периодот од 1990-2000. (Видео).

Православното христијанство (руски: Православие Pravoslavije) е најголемата религија во Русија. Верата е сметена за дел од руското "историско наследство" според законот донесен во 1997 година.[18] Руското Православие е најголемата религиозна организација во земјата.[19] Така, 95% од регистрираните православни парохии припаѓаат на Руската православна црква, а има ѝ голем број на помали православни цркви.[20] Сепак, голем дел од православните христијани не ја посетуваат односно не одат на црква редовно.[21] И покрај тоа, црквата е доста почитувана од и на верниците и на неверниците, кои гледаат на тоа како на симбол на руско наследство и култура.[21] Помалите христијански деноминации се верниците на Римокатоличката црква, Ерменската апостолска црква и различни протестантски организации.

Предците на голем дел од денешните Руси го примиле христијанство во X век.[21] Околу 100 милиони граѓани се сметаат себеси за православни христијани, кое во процент е околу 70% од вкупниот борј на население во земјата. Сепак црквата тврди дека тој број е околу 80 милиони [22][23]. Исто така, според една анкета која била спроведена од страна на рускиот Центар за истражување на јавното мислење, 63% од испитаниците сметаат себеси за православни верници, 6% од испитаниците за муслимани и помалку од 1% за протестанти, будисти, евреи и слично.[24] Други 12% рекле дека веруваат во Бог, а 16% изјавиле дека се неверници[24].

Денеска, се проценува дека Русија е дом на околу 23 000 000 луѓе од муслиманска вероисповед, од кој само 1 500 000 живеат во Москва.[25][26] Според Православната црква пак, бројот на муслиманските верници е околу 20 000 000, додека пак според официјалниот попис, нивниот број е околу 15 000 000[27]. Во Русија исто така има населено околу 4 000 000 муслимани кои биле раселени во за времето на Советскиот Сојуз.[28] Најголемиот дел од муслиманското население во Идел-Урал, како и во Северен Кавказ, Москва, Санкт Петербург и Западен Сибир[29] .

Будизмот е традиционален за три региони на Руската Федерација: Бурјатија, Тува и Калмикија.[30] Некои жители на сибирски региони и Далечниот Исток, Јакутија, Чукотски, итн, се припадници на помали религиозни организации.

Уметност и сликарство

уреди

Музика

уреди
 
Сергеј Рахманинов, пијанист, композитор и диригент
 
Петар Илич Чајковски, еден од најголемите руски композитори и симфоничари

Народна музика и танц

уреди

Русите имааат големи карактеристични традиции во народната музика. Типични етнички руски инструменти се гусла, жалејка и балалајка. Народната музика имала огромно влијание врз класичните руски композитори, и во денешно време таа е еден од изворите на инспирација за голем број на популарни народни групи, од кои најпознати се „Мелница“. Најпознати народни танци се: казачок, хоровод, камаринска и др.[31]

Класична музика

уреди

Почетоците на класичната музика во Русија биле кон XIX век. Како нејзин основач се смета Михаил Иванович Глинка заедно со неговите следбеници, кои го прифатиле рускиот национален идентитет и додале голем број на верски и народни елементи во нивните композиции. Во оваа прва фаза на класични музичари спаѓа и Антон Рубинштајн кој ја основал конзерваторијата во Санкт Петербург. Можеби еден од најпознатите и најуспешните композитори од тоа време е Петар Илич Чајковски, кој со своите творби ја одбележа ерата на доцниот романтизам како еден од најсестраните и најплодните. Делата на Сергеј Василевич Рахманинов го претставуваат доцниот Руски романтизам во класичната музика. Бил инспириран од Петар Илич Чајковски, Корсаков и другите познати руски композитори. Тој е еден од последните музички уметници од европската класична музика.[32]

Светски реномирани композитори од XX век се Александар Скрjабин, Игор Стравински, Сергеј Прокофиев, Дмитриј Шостакович и други. Во текот на советската ера, класичната музика во голема мера била регулирана и создавана според социјалистичкиот режим кој бил налаган. Меѓу најпознатите од овој период се Давид Оистрах, Мстислав Ростропович, Владимир Хоровиц, Свјатослав Рихтер, Фјодор Шалапин, Галина Вишневска, Ана Нетребко и Дмитриј Хворстовски.[3]

Модерна музика

уреди
 
Хевиметалската група Арија
 
ТАТУ

По распаѓањето на СССР, во Русија, главно под влијание на западноевропската култура и музика, започнал да се развива еден нов жанр на музика кој претходно бил сосема непознат и недостапен на музичката естрада. Можеби најпопуларната музика во моментот во Русија е поп-музиката заедно со Рокенрол|рокенролот и хеви металот. Санкт Петербург (поранешен Ленинград), Екатеринбург (поранешен Свердловска) и Омск биле трите главни центри на рок-музиката. Најпопуларни руски групи се: Машина времени, ДДТ, Аквариум, Алиса, Кино, Арија, Граѓанска одбрана, Сплин и други. Како една од најпопуларните групи кои имаат меѓународно признание е музичката група Тату во Западна Европа и Витас.

Опера

уреди

Првата најпозната опера која била создадена на руските простори била Царскиот живот (руски: Жизнь за царя) од страна на Михаил Глинка во 1836 година. По оваа опера биле направени редица од кои најпознати се Руслан и Лудмила од 1842 година. Првично, руските опери биле комбинација од руската народна музика и италијанската опера. По Октомвриската револуција од 1917 година, голем број на руски оперисти ја напуштиле земјата. Најпознати руски оперски песни се: Борис Годунов, Евгениј Онегин, Златен петел, Кнез Игор и други.

 
Една од најпознатите анимирани филнови: Ну, погоди!

Анимација

уреди

Русија исто така има голема традиција и во погед на анимацијата која започнала по крајот на руската империја. Поголемиот дел од руските анимирани филмови биле создадени во текот на советската ера, кога Coјузмултфилм бил најголемиот производител на анимација. Како најпознати аниматори од тоа време во Русија се: Иван Иванов Вано, Фјодор Китрук и Александар Татарски. Најпознати анимирани филмови од тоа време се Чебурашка, Ну, погоди! и други.

Спорт

уреди
 
Олимпискиот факел за Летните олимписки игри - 1980

Олимпијада

уреди

Русите се едни од најуспешните спортисти во светот, кои секогаш се наоѓале на самиот врв од вечната список на ВТА организирана од Олимписките игри. Доколку се признаат медалите кои СССР ги освоил, и се префрлат на нејзината наследничка Русија, таа на вечната ранг листа е на второ место по бројот на златни медали на Летните олимписки игри и прва на Зимските олимписки игри. За време на советската ера, националниот олимписки тим настапил 18 пати и бил најуспешен тим во историјата на спортот. Од Летните олимписки игри во 1952 година, земјата постојано била рангирана на првите три места според бројот на освоени медали. Гимнастика, атлетика, кревање тегови, борење, бокс, мечување, стрелање, шах, уметничко лизгање се спортовите во кои СССР и Русија имаат освоено најмногу медали. По распаѓањето на Советскиот Сојуз, руските спортисти продолжиле со својата доминација во овие спортови. Земјата била организатор на Летните олимписки игри во 1980, кои се одржале во престолнината Москва, а освен тоа во 2014 година ќе бидат организатори на Зимските олимписки игри во 2014 година, кои ќе се одржат во Сочи.[33]

Советскиот Сојуз најмногу како спорт доминирал со гимнастиката. Како најпознати спортисти од тоа време се издвојуваат Лариса Латинина која моментално сѐ уште го држи рекордот според бројот на освоени олимписки медали. Доминацијата во гимнастиката продолжила и по распадот на Советскиот Сојуз. Најголеми спортистки од оваа категорија денеска се издвојуваат Алина Кабајева, Ирина Чашчина и Евгенија Канаева. Русија е најдобра и во синронизирано пивање, каде скоро сите медали повеќе од една деценија и припаѓаат токму нејзе. Уметничкото лизгање исто така е многу популарен спорт во Русија. Во 1960-тите, Советскиот Сојуз бил доминантен во таа категорија.

