Источнословенски јазици
Источнословенската група јазици се состои од три регионални подгрупи на словенските јазици кои се зборуваат во Источна Европа. Ова е групата со најголем број на говорници, која е многу побројна од западната и јужната група. Денешни источнословенски јазици се белорускиот, рускиот, украинскиот и русинскиот (зборуван во источна Словачка, југоисточна Полска, источна Унгарија и југозападна Украина, сметан од некои украински јазичари за дијалект на украинскиот).
Источнословенски јазици | |
---|---|
Географска распространетост: | Источна Европа |
Класификација: | Индоевропски
|
Гранки: |
Рутенски† (старобелоруски, староукраински)
|
Земји каде источнословенски јазик е национален |
Класификација:
- индоевропски јазици
- кентумски јазици
- балтословенски
- словенски јазици
- староруски јазик †
- староновгородски дијалект †
- владимирско-суздаљски дијалект †
- рутенски † (старобелоруски, староукраински)
- староруски јазик †
- словенски јазици
- балтословенски
- кентумски јазици
Моментален статус
уредиСите овие јазици денес се сметаат за посебни. Сѐ до XVII век било вообичаено белорускиот, украинскиот („малоруски“) и рускиот („големоруски“) да се сметаат за дијалекти на заедничкиот „руски“ јазик. И покрај огромната територија низ која живеат источните словени, нивните јазици се изненадувачки меѓусебно слични, со преодни дијалекти на границите. Сите ја користат кирилицата, но со свои промени и особености.
Историја
уредиТешко е да се одреди кога стариот источнословенски јазик (наречен „староруски“) се раздвоил од општиот прасловенски јазик (VI–XI век).
Историјата на источнословенските јазици е мошне чувствителна тема, бидејќи сите народи сакаат што подолга историја за сопствениот јазик. Затоа мораме да се направи круцијална разлика помеѓу историјата на дијалектите и историјата на книжевните јазици кои ги користеле источните словени . Иако во највеќето стари текстови може да се види дијалектот на авторот, тие исто така видно се труделе да пишуваат на јазик различен од нивните дијалекти и да одбегнуваат правење на грешки по кои ние денес ги лоцираме.
Во обата случаја мораме да запомниме дека историјата на источнословенските јазици е позната само преку пишани текстови, а не знаеме како авторите на тие текстови зборувале во секојдневниот говор, а да не стане збор за говорот на неписмените селани.
Влијание на црковнословенскиот јазик
уредиПо христијанизацијата на источните словени, црквата се користела со литургиска литература од Македонија, напишана на јужен „старомакедонски“, подоцна наречен старословенски јазик. Луѓето продолжиле да се служат со овој јазик, поточно со негова варијанта, локална „рецензија“ на т.н. црковнословенски јазик, но не само во богослужбата, туку и поопшто, како јазик на образованието и писменото општење. Ова оставило големи белези на ретките световни дела.
Низ средниот век (и на некој нечин до денес) постоело двојство, во кое црковнословенскиот се користел за „виши“ (верски и др.) цели, и народниот јазик за „нижи“, световни текстови. Оваа ситуација може да се претстави како диглосија, иако постојат пишани дела каде понекогаш е многу тешко да се одреди зошто авторот користел народен или врковнословенски јазик во даден контекст. Црковнословенскиот бил главен фактор за развојот на денешниот руски јазик, каде сѐ уште постои „висок слој“ на зборови, увезени од овој јазик.