Вјачеслав Николајевич Иванов (рус. Вячеслав Николаевич Иванов; Москва, СССР, 30 јули 1938 година — 5 август 2024) е поранешен советски веслач, кој има освоено три последователти медаљи на Олимписките игри под знамињата на Советскиот Сојуз.

Вјачеслав Иванов во 1964 година

Иванов е првиот веслач кој успеал трипати по ред да победи на Игрите во скиф, дисциплина која често покрај дисциплината осмерец се смета за најелитна дисциплина во веслањето.[1] Тој подвик досега во историјата на Олимписките игриго повторил само Финскиот веслач Перти Карпинен

Освен на Олимписките игри Иванов имал и низа други успеси: бил светски првак, европски првак и прв веслач кој во скиф успеал да ја пробие границата од 7 минути на олимписка делница од 2000 метри.

Иванов посебно се истакнувал со тактичкиот пристап кон трките, бидејќи после стартот практикувал помирен ритам на веслање и ја штедел силата за убиствени финиши со кои ги уништувал противниците. Неговиот тактички пристап кон трките и денеска е дел од подготовките на врвните скифисти.

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. „www.sports-reference.com“. Архивирано од изворникот на 2020-04-17. Посетено на 2018-02-22.