Руските спортисти заклучно со 2009 година имаат освоено вкупно 399 медали на олимпијадите, од кој 323 на летните и 76 на Зимските олимписки игри.

Кошарка

уреди

Како Советскиот Сојуз, така и денешна Русија е позната по кошарката, освојувајќи различни олимписки турнири, европски и светски првенства. Неколку руски кошаркари настапуваат во најсилната кошаркарска лига на светот, НБА. Како најпознат руски кошаркар во денешницата е Андреј Кириленко кој настапува за Јута Џез. Во 2007 година, Русија победила на Европското првенство во кошарка. Најпознат кошаркарски клуб е КК ЦСКА Москва која во 2006 и 2008 година го освоила купот на Евролига и УЛЕБ купот.

Хокеј на мраз

уреди

Иако спортот хокеј на мраз во земјата бил воведен во советската ера, сепак репрезентацијата многу бргу станала една од најсилните во светот, освојувајќи злото на речиси сите олимпијади и светски првенства. Најпознати руски играчи се Валери Кармалов, Сергеј Макаров, Вјечеслав Фетисов, и Владислав Третиак, и истите се избрани во Тимот на векот според IIHF [34] Како и кај другите спортови, така и хокејот на мраз по распаѓањето на Советскиот Сојуз дошол до голем пад. Златен медал руските спортисти немале освоено дури 15 години. Во тоа време, голем дел од руските играчи својата кариера ја направиле во НХЛ лигата. Во последните неколку години Русија повторно се наоѓа на врвот како една од најголемите сили во тој спорт, главно поради освојувањето на златни медали во 2008 и 2009 година. Во 2008 година била основана КХЛ лига, како најсериозен конкурент на НХЛ лигата.

Фудбал

уреди

За време на советската ера, Русија исто така била конкурентна и во фудбалот како спорт. И покрај тоа што располагала со фантастични играчи, СССР никогаш всушност не успеала да завладее како најголема светска сила во тој спорт на меѓународната сцена. На ЕВРО 1960, СССР го освоила златниот медал, а во 1988 била финалист. Заедно со хокеј на мраз и кошарката, фудбалот е еден од најпопуларните спортови во земјата. Во последните години, рускиот фудбал се движи во нагорна линија. Најпознати клубови од Русија се ЦСКА Москва, ФК Зенит, ФК Локомотив итн. Можеби најпознатиот руски фудбалер во моментот е Андреј Аршавин кој настапува за англискиот премиерлигаш Арсенал.

Медија и технологија

уреди

Радио и телевизија

уреди

Русија била меѓу првите земји во светот кои го вовеле радиото и телевизијата. Во текот на советската ера во Русија имало само неколку канали кои биле прикажувани преку овие два медиума. Но изминативе две децении се отвориле голем број на државни и приватни медиуми. Глас руски (руски: Голос России) е едно од најстарите радија во земјата. Најпознати телевизии се: Првиот канал (руски: Первый канал) кој опфаќа 98% од целата руска територија, Русија 1 (руски: Россия 1), ТВ Центар (руски: ТВ Центр) итн.

Традиции

уреди

Кујна

уреди

Во руската кујна најмногу се користи риба, живинарство, печурки, бобинки, и мед. Од културните се користи 'рж, пченица, јачмен, и просо. Црниот леб релативно е повеќе популарен во Русија, во споредба со остатокот од светот. Како најпознати јадења се: руска салата, пелмени, шишови, винегрет итн.

Празници

уреди
 
Дедо Мраз.
 
Ден на победата над фашизмот, парада низ Москва.

