Северозападен федерален округ
Северозападен федерален округ (руски: Северо-Западный федеральный округ) е еден од осумте федерални окрузи на Русија. Се состои од северниот дел на европска Русија. Населението брои 13,974,466 жители по пописот од 2002, а површината 1,677,900 км2. Моменталниот полномошен претставник на претседателот е Иљја Клебанов.
Составните делови со републики (кои уживаат голема автономија) се обележани со ѕвездичка:
- Архангелска област
- Калининградска Област (копнено неповрзана со остатокот од Русија - ексклава)
- Карелија*
- Коми*
- Ленинградска област
- Мурманска област
- Новгородска област
- Псковска област
- Федерален град Санкт Петербург
- Вологдска област
Надворешни врски
уреди- Портал: Федрален катастерски Центар на Русија -- Административни карти на Русија (легенди на руски) Архивирано на 2 април 2004 г.
- Информации (англиски)