Југендстил

(Пренасочено од Сецесија)

Југендстил (арт нуво, сецесија) — вообичаен назив за европскиот уметнички правец кој се појавил околу 1900 година.[1]

Насловната страница на магазинот Југенд од 1896 г. украсена со Art nouveau мотиви

Историјат

уреди

Наречен е според магазинот Jugend (германски: младост) кој првпат се појавил во 1896 г. во Минхен. Во Франција овој стил се нарекува Art nouveau, во САД - Style Liberty, а во Англија Modern style. Во Виена се зборува за сецесионистички стил, бидејќи, пред се, станува збор за антиакадемски став за сецесијата, кој го поттикнувал развојот на новото, модерно уметничко творештво.

Значење

уреди

Југендстилот како реформски стремеж бил насочен против историзмот, кој тогаш бил сметан како неискрен и застареан. Новиот стил ги опфаќал сите облици на ликовната и визуелната уметност, како што се сликарството, вајарството, графиката, применетите уметности, архитектурата, балетот, театарот итн.

Југендстилот бил во духовно сродство со движењата за реформирање на животот и другите стремежи кои го отфрлале граѓанскиот животен стил, како тесен и ограничувачки.

Меѓу најзначајните сликари на југендстилот се вбројуваат: Густав Климт, Егон Шиле, Фердинанд Ходлер, Џовани Сегантини, Едвард Мунк, Пјер Пиви де Шаван, Фернан Кнопф, Макс Клингер, Франц фон Штук и Хејнрих Фоглер.

Наводи

уреди