Музејот Ермитаж (рус. Государственный Эрмитаж) во Санкт Петербург, Русија е една од најголемите, најстарите и најважните уметнички галерии и музеи во човечката историја и култура. Неговите огромни збирки се изложени во шест згради, со тоа што главната зграда е Зимскиот дворец кој некогаш бил главна резиденција на руските цареви.

Ермитаж
Карта
Основан1764
МестоСанкт Петербург, Русија
Координати59°56′28″N 30°18′46″E / 59.941° СГШ; 30.3129° ИГД / 59.941; 30.3129
Посетеност2.426.203 (2009)[1]
  • I (во земјата)
  • XIII (во светот)
ДиректорМихаил Борисович Пјотровски
Мреж. местоwww.hermitagemuseum.org

Најзначајните одлики на Ермитажот се збирката на западна уметност со дела на Микеланџело Буонароти, Леонардо да Винчи, Петер Паул Рубенс, Антонис ван Дајк, Рембрант ван Рајн, Никола Пусен, Клод Лорен, Антоан Вато, Џовани Батиста Тјеполо, Каналето, Антонио Канова, Огист Роден, Клод Моне, Камил Писаро, Пјер Огист Реноар, Пол Сезан, Винсент ван Гог, Пол Гоген, Пабло Пикасо, и Анри Матиз. Збирките содржат многу повеќе од тоа - Руските империјални регалии, одличен асортиман на накит од златарот и филигранот Петар Карл Фаберже и вчудовидувачка збирка на антички златни предмети.

Потекло

уреди

Катерина Велика ја започнала збирката во 1764, кога набавила повеќе од 250 слики во Европа. Руски амбасадори во странските престолнини добиле задача да ги набават најдобрите уметнички дела на продажба во светот: Бриловата збирка во Саксонија, Кроцатовата во Франција и Волполовата галерија во Англија. Катерина ја нарекла оваа нова галерија мојот ермитаж, чии богатства можеле да ги видат само малкумина. Во едно од нејзините писма таа се пожалила дека „само глувците и јас можеме да му се восхитуваме на сето ова“. Истото име му го доделила и на нејзиниот приватен театар кој бил изграден во непосредна близина на дворецот во 1785.

Проширување во 19 век

уреди
 
Новиот Ермитаж бил специјално изграден за да ги смести големите збирки.

Постепено царските збирки се проширувале со реликвии од грчките и скитските култури, пронајдени за време на ископот на стари гробници во јужна Русија. Ова воедно ја започнало и најголемата збирка на античко злато во светот, во која денес се наоѓаат и поголемиот дел од тројанските блага откопани од Хајнрих Шлиман и конфискувани од берлинските музеи од Црвената армија во 1945.

За здомување на збирката на грчки, римски и египетски антиквитети која постојано растела, Николај I го најмил популарниот германски архитект Лео фон Кленце за да напраи зграда за веќе јавниот музеј. Ова е веројатно првата наменски изградена уметничка галерија во Источна Европа. Новиот Ермитаж, како што бил наречен, бил отворен за јавноста во 1852.

Додека руските цареви собирале големи количества на уметнички дела, неколку дела од Леонардо да Винчи, Јан ван Ејк, и Рафаел биле купени од Италија. Збирката на Рембрантови дела во Ермитаж се сметала за најголемата во светот; нејзиниот квалитет е сѐ уште ненадминат.

Променливост во 20 век

уреди
 
Портретна галерија на херои од војната во 1812

Империјалниот Ермитаж бил прогласен за јавно добро за време на Октомвриската револуција. Збирките уште повеќе се збогатиле со национализацијата на збирките во приватна сопственост. Особено интересен бил приливот на современа уметност од збирката на Сергеј Шукин и Иван Морозов. Меѓу останатото, во новостекнатите дела се вбројуваат подоцнежните дела на Гоген, многу кубистички дела од Пикасо и дела од огромно значење за современата уметност како Матизовиот Ла данс и Гоговото Ноќно кафуле.

Советската влада не обрнувала многу внимание на одржувањето на „буржојска“ уметност. Сталин наредил некои од драгоцените дела да се продадат во странство. Во овие спаѓаат неквалификувани ремек-дела како Рафаеловата Мадона Алба, Тицијановата Венера со огледало и Јан ван Ејковота Објава. Овие дела биле набавени од страна на Ендрју В. Мелон, кои денес ја содржат сржта на Назионалната уметничка галерија во Вашингтон, Ц.П.. Имало и други загуби, но помалку незаменливи: илјадници дела биле преместени од Ермитажот во Пушкинскиот музеј во Москва и други музеи ширум СССР.

 
Италијанскиот „просвет“ во Новиот Ермитаж.

Овој трагичен период во историјата на Ермитаж завршил во 1945. Сега владата компензирала за загубите со тоа што им ги придодавала на збирките сите дела од Германија конфискувани од Црвената армија за време на Втората светска војна. Најголемиот дел од тој плен биле импресионистички и постимпресионистички дела конфискувани од приватните збирки на германската деловна елита. Овие слики се семтале за изгубени сѐ до 1995 кога музејот ѝ ги разоткрил делата на јавноста. Руската влада смета дека ова е само мала компензација за уметничките загуби која Русија ги претрпела при германската инвазија, вклучувајќи го речиси целосното разурнување на Петерхоф и Царское Село. Освенб тоа, Државната дума донела закон за забрана на враќање на уметнички дела на германски државјани , во случај тие да биле виновни за финансирање на нацистичкиот режим.

21 век

уреди

Во последно време, Ермитаж се проширил цо зградата на Генералштабот од спротива на Зимскиот дворец и неговите управници лансирале неколку амбициозни проекти во странство, вклучувајќи го музејот Гугенхајм, Ермитажот во Лас Вегас, просториите на Ермитаж во Сомерсетската куќа во Лондон и Ермитаж Амстердам во поранешниот Амстелхоф во Амстердам.

Ермитаж е прикажан во филмот Руска арка, неверојатен фил без никаква монтажа или прекин со историска глума обработувајќи период од 300 години дворски собири, балови и семеен живот во Зимскиот дворец.

 
Комплексот на музејот гледан од спротивната страна на Нева - Новиот Ермитаж и Ермитажовиот театар на левата половина од сликата, а Зимскиот дворец на десната.

Директори на Ермитаж

уреди

Наводи

уреди
  1. „Посетеност на изложби и музеи во 2009 г.“ (PDF). Лондон: The Art Newspaper. април 2010. Архивирано од изворникот (PDF) на 2010-06-01. Посетено на 20 мај 2010.

Надворешни врски

уреди