Гусла
Гуслата е народен гудачки инструмент со една жица на кој се свири со гудало. Најчесто е со една жица, но може да има и две. Како инструмент се среќава воглавно во државите на Балканот. Гусларите во Македонија биле месни или патувачки. Тоа најчесто биле лица со телесен хендикеп или оштетен вид. По ослепувањето на македонските војници по Беласичката битка, начесто знимање на слепите лица било гусларството. Гусларството во XIX век во Македонија било особено застапено во градот Прилеп.
Гуслата како тема во уметноста и во популарната култура
уреди- „Последниот гуслар“ - кус расказ на ирскиот писател Вилијам Батлер Јејтс.[1]
- „Бојановата гусла“ - песна на рускиот поет Виктор Соснора.[2]
- „Сакаме гусли!“ (Hoćemo Gusle!) - албум на црногорскиот музичар Рамбо Амадеус од 1989 година.[3]
Наводи
уреди- ↑ Вилијам Батлер Јејтс, Келтскиот самрак. Скопје: Бегемот, 2014, стр. 55-61.
- ↑ Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига III: Средина XX века – поч. XXI века (неомодернизам, неоавангарда, постмодернизам и нова трагања). Београд: Paidea, 2007, стр. 93-94.
- ↑ DISCOGS, Rambo Amadeus – Hoćemo Gusle! (пристапено на 25.8.2019)