Староруски јазик
Старорускиот, староисточнословенскиот или познат уште и како стар источнословенски јазик (украински: давньоруська, руски: древнерусский) бил писмен јазик што се користел од 10 век па сè до 14 век од источните словени во државите од Источна Европа. Јазикот бил горе-долу зборуван на териториите на Русија, Украина и Белорусија па дури и во источните делови на Полска.
Староруски јазик | |
---|---|
Рус(ь)(с)кыи языкъ | |
Застапен во | Русија, Украина, Белорусија |
Подрачје | Источна Европа |
Изумрен | од него се формирале други словенски јазици |
Јазично семејство | индоевропско
|
Писмо | кирилица |
Јазични кодови | |
ISO 639-3 | – |
Бидејќи јазикот бил зборуван на три различни територии, тој има и уште две различни имиња:
- Старобелоруски (белоруски: старабеларуская или старажытнабеларуская мова)
- Староукраински (украински: староукраїнська или давньоукраїнська мова)
Јазикот настанал од старословенскиот јазик и презел поголем број од одликите на старословенскиот јазик. Главна одлика е тоа што имал целосна вокализација па така зборот гордъ на старословенски (македонски: град), во старорускиот јазик се среќава како городъ. Постоеле многу различни дијалекти кои се вклучиле во овој јазик и има записи на поголем број од нив. Денес пак, се прави само географска поделба на истите. Понатаму јазикот се развил во повеќе одделни јазици како што се: белорускиот, рускиот, украинскиот и русинскиот јазик.
Оваа статија поврзана со индоевропските јазици е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |