Летни олимписки игри 1952
Јубилејните 15-ти Летни олимписки игри се одржале во Хелсинки во 1952 година. Градот Хелсинки бил избран за град-домаќин по победата над конкурентските кандидати: Амстердам, Чикаго, Детроит, Лос Анџелес, Минеаполис и Филаделфија на 40-тата сесија на МОК одржана на 21 јуни 1947 година во Стокхолм. Хелсинки требало да биде град-домаќин на игрите во 1940 година, но тие не се одржале поради Втората светска војна.
VI Зимски олимписки игри | |
| |
Град домаќин | Осло, Норвешка |
---|---|
Бр. на држави | 69 |
Бр. на спортисти | 4,955 (4,436 мажи, 519 жени) |
Натпревари | 149 од 17 спортови |
Отворени | 14 февруари |
Затворени | 25 февруари |
Официјално отворени од: | Јухо Кусти Паахикиви[1] |
Спортска заклетва | Хеики Саволаинен |
Олимписки оган | Паво Нурми и Ханес Колехмаинен |
Стадион | Бислет стадион |
Резултати од гласањето за избор на град-домаќин на Летните олимписки игри - 1952 | ||||||
---|---|---|---|---|---|---|
Град | Земја | Прв круг | втор круг | |||
Хелсинки | Финска | 14 | 15 | |||
Лос Анџелес | САД | 4 | 5 | |||
Минеаполис | САД | 4 | 5 | |||
Амстердам | Холандија | 3 | 3 | |||
Детроит | САД | 2 | - | |||
Чикаго | САД | 1 | - | |||
Филаделфија | САД | - | - |
Ретроспектива
уреди- Олимпискиот оган бил запален од финските спортски херои Паво Нурми и Ханес Колехмаинен.
- СССР дебитирал на Олимписките игри. Првиот златен медал за СССР го освоила Нина Ромашкова во дисциплината фрлање диск, а во гимнастика Советскиот Сојуз го освојува првото од осумте последователни златни медали.
- И Израел дебитирал на Олимписките игри. Израел требал да дебитира на игрите 4 години пред тоа, но тоа не се случило поради борбата за независност.
- Унгарија освоила 42 медали (16 златни, 10 сребрени и 16 бронзени) и била трета најуспешна нација што било вистинско изненадување.
- Унгарскиот златен тим предводен од Ференц Пушкаш го освоил златниот медал во фудбал со победи во сите натпревари, а во финалето поразена била Југославија со 2-0. За Југославија ова бил втор последователен сребрен медал.
- Германија и Јапонија повторно добиле дозвола и се вратиле на Олимписките игри. Од окупираната и поделена Германија настапиле Западна Германија и Заарланд како посебна земја-учесничка која во 1955 година се припоила со Западна Германија. Источна Германија не учествувала на игрите. За чудо, за прв и единствен пат во историјата на Олимписките игри Германија не освоила златен медал и покрај тоа што била петта по број на освоени медали 24 (7 сребрени и 17 бронзени медали).
- Правилата во коњичките спортови биле променети. На лицата со воени чинови не им било дозволено да се натпреваруваат, а учествувале и жени. Лис Хартел од Данска станала првата жена којашто освоил златен медал во коњички спортови.
- Емил Затопек од Чехословачка освоил 3 златни медали во трките на 5.000m, 10.000m и во маратонот. Овие трки пртетходно ги немал трчано.
- Боб Матијас од САД го одбранил златото освоено 4 години пред тоа во десетобој освојувајќи 7887 бода.
- Џози Бартел од Луксембург приредил големо изненадување освојувајќи златен медал во трката на 1.500m.
Спортови
уредиДемонстративни спортови
уредиЗемји-учеснички
уредиНа Летните олимписки игри - 1952 учество земале спортисти од 69 земји што било за 10 повеѓе од игрите 4 години пред тоа. на игрите дебитирале 12 земји: Бахамите, Златниот Брег (денешна Гана), Гватемала, Хонгконг, Индонезија, Израел, Холандски Антили, Нигерија, Советскиот Сојуз, Тајланд и Виетнам. Германија којашто била поделена имала 2 претставника Западна Германија и Заарлаанд. За Заарланд ова е прво и единствено самостојно учество. Во 1955 година станува дел од Западна Германија.
Освојувачи на медали
уредиМесто | Земја | Злато | Сребро | Бронза | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|
1 | САД | 40 | 19 | 17 | 76 |
2 | СССР | 22 | 30 | 19 | 71 |
3 | Унгарија | 16 | 10 | 16 | 42 |
4 | Шведска | 12 | 13 | 10 | 35 |
5 | Италија | 8 | 9 | 4 | 21 |
6 | Чехословачка | 7 | 3 | 3 | 13 |
7 | Франција | 6 | 6 | 6 | 18 |
8 | Финска (домаќин) | 6 | 3 | 13 | 22 |
9 | Австралија | 6 | 2 | 3 | 11 |
10 | Норвешка | 3 | 2 | 0 | 5 |
Наводи
уреди- ↑ International Olympic Committee (13 септември 2013). "Factsheet - Opening Ceremony of the Games of the Olympiad". Соопштение за печат.
Надворешни врски
уреди- IOC Site on 1952 Summer Olympics
- Helsinki 1952 Official Olympic Report la84foundation.org Архивирано на 11 април 2008 г.
- Helsinki 1952 Official Olympic Report olympic-museum.de Архивирано на 14 јуни 2008 г.