Во Руската федерација, денес има осум државни празници. Нова Година е првиот празник според календарот. Новогодишните празници заедно со големиот христијански празник Божик се одбележува традиционално како и во останатиот свет во Западна Европа преку поставување новогодишна елка и поклонување на подароци. Православниот Божик се прославува на 7 јануари според јулијанскиот календар. Освен Божик, христијански празници се и Велигден и Света Недела, кои се празнуваат во денот недела.

Други државни празници се: Денот на одбрана на татковината (23 февруари), Меѓународниот ден на жената (8 март), Меѓународен ден на трудот (1 мај), Ден на победата над фашизмот (9 мај); Државен празник на Русија (12 јуни), Ден на народно единство (4 ноември).

Национални симболи

уреди

Грбот на Русија претставува црвен штит, на кој се наоѓа двоглав орел поврзани со круна, а помеѓу нив уште една круна на Петар Велики. Црвената боја го означува Големината на Русија. Грбот бил изработен во времето на Руската Империја. По распаѓањето на СССР, грбот повторно бил вратен како државен симбол.

Државното знаме на Руската федерација претставува правоаголник со три бои, од кој најгорната е бела, средната е сина и најдолната е црвена. Односот помеѓу ширината и должината е 2:3.

Химната на Руската Федерација (руски: Государственный гимн Российской Федерации) е државната химна на Русија. Верзија е на државната химна на Советскиот Сојуз од 1944, компонирана од Александар Александров. Текстот е променет за Руската Федерација од Сергеј Михалков, кој го напишал текстот и за верзии на советската химна во 1943 и 1977. Промената никаде не ги споменува идеите на Владимир Ленин и „нескршливиот сојуз“ на Советската држава, а наместо тоа се задржува на земјата којашто е огромна и богата во ресурси. Химната е ставена во употреба од доцната 2000 од претседателот Владимир Путин и ја заменила „Патриотската песна“, којашто била официјалната химна од 1990. Пред и по донесувањето на новата химна, либерални групи развиле грижи дека враќањето на советската химна ја враќа Русија во советската ера. Музиката на државната химна, напишана од Александар Александров.

Туризам

уреди

Туризмот во Русија бележи раст по крајот на советската ера. Денеска, земјата располага со едни од најголемите туристички одредишта на светот. Русија има 24 објекти кои се вклучени во списокот на светско и културно наследство на УНЕСКО, какао и многу кои чекаат да бидат вклучени.[35]

Најголеми и најпопуларни туристички одредишта во Русија се градовите Москва и Санкт Петербург, како поранешни престолнини на големи империи и големи клултурни центри во светот. Најпознати атракции во туризмот се Третјаковската галерија и Ермитаж, црквите Свети Василиј, Исус Христос Спасителот и Свети Исак, Црвениот плоштад, Палас плоштад и многу други.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Russia“. Encyclopedia Britannica. Посетено на 2008-01-31.
  2. 2,0 2,1 Microsoft Encarta Online Encyclopedia 2007. „Russian Literature“. Архивирано од изворникот на 2009-08-20. Посетено на 2008-01-07.
  3. 3,0 3,1 „Russia::Music“. Encyclopædia Britannica. Посетено на 2009-10-05.
  4. „A Tale of Two Operas“. Petersburg City. Посетено на 2008-01-11.
  5. Garafola, L (1989). Diaghilev's Ballets Russes. Oxford University Press. стр. 576. ISBN 0195057015.
  6. „Russia:Motion pictures“. Encyclopædia Britannica. 2007. Посетено на 2007-12-27.
  7. excerpted from Glenn E. Curtis (ed.) (1998). „Russia: A Country Study: Kievan Rus' and Mongol Periods“. Washington, DC: Federal Research Division of the Library of Congress. Архивирано од изворникот на 2007-09-27. Посетено на 2007-07-20.CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
  8. „Russian Census of 2002“. 4.3. Population by nationalities and knowledge of Russian; 4.4. Spreading of knowledge of languages (except Russian). Federal State Statistics Service. Архивирано од изворникот на 2020-06-22. Посетено на 2008-01-16.
  9. „The Constitution of the Russian Federation“. (Article 68, §2). Посетено на 2007-12-27.
  10. „Russian“. University of Toronto. Архивирано од изворникот на 2007-01-06. Посетено на 2007-12-27.
  11. Microsoft Encarta Online Encyclopedia 2007. „Russian language“. Архивирано од изворникот на 2007-12-16. Посетено на 2007-12-27.
  12. „Russian language course“. Russian Language Centre, Moscow State University. Архивирано од изворникот на 2016-02-05. Посетено на 2007-12-27.
  13. „Russian literature“. Encyclopedia Britannica. Посетено на 2008-04-11. Dostoyevsky, who is generally regarded as one of the supreme psychologists in world literature, sought to demonstrate the compatibility of Christianity with the deepest truths of the psyche.
  14. Kelly, C (2001). Russian Literature: A Very Short Introduction (Very Short Introductions) (Paperback). Oxford Paperbacks. ISBN 0192801449.
  15. „Russian literature; Leo Tolstoy“. Encyclopedia Britannica. Посетено на 2008-04-11.
  16. Otto Friedrich. „Freaking-Out with Fyodor“. Time Magazine. Архивирано од изворникот на 2012-11-03. Посетено на 2008-04-10.
  17. Russian Art and Architecture
  18. Bell, Imogen. „Eastern Europe, Russia and Central Asia“. Посетено на 2007-12-27.
  19. „Religion In Russia“. Embassy of the Russian Federation. Посетено на 2007-12-27.
  20. (руски)[[Категорија:Статии со надворешни врски на руски]]Сведения о религиозных организациях, зарегистрированных в Российской Федерации По данным Федеральной регистрационной службы“. December 2006. Архивирано од изворникот на 2009-03-25. Посетено на 2007-12-27. URL–wikilink conflict (help)
  21. 21,0 21,1 21,2 Microsoft Encarta Online Encyclopedia 2007. „Russia“. Архивирано од изворникот на 2008-01-09. Посетено на 2007-12-27.
  22. „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2011-08-11. Посетено на 2010-02-21.
  23. Russia
  24. 24,0 24,1 „Опубликована подробная сравнительная статистика религиозности в России и Польше“. religare.ru. 6 June 2007. Архивирано од изворникот на 2018-12-25. Посетено на 2007-12-27.
  25. „Fact Box: Muslims In Russia“. Radio Free Europe. Архивирано од изворникот на 2008-03-04. Посетено на 2007-12-27.
  26. Page, Jeremy. „The rise of Russian Muslims worries Orthodox Church“. The Times. Архивирано од изворникот на 2011-08-11. Посетено на 2007-12-27.
  27. http://www.danielpipes.org/blog/2005/08/predicting-a-majority-muslim-russia.html
  28. „Russia's Islamic rebirth adds tension“. Financial Times. Архивирано од изворникот на 2007-11-21. Посетено на 2007-12-27.
  29. Mainville, Michael (19 ноември 2006). „Russia has a Muslim dilemma“. Page A - 17. San Francisco Chronicle. Архивирано од изворникот на 2012-05-13. Посетено на 2007-12-27.
  30. Nettleton, Steve. „Prayers for Ivolginsky“. CNN. Архивирано од изворникот на 2001-11-22. Посетено на 2007-12-27.
  31. Russian chechotka Архивирано на 27 август 2011 г. (руски)
  32. Norris, Gregory; ed. Stanley, Sadie (1980). The New Grove Dictionary of Music and Musicians, 2nd edition. London: MacMillian. стр. 707. ISBN 0333231112.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  33. http://www.sekojden.com.mk/pdf/130.pdf[мртва врска]
  34. IIHF Centennial All-Star Team
  35. Tentative Lists

Надворешни врски

уреди