Хеви-метал музика

(Пренасочено од Хеви метал)
Оваа страница се однесува на метал музиката. За друго значење видете метал (појаснување).
Хеви-метал
Стилско потекло: Психоделичен рок, блуз, хард-рок, класична музика
Културно потекло: Доцни 60-ти, Велика Британија и САД
Типични инструменти: Електрична гитара - Бас - Тапани
Мејнстрим популарност: Екстензивно следен од голем број на обожаватели низ светот
Поджанрови
Авандгарден метал - Блек-метал - Класичен метал - Дет-метал - Дум-метал - Глам-метал - Готски метал - Грув-метал - Неокласичен метал - Пауер-метал - Прогресивен метал - Спид-метал - Треш-метал - Фолк-метал
Фузиски жанрови
Алтернативен метал - Викиншки метал - Грајндкор - Индустриски метал - Металкор - Деткор - Ну-метал - Симфониски метал - Стоунер-метал - Фанк-метал - Христијански метал
Регионални сцени
Гетебург - Британија - Област на заливот - Флорида
Други теми
Мода - Историја - Групи - Умлаут - Бласт-бит

Хеви-метал музика (англиски: heavy metal) — жанр на рок-музиката кој се појавил како дефиниран музички стил во 70-тите години на XX век, со корени од хард-рок бендовите кои, помеѓу 1967 и 1974, ги мешале блузот и рокенролот за да создадат хибрид со дебел и тежок звук, заснован воглавно на гитари и тапани, карактеризиран од употребата на високозасилена дисторзија. Од хеви-металот подоцна еволуирале голем број на поджанрови, кои едноставно се нарекуваат „метал“. Како резултат на тоа, поимот „хеви-метал“ има две различни значења: прво, целиот жанр со сите негови поджанрови; второ, оригиналната хеви-метал музика од 1970-тите, која понекогаш се нарекува „традиционален метал“ (на пример „Дип парпл“, „Лед зепелин“ и Блек сабат.

Дејв Мари и Јаник Герс од групата Ајрон мејден.

Хеви-металот започнал да се здобива со популарност во 1970-тите и во 1980-тите. Тој има голем број на следбеници во целиот свет, кај нас познати како „металци“, а во англофонските земји тие се познати како „метални глави“ (англиски: Metalheads) и „удирачи на главите“ (англиски: Headbangers).

Особености

уреди

Хеви-металот се одликува како звук во кој доминираат гитара ,тапани, силни ритми и класични, блузерски или пак симфонични примеси. Во секој случај, поджанровите на хеви-металот имаат свои стилски варијации во однос на оригиналната форма од која често отстапуваат. Според Allmusic.com, „од бесконечно многуте форми на рокенролот, хеви-металот е најекстремната во смисла на гласност, мачоменство и театралност.“[1]

Инструментација

уреди

Стандардна постава на метал група е тапанар, басист, ритам гитарист, соло гитарист, и пејач (кој може, но не мора, да биде инструменталист). Клавијатурните инструменти биле популарни кај раните хеви-метал групи (особено органите и понекогаш мелотронот), но постепено се користеле сè помалку и помалку. Денес, тие се користат во определени стилови, но се отфрлаат од други, иако со развојот на разните поджанрови тие стануваат сè попопуларни. Сепак, гитарата е најчесто клучниот елемент во хеви-метал музиката. Дисторзијата на гитарскиот звук се користи со цел да се создаде помоќен, „тежок“ звук. Подоцна, посложените сола и рифови станале препознатлив дел на хеви-метал музиката. Гитаристите користат голем број на техники за брзо свирење, и многу поджанрови претпочитаат виртуозност наместо едноставност. Исто така, како што се развива технологијата, се присвојуваат нови начини за модифицирање на гитарскиот звук.

Вокалите во метал-музиката варираат во голема мера во зависност на стилот. Способностите на вокалистите и стиловите имаат домет од мулти-октавните оперски вокали на Роб Халфорд од Judas Priest и Брус Дикинсон од Iron Maiden, до намерно рапавите вокали на Леми Килмистер од „Моторхед“ и грчењата на Џорџ „дробачот на трупови“ Фишер од „Cannibal Corpse“.

Во однос на живиот звук, гласноста често се смета за поважна од сè. Следејќи ги Џими Хендрикс и The Who (кои во минатото важеле за „најгласната група на светот“ во Гинисов книга на светски рекорди), раните хеви-метал групи поставувале нови граници за гласноста за време на настапите. Тони Ајми, гитаристот на „Блек Сабат“, е само еден од раните хеви-метал музичари кои страдаат од значителен губиток на слухот поради нивната бучава за време на концертите, а детроитскиот рокер Тед Нугент и гитаристот Пит Таунсенд од „Ху“ се речиси глуви. Фиксацијата на гласноста во хеви-металот била исмејувана во рокументарецот This Is Spinal Tap на гитаристот „Најџел Тафнел“, кој открил дека неговите засилувачи Marshall биле изменети да одат „сè до единаесет“ (засилувачите имаат нивоа од еден до десет).

