Отвори го главното мени

Голем Кремљски дворец

Големиот Кремљски дворец (руски: Большой Кремлевский дворец), е изграден во периодот од 1837 до 1851 год. во Москва, Русија, на местото на поседот на великите кнезови, основани во XIV век на Боровицскиот Рид[1]. Конструирана е од тим архитекти под водство на Константин Тон со намета да се потенцира величината на руската аристократија. Тон бил и архитектот на Арсеналот и црквата на Исус Христос Спасителот.

Голем Кремљски дворец
Большой Кремлёвский дворец
Grand Kremlin Palace, Moscow.jpg
Голем Кремљски дворец
Moscow Kremlin map - Grand Kremlin Palace.png
Местоположба на дворецот во Москва
Други називиГолем Кремљски дворец
Општи податоци
Координати55°45′0″N 37°36′57″E / 55.75000° СГШ; 37.61583° ИГД / 55.75000; 37.61583
Сегашни станариПретседател на Русија
Почната1837
Завршена1849
СопственикВлада на Русија
Проектирање и изградба
АрхитектКонстантин Тон
Големиот Кремљски дворец по ппознат по своите раскошни ентериери

Големиот Кремљски дворец порано била московската резиденција на царот. При изградбата морал да се сруши постојниот барокен дворец на местото, конструиран од Растрели, како и црквата Св. Јован Крстител, конструирана по нацрт на Алевиз Новиот на местото на најпрвата црква во Москва.

Тоновиот дворец е долг 125 м, а висок 47 м, со вкупна квадратура од 25,000 м². Во ова спаѓа и постариот Теремски дворец, девет цркви од XIV, XVI и XVIII век, Светиот вестибил и преку 700 соби. По план зградите во комплексот обликуваат квадрат со внатрешен двор. Главната зграда изгледа како да има три ката, но всушност има два - горниот кат има два реда прозорци. Западната зграда од дворецот има државни приемни сали и приватни одаи за царското семејство (слика).

Петте приемни сали (Георгиевска, Владимирска, Александрвоска, Андреевска и Екатеринска) се именувани по ордени на Руското царство: Георгиев, Владимиров, Александров, Андреев и Катеринин. Георгиевската сала (слика) денес се користи за државни и дипломатски приеми како и официјални церемонии. Во оваа сала се потпишуваат меѓународни договори (слика). Исто така таа води до Избршушената палата, Златната одаја на царицата, Теремскиот дворец, Зимскиот дворец, и Државниот Кремљски дворец. Александровската (слика) и Андреевската сала (слика) во советско време биле споени за состаници и конференции на Врховниот Совет на СССР; во 1990-тите биле раскошно реставрирани според Тоновите дизајни.

НаводиУреди

Надворешни врскиУреди