Руски балет
Руски балет — танц што потекнува од францускиот двор. Подоцна се развил во Русија како посебен вид концертен танц. Поради својата техничка сложеност и естетска вредност, балетот се смета за најпрестижен облик на танц прифатен ширум светот. Првиот настап се одржал на дворот на царот Алексеј Михајлович (руски: Алексея Михайлович) на Преображение, 17 февруари 1672 година.[1]
Балетските претстави се кореографски игри кои вклучуваат мимика со музика.
Зборот „балет“ е изведен од латинскиот збор „ballare“, што значи танц.
Историја
уредиБалетот е облик на танцова изведба која потекнува од ренесансата во 15 век. Оттогаш, тој станал широко распространет како танцов облик со „сопствен речник“. Ги определува основните техники што се користат во многу други жанрови на игри. Од неговото создавање до денес, има многу стилски варијации. Раните варијации биле главно поврзани со географското потекло. Варијациите вклучуваат современ и неокласичен балет.
Најпознатиот балетски стил е создаден подоцна како романтичен балет. Претставува стил што се сосредоточува на танчерките (балерините) и ја нагласува техниката точка, точноста и прецизноста на акробатските движења.
Балетот се состои од кореографија изведена од обучени уметници. Се изведува во придружба на класична музика. Модерните балети може да вклучуваат мимика и глума. Се изведува во театри и концертни сали.
Развој на балетот
уредиПрвото руско балетско училиште било отворено во 1732 година во Зимскиот дворец во Петроград, денешен Санкт Петербург.
Францускиот балет-мајстор, Жан Батист (франц. Jean-Baptiste Landé), бил основач на првото руско балетско училиште - „Танцова школа Империјал“, наменето за млади руски танчери.[2]
Првите ученици биле дванаесет момчиња и дванаесет девојчиња. Целта на училиштето била да се образува првата професионална танцова група во Русија. Училиштето станало познато како „Царско балетско училиште“ кое било непосреден претходник на денешниот „Марински балет“. По револуцијата било затворено, но подоцна било обновено и денес е познато под познатото име „Марински балет“. Од ова училиште произлегле некои од најголемите балетски уметници од крајот на 18 и 19 век.
Балетот во 18 век
уредиКога во 1738 година царската престолнина се преселила од Москва во Санкт Петербург, на предлог на Жан-Батист, ќерката на Петар Велики, Елизабета, со указ основала балетска школа во Санкт Петербург. Училиштето било основа на идното балетско училиште во 1738 година. Училиштето и денес постои под името Багнелова академија.[3]
За време на владеењето на Катерина II, балетот во Русија се здобил со голема популарност и продолжил да се развива. По повод нејзиното крунисување во Москва, се одржал луксузен настап во дворец на која присуствувале благородници.
Жените носеле розови трикоа, шилести балетанки и кратки тутуа без оглед на епохата или местото на дејствијата.
Балетот во 19 век
уредиЗа време на владеењето на Александар I, рускиот балет го продолжил својот развој. За неговиот развој во ова време заслужен е познатиот француски кореограф Шарл Дидло (франц. Charles-Frédéric-Louis Didelot), кој дошол во Русија во 1801 година. Под негово водство, во рускиот балет се издвоиле познати танчери како Марија Данилова (руски: Мари́я Ива́новна Дани́лова), Истомина Евдокија (руски: Авдо́тья (Евдоки́я) Ильи́нична Исто́мина), Анастасија Лихутина (руски: Анастаси́я Андре́евна Лиху́тина), Николај Голц (руски: Николай Осипович Гольц), Екатерина Телешева (руски: Екатери́на Алекса́ндровна Телешева) и Вера Зубова (руски: Ве́ра Андре́евна Зу́бова).
За време на владеењето на Николај I, рускиот балет продолжил да напредува и одржувал доминантна положба во однос на другите видови уметност. Балетот го привлекол целокупното внимание на театарското раководство.
Царот го сакал балетот и речиси никогаш не пропуштал балетски претстави. Поради судир со директорот на театарот, во 1831 година, принцот Гагарин (руски: Сергей Сергеевич Гагарин) ја напуштил сцената во Санкт Петербург. Неговото заминување имало силно влијание врз положбата на балетот во Русија.
Новата талентирана европска балерина, Марија Таљони (итал. Maria Taglioni) дебитирала на 6 септември 1837 година во балетот „Силфида“ со кој го предизвикала восхитот на јавноста. Настапила повеќе од 200 пати, го напуштила Петроград во 1841 година.
Во Санкт Петербург во 1848 година на сцената дошла Фани Елслер (германски: Fanny Elßler), позната по својата милост и мимика.
По нејзината посета на Санкт Петербург, на сцената стапила Карлота Гриси (итал. Carlotta Grisi), италијанска балерина. Својот најголем успех го постигнала во 1851 година во „Жизел“, покажувајќи се како првокласна танчерка и глумица.[4] За време на владеењето на Александар II, дошло до пробив на домашните таленти во рускиот балет. Голем број талентирани руски танчери ја краселе балетската сцена. На успехот значително придонеле одличните сценографи и сликари како Михаил Бочаров (руски: Михаил Ильич Бочаров), Матвеј Шишков (руски: Матвей Андреевич Шишков) и Антони Вагнер (руски: Антония Вагнер).
Балетот во 20 век
уредиНа почетокот на 20 век чувари на традицијата на академските уметници биле: Олга Преображенска (руски: О́льга Ио́сифовна Преображе́нская), Матилда Кшешинска (руски: Мати́льда Фе́ликсовна Кшеси́нская), Вера Седова (руски: Юлия Николаевна Седова), Агрипина Ваганова (руски: Агриппи́на Я́ковлевна Вага́нова), Марија Кожухова (руски: Мари́я Алексе́евна Кожухо́ва) и Олга Спесивцвева (руски: О́льга Алекса́ндровна Спеси́вцева).
Во потрага по нови облици, делата на Михаил Фокин (руски: Михаи́л Миха́йлович Фо́кин) се засноваат на стремежот кон современата уметност. Омилен облик на театарскиот кореограф бил чинот на балерина со јасно изразена стилска боја.
Првиот чин на балетот „Дон Кихот“, музика на Лудвиг Минкус, води до современата верзија на Александар Горски (руски: Алекса́ндр Алексе́евич Го́рский), во 1900 година.
Бољшој балет
уредиБољшој балетот е меѓународно призната класична балетска компанија со седиште во Бољшој театарот во Москва, Русија. Основан во 1776 година, бил меѓу најстарите балетски училишта во светот. Добил меѓународно признание на почетокот на 20 век, кога Москва станала главен град на Русија.
Почетоците на Бољшој балетот биле многу скромни. И покрај фактот што во него настапувале многу познати балерини, се борел со угледот на Царскиот руски балет, денешниот „Марински балет“[5] во Санкт Петербург. Од назначувањето на Александар Горски за балет-мајстор во 1900 година, училиштето почнало да ја развива својата единственост.
Бољшој театарот бил затворен од 2005 до 2011 година, кога била извршена темелна обнова. Зградата била вратена на изгледот што го имала пред промените направени во советско време. Акустиката на салата била обновена, а расположливиот простор бил двојно зголемен со подземна доградба.
Марински балет
уредиМаринскиот балет е израз на класичниот балет. Бил основан во 18 век и првично бил познат како Царски руски балет.[6]
Го основала е од една од водечките светски балетски куќи во Маринскиот театар во Санкт Петербург, Русија.[7]
На меѓународно ниво, Маринскиот балет продолжува да биде познат по своето поранешно советско име Балет Киров.
Маринскиот балет е матична куќа на Балетската академија Ваганова, водечка меѓународна балетска школа.[8]
Балетски титули
уреди- Примабалерина асолута - (највисока титула за играч на класичен балет, неколкупати доделена во историјата на балетската уметност)
- Прима балерина - (жени)
- Првенец (балет) - (мажи)
- Солист - балетски уметник кој игра прва и втора улога во претстави или соло делови (нумери)
- Ансамбл (машки и женски) - балетани кои играат заеднички сцени, без поединечни делови[9]
Познати руски балети
уреди- Фараоновата ќерка (1862)
- Малиот грбав коњ (1864)
- Царот Кандавл (1868)
- Дон Кихот (1869)
- Бајадера (1877)
- Заспаната убавица (балет) (1890)
- Оревокршачка (1892)
- Будењето на Флора (1894)
- Лебедово езеро (1895)
- Рајмонда (1898)
- Арлекинада (1900)
- Жар-птица (1910)
- Ромео и Јулија (1940)
- Пепелашка (1945)
Наводи
уреди- ↑ „Енциклопедија — Историја руског балета“. Архивирано од изворникот на 13 септември 2011. Посетено на 21. 03. 2016. no-break space character во
|title=
во положба 14 (help); Проверете ги датумските вредности во:|accessdate=
(help) - ↑ „Балетска школа Империјал“. Архивирано од изворникот на 2 мај 2016. Посетено на 16 мај 2016.
- ↑ Вагнелова академија
- ↑ Балет у Русији
- ↑ Марински балет
- ↑ Империјал
- ↑ Марински театар
- ↑ Вагнелова академија
- ↑ Балетске титуле