Во доцните 1970-ти, употребата на идентични соло гитари била популаризирана најпрво од Thin Lizzy и потоа од Judas Priest. Уаји употребата на две гитари претходно била воведена од групи како Wishbone Ash, Scorpions и AC/DC, Thin Lizzy биле првите кои го инкорпорирале двојното соло како витален дел на нивниот звук додека пак Judas Priest го инкорпорирале двојниот ритам како нивен. Наскоро, многу групи го следеле овој шаблон, како „Iron Maiden“, кои го развиле концептот на „гитарска хармонија“ - со два гитаристи кои ја делат улогата на соло и ритам гитарист.

Тематика

уреди

Како и во голем дел од популарната музика, така и во хеви-металот сликите и визуализациите се важен дел. Омотите на албумите и сценските настапи се голем дел од презентацијата на материјали како самата музика, иако ретко ја надминуваат музиката во однос на приоритет. Така, преку хеви-металот, многу уметници соработуваат за да создадат мени на искуства во секое дело-нудејќи ѝ поширок спектар на искуства на публиката. Во однос на ова, хеви-металот станова можеби поразновидна форма на уметност отколку било која единствена форма доминирана од едем метод на изразување. Додека некоја слика се изразува визуелно, симфонија звучно, „имиџот“ и темата која ја поврзува сета музика на една хеви-метал група се изразени во изгледот на омотот на албумот, сетот на бина, тонот на текстот и алиштата на групата, како додаток на нивната музика.

Рок историчарите сметаат дека влијанието на западната поп-музика му ја дава на хеви-металот својата -бегство-од-реалноста- фантастична страна, како бегство од реалноста преку несекојдневни текстови,додека афроамериканскиот блуз му ја дава на металот страната на голата реалност, фокусирајќи се на загуба, депресија и осаменост[се бара извор].

Доколку ауралните и тематските компоненти на хеви-металот се предоминантна реалност под влијание на блузот, тогаш визуалните компоненти се фантазија под влијание на поп-музиката. Темите на темнината, злото, моќта и апокалипсата се јазични компоненти за обраќање кон реалноста на проблемите на животот. Како реакција кон „мир и љубов“ (англиски: peace and love) хипи-културата од 1960-тите, хеви-металот се развил како контракултура, каде што светлината се заменува со темнината и среќниот крај на попот се заменува со голата реалноста дека нештата не испаѓаат секогаш како што треба на овој свет. Додека некои обожаватели тврдат тека медиумот на темнината не е пораката, критичарите го обвинуваат жанрот за величење на негативните аспекти на реалноста.

Темите во хеви-металот типично се посериозни отколку генерално ведрите теми во поп-музиката од 1950-тите, 1960-тите и 1970-тите,фокусирајќи се на војната, јадрените катастрофи , темите поврзани со екологијата и политичката или религиозна пропаганда. „War Pigs“ на Black Sabbath, „Killer of Giants“ на Ози Озборн, „...And Justice for All“ на MetallicA (како и нивната „Disposable Heroes“) и „2 Minutes to Midnight“ на Iron Maiden се примери за придонес кон дискусијата за фактичката ситуација. Коментарот често има тенденција да стане преупростен поради тоа што поетскиот речник на металот се занимава воглавно со дихотомии на светлината против темнината, надежта против очајот или пак доброто против лошото, не оставајќи многу простор за сложените нијанси на сиво.

Класични влијанија

уреди

Присвојувањето на „класичната“ музика од страна на хеви-металот типично ги вклучува влијанијата на барокните, романтистичките и модернистичките композитори како Бах, Паганини, Вагнер и Бетовен. Иако Ричи Блекмор, гитаристот на Deep Purple/Rainbow експериментирал со музички фигури позајмени од класичната музика уште од 1970-тите; следејќи го Ричи Блекмор, Ренди Роудс и Ули Јон Рот, „класичното“ влијание во метал гитарата за време на 1980-тите го барало својот модел на брзина и техника во раниот 18 век; забележително, класично-инспирираниот гитарист Ингви Малмстин, чијшто технички квалитет инспирирал мириада на неокласицистички гитаристи како Мајкл Ромео, Мајкл Анџело Батио и Тони МекАлпин. [1] Архивирано на 19 ноември 2002 г..

Неколку музички експерти и метал музичари имаат забележано дека улогата на тритонот во хеви-металот,[2] дисонантен интервал кој се состои од кореновата нота и аугментираначетврта/намалена петта, на пр. C и F повишено, кои резултираат со „тежок“, „злобен“ звук, до таа мера што неговата употреба била наводно забранета во средновековните композиции како „Diabolus in Musica“ („ѓаволот во музиката“). Евокативниот тритон бил користен во романтичарските композитори и потекнува од блуз скалата (спротивно на пентатонската скала), дел од наследството на метал музиката и темел на нејзините сола и рифови, на пр. почетокот на исто епонимната песна од Black Sabbath.

Доцната барокна ера на западната уметничка музика била исто така често толкувана низ готски објектив. На пример, „Mr. Crowley“, (1981) од Ози Озборн и гитаристот Ренди Роудс, користи и синтетизер сличен на органа и барокни гитарски сола со цел да создаде определена атмосфера за текстот на Озборн во врска со окултистот Алистер Краули. За воведот во „Diary of a Madman“ од 1982, Роудс позајмувал во голема мера од „етидата #6“ на кубанскиот композитор за класична гитара Лео Броувер. Како и многу други метал гитаристи во 1980-тите, Роудс сериозно се зафатил со „ученото“ проучување на музичка теорија и помогнал да се зацврсти малата индустрија на магазини за гитарска педагогија (вклучувајќи го и Guitar for the Practicing Musician) којшто израснал за време на декадата. Но во повеќето случаи, метал музичарите кои ја позајмувале техниката и реториката на уметничката музика не се обидувале да „бидат“ класични музичари.

Енциклопедијата Encarta изјавува дека „кога текстот бил поврзан со музиката, Бах можел да напише музички еквиваленти на вербалните идеи“, и прогресивните рок групи како Emerson, Lake & Palmer и Yes веќе ја имале проучено оваа динамика пред еволуцијата на хеви-металот. Како што хеви-металот користи апокалиптична тематика и претстави за моќта и темнината, способноста успешно да се преведат вербалните идеи во музиката често се смета за критична во нејзината автентичност и кредибилитет[се бара извор]. Пример за ова е албумот Powerslave на Iron Maiden[се бара извор]. Омотот е од драматична египетска сцена и многу од песните на албумот имаат звук кој асоцира на живот и смрт, вклучувајќи и песна насловена „The Rime of the Ancient Mariner“ (македонски: Мразот на античкиот морнар), заснован на поемата од Самуел Тејлор Колериџ. Стив Харис, басистот на Iron Maiden ги споменува прогресивните рок групи[3] како Rush и Yes за влијанија, и треба да се забележи дека албумот на Rush од 1977 A Farewell to Kings ја вклучува дванаесет-минутната „Xanadu“, исто така инспирирана од Колериџ и датира неколку години пред композицијата на Iron Maiden.

Поврзани стилови

уреди

Хард рокот, споменат претходно, е блиско поврзан со хеви-металот (и често термините се мешаат при нивната употреба), но не секогаш се совпаѓа со описот на она што пуристите сметаат дека е дефиниција за хеви-метал. Во природа одбележан со гитари и гитарски рифови, тематиката и изведувањето се разликуваат од тие на поголемите хеви-метал групи листани погоре во оваа статија. Ова е можеби најдобро претставено од The Who во доцните 1960-ти и рани 1970-ти, како и други групи од 1970-тите и 1980-тите, како Queen, кои имале големо внимание на хеви-метал музиката, AC/DC, Aerosmith, KISS, Thin Lizzy и Scorpions.

Глам рок, краткотрајна ера во раните 1970-ти, се потпирала во главно на тешки, крцкави гитари, песни во стил на химни и театрални слики. T. Rex, Дејвид Боуви (особено во неговата инкарнација како Ziggy Stardust) и Alice Cooper се помеѓу најпопуларните стандардни примери на овој поджанр.

Имало некои измешани влијанија помеѓу панк рокот, хардкор панкот и хеви-металот. Еден пример е Motörhead; водачот на групата Леми, поминал извесно време во панк групата The Damned и се обидел да го научи Сид Вишс да свири бас гитара.

Алтернативниот рок, особено гранџот, понекогаш прима влијанија од хеви-металот. Некои гранџ групи како Soundgarden и Alice in Chains биле продавани на пазарот како метал пред алтернативната музика да стане комерцијална сила.

Поврзано

уреди

Литература

уреди

Извори

уреди
  1. Allmusic.com
  2. Дан, Сем (2005). Metal: A Headbanger's Journey Архивирано на 7 август 2018 г.. Warner Home Video (2006).
  3. Видете на allmusic.com

Надворешни врски

уреди