Пелмени (руски:пельмени - множина, пельмень - еднина) се тестенини полнети со сос завиткан во тенко безквасно тесто, кои се руско национално јадење и водат потекло од Урал.

Пелмени

Пелмените имаат слични имиња и на други јазици: белоруски -пяльмені, татарски - пилмән(нәр), украински-пельмені, латвиски - pelmeņi, естонски - pelmeenid, азербејџански - düşbərə, и сл.

Состојки

уреди

Тестото се прави од брашно и вода, а понекогаш додавајќи и јајца. Сосот може да биде мелено месо (свинско, јагнешко, телешко или друг вид на месо), риба или печурки. Мешањето на повеќе видови месо заедно е исто така популарно. Традиционалниот Удмуртски рецепт бара мешавина од 45% телешко, 35% овчо и 20% свинско месо. Пелмените во Перм (западно од Урал) често се полнети со печурки, кромид, репки или сува зелка место месо. Различни зачини како црн пипер и кромид се мешани во сосот.[1]

 
Fried pelmeni with sour cream, as served in Latvia.

Потекло и историја

уреди

Зборот пелмени е оформен од пельнянь - буквално ”уво-леб” од староседелни Коми јазик. Нејасно е кога пелмените влегле во кујните на домашните Сибирски народи и кога првпат се појавиле во Руската кујна. Една теорија објаснува дека пелмените или општо, полнети сварени тестенини, потекнуваат од Кина (објаснувајќи ја употребата на зачини како црниот пипер кои не се специфични за Русија и морале да бидат увезувани) и биле пренесени од страна на Монголците во Сибир и Урал од кај што постепено се прошириле надалеку во Источна Европа. Пелмените биле највеќе посакувани од страна на ловџиите кои барале ниско - калорична, лесна за припрема, заситувачка храна која можеле да ја носат со нив како замрзната за долгите патувања во зима. Pilmän (Татарскиот еквивалент на пелмени) се традиционално јадење во Татарската кујна кај што отсекогаш биле служени со чиста супа.[2]

Разлики

уреди

Пелмените припаѓаат на фамилијата тестенини и се тесно поврзани со Украинските вареники и Полските пиероги. Во САД и Канада, поимот пиероги или перогис е често користен за опишување на сите видови Источно Европски тестенини независно од формата, големината, сосот. Пелмените се исто така слични со Кинеските џиаози. Роднини се со Турските и Казакските манти, Непалските и Тибетските момо и Узбечките чучвари. Главната разлика меѓу пелмени и момо е нивната големина - типичен пелмен е околу 2 -3цм во пречник, додека момо се најчесто дупло од таа големина. Најбитната разлика меѓу пелмените, варениките, пиерогиите е дебелината на кората од тестото - во пелмените таа е најтенка, па затоа често имаат повеќе сос. Пелмените не се служат со благ сос што ги разликува од Украинските варенки или Полските пиероги кои некогаш се благи. Исто така, сосовите во пелмените се честопати не сварени за разлика од варениките и пиерогите коишто најчесто имаат сварен сос. Пелмените можат да бидат чувани замрзнати на подолг период со многу мала загуба во квалитетот или вкусот, а водата во која се варени може да се користи за правење супа.[3]

Регионални разлики

уреди

Во Сибир, пелмените се традиционално замрзнати чувани надвор за време зимата и се третираат како конзервирана храна. Ловците или истражувачите кои патуваат низ тајгата земаат со себе ранци со смрзнати пелмени како дел од лесно сварливите, не-испарувачки залихи. Пелмените можат да бидат смрзнати на подолг период, а се приготвуваат одма, варејќи ги во зовриена посолена вода сè додека не почнат да излегуваат на површината, оставајќи ги така 2-5минути. Регионални разлики постојат во варењето на пелмените. Во Урал тие се секогаш варени во вода, додека во Сибир, варени се во солена вода или понекогаш во пилешки бујон. Сварените пелмени се служат самостојно или прелиени со стопен путер или павлака. Сенф, Рен, доматен сос и оцет се исто така употребувани. Некои рецепти советуваат пелмените откако ќе се сварат да се испечат додека не добијат златно-кафеава боја. Пелмените можат да бидат служени во бистра супа, иако во Сибир, таквиот начин се смета за лош вкус и при служење на пелмените внимателно се сугерира начинот на конзумација.

 
Preparation of pelmeni

Во смрзнато пакување, пелмените можат да се најдат во руски и украински продавници за храна како и насекаде кај што постојат руски заедници. Кутиите со замрзнати пелмени најчесто се етикетирани како “Сибирски пелмени” поради Сибирската практита за чување и транспорт во замрзната состојба. Најголема количина индрустриски пелмени кои се продаваат по продавниците се произведуваат од страна на Италијански компании како Ариенти и Катанео, Има, Остони, Замбони и сл. Овие пелмени најчесто тежат околу 15гр секојa и изгледаат како поголема верзија на тортелини, pa и затоа за нивното производство најчесто се користат италијанските фабрики за тестенини. Пелмените по обичај се приготвуваат и дома. Најлесниот(навидум макотрпен) начин е едноставно, рачно; многу готвачи користат специјални “калапи за пелмени”, кои се во суштина обликувачи кои личат на тавчиња за мафини или калапи за равиоли, дозволувајќи им, брзо да направат неколку дузини пелмени со користење на 2 маси - должини тесто и количество мелено месо.

Во модерното Руско и Украинско живеење, од продавница купените пелмени се рачунаат како вид на брза храна која се поврзува со студентскиот или ергенскиот начин на живеење, многу слично како и инстант раменот и др.[4]

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди