Мадејра

автономен островски регион на Португалија
(Пренасочено од Мадеира)

Мадеира (португалски: Madeira) или официјално Автономен Регион Мадеира (Região Autónoma da Madeira) — португалски архипелаг во Атлантскиот Океан, кој се наоѓа на помалку од 400 километри северно од Тенерифе, Канарски Острови. Мадеира воедно е назначен како најоддалечениот регион на Европската Унија. Мадеира е една од двата автономни региони на Португалија, другиот регион е соседната островска група наречена Азори. Архипелагот е составен од островските групи: Мадеира, Порто Санто, Пусти Острови и Дивјачки Острови.

Автономен Регион Мадејра
Região Autónoma da Madeira
Знаме Грб
Гесло"Das ilhas, as mais belas e livres"  (португалски)
"Сите острови, слободни и прекрасни"
ХимнаA Portuguesa  (национална)
Hino da Região Autónoma da Madeira  (локално)
Местоположба на Мадејра
Главен град
(и најголем)
Фуншал
32°39′N 16°55′W / 32.650° СГШ; 16.917° ЗГД / 32.650; -16.917
Службен јазик португалски
Народности  Португалци
Уредување Автономен регион
 •  Претседател Алберто Жоао Жардим (PSD)
Основан
 •  Населен 1420 
 •  Автономија 1 јули 1976 
Површина
 •  Вкупна 801 км2 
Население
 •  проценка за 2009 г. 247 399[1]  
 •  Густина 308.5 жит/км2 
БДП (ПКМ) проценка за 2007 г.
 •  Вкупен € 5,905 милијарди[2]  
 •  По жител € 24.000-$31.352[2]  
Валута Евро (€)1 (EUR)
Часовен појас WET
 •  (ЛСВ) WEST (UTC+1)
НДД .pt
Повик. бр. +351 291
1. пред 2002: португалско ескудо

Мадеира била повторно пронајдена во 1419 година од португалските морепловци кои биле во службата на принцот Д. Енрике (Енрике Морепловецот), а ја населиле по 1420 година. Овој архилепаг се смета за првото територијално откритие во времето на португалскиот период на откритија.

Денеска Мадеира е едно од најпопуларните светски одморалишта, чии знаменитости се виното „Мадеира “, цвеќињата и рачната изработка, везилското занаетчиство, како и новогодишните прослави проследени со претстави со спектакуларни огномети (според Гинисовата книга на рекорди [3] во Мадеира се случила една од најдолгите новогодишни прослави). Главното пристаниште кое се наоѓа во Фуншал е едно од најважните места на кое допираат сите трговски и трансатлантски патнички крстарења помеѓу Европа, Карибите и Северна Америка.

Историја

уреди
 
Кула изградена во готски стил во 15-иот век - катедрала во Фуншал.

Истражување

уреди

Плиниј во своето дело спомнува т.н. „Виолетови острови“, чија положба е слична на Канарските Острови, но сепак може да се однесува и на островите на Мадејра. Плутарх спомнувајќи го воениот командант Квинт Серториј (72 п.н.е.) и неговото враќање во Кадис:

„…се вели дека се два острови одделени со еден многу тесен проток и се оддалечени 10 000 милји од Африка. Се нарекуваат Островите на Благословените“.

Измерената оддалеченост од Африка (1.250милји/2.000км), и близината на двата острова одговара на позицијата на островите на Мадеира и Порто Санто.

Легенда

уреди

Постои романтична приказна за двајца вљубени, Роберт Машим и Ана Арфе, во времето на владеењето на англискиот крал Едвард III. Во 1346 година, бродот на кралот пловејќи од Кралството за Франција наишол на бура и скршнал од својата насока. Нивниот брод удрил во брегот на некој остров за којшто се верува дека бил Мадеира. Подоцна, оваа приказна била искористена за именување на еден од градовите на Мадеира. Градот го добил името Машико по името на момчето од приказната во спомен на младите љубовници[4].

 
Статуа на Жоао Гонзалвес Зарко

Откритиja

уреди

Познато е дека постоеле сознанија дека постојат Азорите како и островите на Мадејра, и тоа многу порано пред откривањето на овие земји и нивното населување бидејќи островите се појавуваат во мапите во почетокот на далечната 1339 година[5]. Според постоечките факти кои датираат од 1351 година зачувани во Фиренца, Италија, островите на Мадеира биле откриени многу порано пред официјалниот датум на „повторното пронаоѓање“ на Мадеира од страна на португалските бродови. Во Книгата на знаења (Libro del Conocimiento 1348-1349), шпанскиот калуѓер ја идентификува локацијата на островите со сегашната локација на островите на Мадејра.

Официјално во 1418 година, двајца капетани под управа на Енрике Морепловецот, Жоао Гонзалвес Зарко и Тристан ваз Теикеира, наишле на бура, скршнале од патеката и отпловиле до остров кој тие го нарекле Порто Санто (англиски: Holy Harbour или Свето Пристаниште), името ѝ го дале поради нивната благодарност и спасот од можниот бродолом. Следната година била испратена организирана експедиција под раководство на капетаните Зарко и Ваз Теикеира заедно со капетанот Бартоломео Перестрело во потрага по новата земја, за да го заземат островот и истиот да му припадне на Португалското Кралство. Последователно на ова, новите доселеници забележале статичен темен облак на југозапад [6] кој го истражиле и на тој начин го пронашле најголемиот остров на Мадеира[7].

Населување

уреди

Првите колонизациски населувања на островите започнале околу 1420 или 1425 година. Првите населувања ги предводеле тројца главни капетани, а биле преселувани нивните почитувани фамилии, мала група благородници, луѓе од пониските класи и извесен број затвореници кои биле носени на островот за да ја обработуваат земјата. За да се здобијат со минимални услови за развивање на земјоделството, тие морале да исечат дел од густата лаворова шума и да изградат канали, бидејќи во некои делови од островот имало огромни количини вода, а во другите биле сушни. Во текот на овој период, половина од доселениците се хранеле со риби, растенија и овошја кои ги имало на некои почисти парцели од земја. Најпрвин, колонистите започнале да произведуваат пченица за нивна основна егзистенција, но подоцна кога почнале да се произведуваат поголеми количини пченица тие започнале да ја извезуваат во континентална Португалија.

Во септември 1433 година, првпат започнало да се појавува името на островот Мадеира (или островот на дрвото) на првите документи и мапи. Островот го добил името поради големите и густи лаворови шуми.

Меѓутоа, кога започнало да опаѓа производството на житните култури, принцот Енрике Морепловецот бил принуден да насади и други житни растенија. Засадувањето на шеќерна трска, а подоцна и на сицилиската шеќерна репка им овозможило производството на т.н. „слатка сол“ која во Европа била позната како шеќер и претставувала многу популарен зачин, меѓутоа ја имало во мали количини. Овие специјализирани растенија заедно со индустриската технологија направиле една од најголемите револуции на островите и ја развиле португалската индустрија. Експанзијата на шеќерните плантажи во Мадеира започнала во 1455 година, користејќи советници од Сицилија и била финансирана од капиталот од Џенова (шеќерните плантажи биле составен дел од економијата на островот сè до 17 век). Пристапноста на Мадеира ги привлекувала трговците од Џенова и Фландрија кои ги заобиколувале венециските монополи.

До 1480 година Антверпен (Анверс) имал околу седумдесет бродови кои биле задолжени за трговијата со шеќер во Мадеира, а шеќерот бил рафиниран и дистрибуиран во Антверпен. Околу 1490 година, Мадеира го надминува Кипар во производството на шеќер[8]

Производството на шеќерна трска бил примарен двигател на економијата на островот, со што се зголемувала и потребата од работна сила. Робовите биле искористувани да ја одгледуваат шеќерната трска, и поради недостатокот од работна сила биле увезени уште робови па бројот на робовите достигнал 10% од населението во Мадеира до 16 век[9].'.

Во 1617 година, алжирските пирати, кои ги држеле во заробеништво христијаните по должината на средоземните брегови, заробиле 1.200 мажи и жени во Порто Санто[10][11]. По 17 век, кога производството на шеќер се проширило во Бразил, Саун Томе и Принсип и пошироко, најважниот производ во Мадеира станало виното. Британците ја окупирале Мадеира во текот на Наполеоновите војни, пријателската окупација започнала во 1807 година, а завршила во 1814 година кога островот ѝ бил вратен на Португалија[12].

Потоа, по смртта на кралот на Португалија Жуан IV, неговиот син, лихварот Мигел од Португалија ја презел власта од вистинскиот наследник, неговата внука Марија II, и се прогласил себеси за „апсолутен крал“, Мадејра била на страна накКралицата и давала отпор под водството на Жозе Травасос Валдез сè додека Мигел не ѝ пратил експедитивна сила која ја поразила одбрана на Мадејра. Валдез бил принуден да отплови во Англија под надзор на Кралската морнарица (во септември 1828 година).

Прва светска војна

уреди

Во Првата светска војна Португалија најпрвин била нападната во Мадеира на 3 декември 1916 година кога германската подморница, SM u-38, предводена од Макс Валентинер го нападнала пристаништето во Фуншал во Мадеира и торпедирал и потонал 3 брода, CS Дачија (1.856 тони)[13], Кенгур (2.493тони)[14] и Изненадување (680 тони)[15] . Командантот на францускиот воен брод Изненадување и 34 од нивниот екипаж (7 Португалци) погинале при овој напад. Британскиот брод Дачија[16] кој лежел закотвен, претходно бил на военото поле во Казабланка и Дакар, бил во процес на пренасочување на Германците кон Брест, Франција. По нападот на бродовите, Германците продолжиле да го бомбардираат Фуншал уште цели два часа во оддалеченост од 2 милји. Меѓутоа, артилеријата на Мадејра го возвратила огнот и Германците биле принудени да се повлечат.

На 12 декември 1917 година, две германски подморници, SM U-156 и SM U-157 (предводени од Макс Валентинер) повторно го бомбардирале Фуншал, Мадејра. Овој пат нападот траел околу 30 минути.) Биле фрлени четиринаесет 4,7 инчни и 5,9 инчни гранати. Имало 3 жртви и 17 ранети. Исто така, голем број куќи и црквата Св. Клара биле погодени. Последниот император на Австроунгарското Кралство Чарлс I, по неговиот неуспешен државен удар во Унгарија, бил протеран во егзил во Мадејра. Тој таму починал на 1 април 1922 година и бил закопан во Монте. Во 1917 година Чарлс I се обидел да влезе во мировни преговори со Франција. Исто така, неговиот министер за надворешни работи Отокар Чернин бил заинтересиран за преговори за мир меѓутоа тој предлагал преговори во кои била вклучена и Германија. Поради тоа, императорот преговарал заедно со неговиот зет во Франција, Принцот Сикст од Бурбон-Парма, офицер во белгиската армија кој бил во улога на посредник и отишле многу подалеку во нивната намера за прогласување на мирот. Кога во 1918 година се појавиле информации за ваквата постапка на императорот, тој ги отфрлил обвинувањата на што францускиот премиер Жорж Клемансо бил принуден да ги покаже документите потпишани од страна на императорот. Поради тоа, Чернин поднел оставка доведувајќи ја Австроунгарија во уште понезавидна позиција во однос на навидум погрешниот сојузник[17].

Автономија

уреди

На 1 јули 1976 година, веднаш по демократската револуција во 1974 година, Португалија ѝ доделила политичка автономија на Мадејра. Овој датум е познат во историјата на Мадејра како Денот на Мадејра. Регионот се стекнал со свој парламент и законодавен совет.

Положба на островот

уреди

Физичка положба

уреди
Мадејра
остров (Ilha)
Официјално име: Ilha de Madeira
Потекло на името: мадеира, португалски: дрво
Земја   Португалија
Автономен регион   Мадејра
Место Торе-Мадејра, Африканска Плоча, Атлантски Океан
Архипелаг Мадејра
Општини Калета, Камара де Лобос, Фуншал, Машику, Понта до Сол, Порто Мониз, Порто Санто, Рибеира Брава, Санта Крус, Сантана, Сан Висенте
Највисока точка Пику Риву
 - височина 1.862 м
Најниска точка Морско рамниште
 - местоположба Атлантски Океан
 - височина м
Должина 57 км, запад-исток
Ширина 22 км, север-југ
Површина 740,7 км2
Биоми Температура, Средоземна клима
Геологија Alkali basalt, Tephra, Trachyte, Trachybasalt
Орогенија Вулкани
Период Миоцен
Демоним Мадеирец
етнички групи Португалци
 
Местоположба на островот Мадејра во архипелагот на Мадејра
Местоположба на островот Мадејра во архипелагот на Мадејра
На Ризницата: Мадејра
Статистички податоци од Националниот институт (2001); географски детали од Португалскиот национален институт (2010)
 
Внатрешноста на Мадејра околу Курал дас Фреирас
 
Долгата песочна плажа Вила Балеира, Порто Санто
 
Морскиот гребен Салвагем Пекена, Дивјачки Острови
 
Зајдисонце на далечните Пусти Острови

Архипелагот на Мадејра се наоѓа на 529 километри (323,11 милји) од африканскиот брег и 1.000 километри (621,37 милји) од Европа (оддалеченоста на Мадејра и Лисабон[18]), главниот град на Португалија, е пат од околу час и половина со авион). Во најјужниот дел на Мадејра се наоѓа Тор (каменлив рид) -Гребенот на Мадејра, со батометричка структура со огромни димензии во вид на оска свртена од север-североисток кон југ-југозапад чијашто должина изнесува 1.000 километри. Ваквата подводна структура е составена од долг геоморфолошки релјеф кој се протега од вдлабната рамница до 3.500 метри, нејзината најголема подводна точка е вдлабнатина од околу 150 метри (широка околу 36° на север). Потеклото на Тор - Гребенот на Мадејра не е јасно утврдено, но постојат мислења дека настанало од морфолошкото попуштање на литосферата[19][20].

Самиот архипелаг претставува група од вулканско-океански острови кои датираат од миоценот (пред околу 70 милиони години), и е составен од жариште во Земјината кора на африканската тектонска плоча. Мадејра и помалиот Пуст Остров, се најмладите острови од ова низа (датираат од пред 4,6 до 0,7 милиони години), додека Порто Санто, најмалиот остров е воедно и најстариот остров (датира од пред приближно 14 милиони години). Поради нивното потопување, постојат пет фази поврзани со ова вулканска група острови коишто се видливи на островот Мадејра, а тоа се:

  • База на формирање - ова фаза завршила пред 3 милиони години и се одликува со големи ерупции и лавини;
  • Периферно формирање - фаза на исчезнување на проектилите со што било предизвикано создавањето на насипите и платформите(фазата завршила пред 740 000 години);
  • Формирање на голема надморска височина- фазата била обележана со големите проектили, пиролактичните материјали и формирање на раседи долж северните и јужните брегови(помеѓу 400– 900 m);
  • Саун Пауло- формирање коешто се одвивало околу Бица да Кана (највисокиот врв) пред околу 550 000 години;
  • Последните ерупции - се поврзани со формирањето на помалите острови и со магматските полиња кои се наоѓаат на островите(коишто исчезнале пред 6500 години).

На овие базалтни острови нема активни вулкани во последните 6000 години.

Острови

уреди
  • Во 'Мадејра (740,7 км2) спаѓаат островот Августињо , островот Сао Лоренсо и Остров Мол (северозападно);
  • Во Порто Санто(42,5 км2) спаѓаат Остров Бахо и да Кал, Островот да Феро, Островот дас Сенурас, Островот да Фора и Островот де Сима;
  • Во Пусти Острови(14,2 км2) спаѓаат трите ненаселени острови, Голем Пуст Остров, Остров Бужио, Остров де Чиао;
  • Во Диви Острови(3,6 км2) спаѓаат трите најголеми острови и 16-те ненаселени островчиња во две групи: Северозападна група (Големи Див Остров, Островот на Земјата и Островот на Морето) и југоисточната група (Мали Див Остров, Големиот Остров, Јужниот Остров, Малиот Остров, Надворешниот Остров, Високиот Остров, Долгиот Остров, Островот Редондо, Северниот Остров).

Остров Мадејра

уреди

Островот Мадејра се наоѓа на врвот на масивниот вулкански оклоп кој се издигнува околу 6 км2 (3,7 милји) над Атлантскиот Океан, на веригата на подводната планина Тор. Вулканот на врвот формира јаз во правец исток-запад[21][22] во океанска кора по должина на Африканската Плоча, која започнала во миоценската епоха пред повеќе од 5 милиони години, и продолжила во плеистоценската епоха пред 700.000 години[23]. По ова следела огромна ерозија, од која произлегле два долги амфитеатри отворени кон југ во централниот дел од островот. Вулканската активност продолжила и понатаму формирајќи конусни згури и кратери околу врвот на вулканот. Најмладите вулкански ерупции се случиле во западно-централниот дел од островот пред само 6.500 години, создавајќи конусни згури и кратери[23].

Островот Мадејра претставува 93% од областа на архипелагот, со 90% од пространството над 500 метри. Тој е најголемиот остров со површина од 741 км2 (286 sq mi), должина од 57 километри (35 милји), од мостот Сао Лоренсо до мостот Парго. Неговата најширока точка изнесува приближно 22 километри (14 mi) (од мостот Круз (крст) до мостот Сао Жоржо), и крајбрежјето со должина 150 километри (93,21 милји). Во средината поминува планински гребен кој пак се протега низ центарот на островот, достигнувајќи 1862 метри (6 107 фт), со највисокиот врв (Црвениот Врв), додека најнискиот (под 200 метри) се протега кон исток. Примитивните вулкански фокуси одговорни за централната планинска област, ги сочинуваат врвовите: Црвен Врв (1862 метри), Торес (1852 метри), Ареиро (1818 метри), Лемонграс (1802 метри), Кедар (1759 метри), Касадо (1725 метри), Голем Врв (1657 метри), Ковачки Врв(1582 метри). На крајот на оваа еруптивна фаза, се формирал остров опколен со гребени, дел од овие поморски гребени ги има во стврднатите слоеви во областа на мочуриштата, во Сао Винсенте (во кој подоцна се пронајдени големи количини на калциум оксид). Речните карпи, како што се карпите во Кејп Жирао, се непрооден предел[24] поради нивните долини и клисури кои се протегаат во централниот ‘рбет. Порано луѓето правеле живеалишта во многуте села во близина на клисурите, бидејќи тука поминувале реките од есенските и зимските дождови[25]. Долгите, тесни и малите испакнати форми (како Паул да Сиера) се наоѓаат во најјужниот дел на островот кој лежи на пространството испoлнето со каменит песок (1300 -1500м). Тој претставува фолна постела богата со школки и безброј остатоци од корења од дрва коишто се најверојатно резултат од инфилтрацијата.

Островот е формиран од вулкански комплекс кој основа два масивни комплекси, а тоа се:

  • Основен вулкански комплекс - бил формиран во миоценот од подводните и воздушните ерупции во централниот дел на островот, и е поврзан со некои од најдлабоките долини (Сао Висенте, Боавентура, Сокоридос). Комплексот се протега источно во клисурите (Порто да Круз и Машико) сè до мостот Сао Лоренсо и е составен од акумулирани пирокласни блокови и пепел прикриени со слоеви од базалтна лава. Вулканскиот материјал е ефузивен, составен од невискозни компактни базалти, лавата има тек кој не е многу густ, но сепак ја покрива топографијата и Земјините слоеви. Првите текови биле многу големи и можеле да покријат голем дел од висорамнините и да ги исполнат долините сè до морето. Последните епизоди лавини се случиле во долината на Сао Висенте, и во клисурите Сеикал и Порто Мониз. Базалтните текови му на припаѓаат на последниот период на вулканска активност во Мадејра (околу 5 до 2 милиони години). Лавините најчесто останувале во долините и се фосилизирале, како во долината на Сао Висенте, формирајќи морфолошки тераси. Островот е прекриен со кривини кои се лесно препознатливи особено во областа на Рибеира Брава близу Екуменада. Овие кривини се распространети насекаде низ островот, исто така ги има од запад-северозапад насочени кон југ-југоисток па сè до северозапад и југоисток (на некои места кривините се поклопуваат со вулканските конуси). Пирокликтичните карпи се составени од најразлични материјали, од големи блокови па сè до пепел, а средишниот дел се нарекува feijoco (составен од порозни материјали). Материјалот е составен од темни и црни карпи, жолти и црвеникави материјали и се употребува во градежништвото поради еластичните одлики (како и за произведство на високи печки).
  • Централен масив - се протега низ централниот регион на островот, и е составен од експлозивен материјал (големи блокови и пепел) расфрлан околу вулканските центри на ерупциите, но денеска се скриени и непрепознатливи. Масивот е преплавен со неколку густи кривини и базалти, ориентирани во неколку правци кои се спојуваат во Пико Руово. Околу врвот има насипи коишто не ерозирале за разлика од многуте околни наноси, слабата кохезија на пиролактични материјали го овозможило распарчувањето на теренот во ова област, и тоа на неколку клисури: Брава, Сокоридос, Машико, Сао Винсенте, Парко (Боавентура), и Фаиал.
  • Масивот Паул да Сера - има слична структурна платформа како базалтните текови и се протега кон југозапад.

Клима

уреди

Мадејра спаѓа во земјите со суптропско-средоземна клима (Köppen climate classification: Csb),[26], врз основа на разликите во сончевата изложеност, влажност, и годишната температура. Но сепак постојат варијации на температурата помеѓу северниот и јужниот дел, како и разлика на климата помеѓу островите. Врз климата на островите големо влијание има Голфската Струја, која им дава поблага температура во текот на целата година, средна годишна температура покрај крајбрежјето се движи од 15° до 22°С на ниска надморска височина, и помеѓу 5° и 15 °C на висока надморска височина. Средната годишна температура на морето се движи приближно 20°(68 °F), од 18°С (64,4 °F) во зима до 23 °C (73,4 °F) во лето. Приморските температура обично траат во текот на целата година, иако понекогаш температурите паѓаат околу 20°С (68 °F) во декември и април.

Климатски податоци за Фуншал, главен град на Мадејра
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Прос. висока °C (°F) 19,5
Прос. ниска °C (°F) 13,1 12,8 13,0 13,4 14,6 16,5 18,0 18,9 18,9 17,6 15,6 13,9 15,5
Прос. бр. врнежливи денови (≥ 0,1 mm) 10 8 5 3 1 2 6 9 11 13 91
Сред. бр. сончеви часови месечно 167,4 171,1 204,6 225,0 213,9 198,0 244,9 260,4 225,0 204,6 168,0 164,3 2447,2
Извор: Светска метеоролошка организација (UN),[27] Climatetemp.info[28] for Sunshine hours data

Флора и фауна

уреди
 
Најраспространети видови цвеќиња во Мадејра

Мадејра го добила името по густите шуми со кои бил покриен целиот остров. Денеска од густите лаворови шуми преостанале само мал дел во јужниот дел на островот. Меѓутоа, на северот на островот, долините се богати со родни дрва со мал раст. Инаку, лаворовите шуми кои најповеќе се распространети во северните делови на Островот Мадејра се сметаат за светско наследство и се заштитени од УНЕСКО.

На Мадејра има три ендемски видови птици: зинова бура (Pterodroma madeira), долгоопашест гулаб (Columba trocaz) и златоглавото кралче (Regulus madeirensis), додека мадеирскиот снегар е ендемски подвид. Исто така многу важно е размножувањето на морските птици, како што се: мадеировата бура (''Pterodroma Madeira''), мала северноатлантска ветрушка (Puffinus baroli) и голем зовој (Calonectris diomedea).

Макаронезискиот регион е засолниште на многу богата флора. Всушност, составот на шумата на архипелагот и неговата зрелост наликува на шумите кои ги покривале Јужна Европа и Северна Африка во терцијарниот период пред милиони години. Големата биоразновидност на Мадејра е фитогеографски поврзан со Средоземниот Регион, Африка, Америка и Австралија, а интересот за ова фитогеографија сè повеќе се зголемува во последните години благодарение на епитрофните растенија.

Мадејра има многу ендемски видови на фауна - најповеќе безрбетници во кои спаѓаат најретките видови долги средоземни пеперуги, но исто така тука има и ’рбетници како што се: лилјакот, видови гуштери и некои од гореспоменатите птици. Најголемата тарантула во Европа живее на Пустите Острови на Мадејра и достигнува големина колку човечка рака. На овие острови живеат повеќе од 250 видови мекотели (полжави и голичи), некои школки со необична форма и боја, од кои повеќето се ендемски и ранливи.

Вади (аквадукти)

уреди
 
Вада (аквадукт)

Островот Мадејра е влажен во северозападниот, а сушен во југоисточниот дел. Во 16 век, Португалците започнале со градење на вади и аквадукти за да спроведат вода во јужните земјоделски региони. Последните биле изградени во 1940 година. Бидејќи Мадејра е планински остров, градењето на овие вади било многу тешко и најчесто ги граделе осудениците или пак робовите. Некои од вадите биле заровувани со планинските страни, исто така било неопходно да се копаат тунели до дури 25 милји должина (40 километри), а некои од нив сè уште постојат.

Во денешно време, вадите не само што ги снабдуваат северните делови со вода туку обезбедуваат и хидро-електрична енергија. Постојат повеќе од 1.350 милји вади (2 170 километри) кон кои води мрежа од патеки. Некои од патеките се проодни и релаксирачки и поминуваат низ убави села, но другите пак се многу тесни и тешкопроодни и доколку не се внимава луѓето можат да се здобијат со сериозни повреди кои можат да бидат кобни по животот.

Двете најпопуларни вади (аквадукти) за пешачење се вадата „do Caldeirão Verde“ и вадата „do Caldeirão do Inferno“ коишто се тешкопроодни и поради тоа љубителите на пешачењето мораат да носат факли и шлемови. Вадата „do Caniçal“ е полесно проодна, и е оддалечена 7,1 милји (11,4 km) од Марокос. Оваа вада се нарекува мимозина вада поради тоа што низ целата патека има посадено мимози.

Густина на население

уреди
 
Најпосетената туристичка зона во Фуншал, позната како Лидо
 
Поглед од Фуншал кон исток од врвот Круз (261m), долж јужниот брег
 
Centro Cívico de São Martinho со модерната црква Св. Мартин во позадина.

Во 2009 година, во Мадејра на пописот на населението биле избројани 244 286 жители кои живеат на површина од 768,0 км2 (296,5 sq mi) во единаесет општини[29].

Општина Население
(2006)[30]
Област Главен град Квартови
Фуншал[31] 100.847 757 km2 (292 ми) Фуншал 10
Камара де Лобос 35.150 526 km2 (203 ми) Камара де Лобос 5
Санта Крус [32] 32.696 680 km2 (260 ми) Санта Крус 5
Машику 21.321 676 km2 (261 ми) Машику 5
Рибеира 12.523 649 km2 (251 ми) Рибеира Брава 4
Калета 11.856 1,103 km2 (426 ми) Калета 8
Сантана 8.491 931 km2 (359 ми) Сантана 6
Понта до Сол 8.189 468 km2 (181 ми) Понта до Сол 3
Сао Висенте 6.063 808 km2 (312 ми) Сао Висенте 3
Вила Балеира[33] 4.388 424 km2 (164 ми) Вила Балеира 1
Порто Мониз 2.762 826 km2 (319 ми) Порто Мониз 4

Фуншал

уреди

Фуншал е главен град на автономниот регион Мадејра, со локација на јужниот брег на Мадејра. Тој е модерен град, кој се наоѓа во природно географски амфитеатар извајан од вулканска структура и речни хидролошки сили. Кога започнало населувањето на островот првите доселеници се населувале покрај пристаништето (Порто Фуншал) и во падините коишто биле нивно природно засолниште.

Градот Фуншал има богата историја пет века, тој го добил името од првите луѓе кои го пронашле и го населиле, а му го дале името Фуншал (анасон) поради анасонот кој го имало во изобилие во богатите шуми. Природното пристаниште и климата комбинирани со одличната географска позиција му помогнале на Фуншал да се развие многу бргу. Катедралата изградена помеѓу 1493 и 1514 година (од страна на Педро Анес во мануелински стил) била една од централните активности во овој период на создавање, и претставува едно од бројните историски богатства на Мадејра.

Економија

уреди
 
Пристаниште во Фуншал

Воведувањето на слободната економска зона довело до издавање кредити под многу погодни услови, до развивање на инфраструктурата, произлегле продавници и многу основни привилегии за мали и средни претпријатија. Слободната зона на Мадејра, наречена Меѓународен бизнис центар на Мадејра, е економска област со привилегирани такси, кои ги поттикнуваат компаниите доделувајќи им цел спектар финансиски погодности и поволни такси, а ги остваруваат Слободната економска зона, Финансискиот центар за соработка со други земји, Меѓународната организација за испорака и Меѓународниот центар за услуги.

Услужниот сектор ѝ носи најголем профит на земјата со помош на данокот на додадена вредност, за разлика од земјоделскиот сектор на кој акциите постојано му паѓаат во економскиот регион.

Во последните неколку години, економијата во регионот се водела кон тоа да се отвораат нови компании за да се појави поголема конкурентност на пазарот, а потоа тие компании да се насочат и да соработуваат на меѓународните пазари. Најголемо производство во Мадејра е производството во секторот на храната, пијалаците (особено виното) и градежништвото.

Туризам

уреди
 
Убавините на Мадејра.

Туризмот е важен сектор во економијата на регионот бидејќи придонесува 20% на регионалниот данок на додадена вредност (ДДВ), и обезбедува помош за трговските, транспортните и другите активности и е од големо значење за продажбата на локалните производи. Најголемиот феномен на ДДВ-то се однесува на хотелите и рестораните чие ДДВ изнесува 9% од цената. Островот Порто Санто поради поволната клима и плажата долга дури 9 километри (5,6 mi) е целосно посветен на туризмот. Во последната декада е забележано значително покачување на бројот на сместувањата во хотелите.

Се смета дека развојот на Мадејра ќе продолжи да се одвива во иднината поради погодните кредити и соодветните инвестирања во туризмот и угостителството. Природните резервати се само уште едно нешто кое ги привлекува туристите во Мадејра. Посетителите се најчесто од земјите од Европската Унија, Германците, Британците, Скандинавците и Португалците. Средната стапка на посетување на островот била 60,3% во 2008 година[34], којашто го достигнала својот максимум во март и април кога ја надминала бројката од 70%.

Транспорт и имиграција

уреди
 
Дел од импресивната авионска писта во Мадејра.
 
Ферибот превезува патници секојдневно од Мадејра и Порто Санто

Граѓаните од Европската Унија според Шенгенската спогодба можат слободно да се движат низ државите кои се во ЕУ, додека граѓаните од другите држави треба да се идентификуваат.

Во 2009 година во Мадејра легално се преселиле 7.105 имигранти, најчесто со потекло од Бразил (1 300), Велика Британија(912), Венецуела (732) и Украина(682) според пограничната служба на Мадејра[35]. Островот има два аеродроми, а тоа се: аеродромот Фуншал на островот Мадејра и аеродромот на островот Порто Санто. Летовите најчесто се одвиваат од Лисабон и Порто, или пак со директни летови од поголемите европски градови или пак од некои други држави, како што се Бразил, Венецуела, и Јужна Африка.

Транспортот помеѓу двата острова се одвива со авион и траект, со траектот се превезуваат и моторни возила. Сега внатрешноста на островите е многу проодна поради конструкцијата на Вијас Рапидас, најголемиот автопат изграден за време на португалскиот економски бум. Модерните патишта се поставени насекаде во островот, а тоа го прави подостапен за туристите, но сепак тука се и старите патишта низ коишто се одвиваат турите за запознавање на туристите со островот. Фуншал има јавен транспортен систем. Автобуски компании, вклучувајќи ги возните редови во Фуншал кои се одвиваат повеќе од илјада години, имаат сè уште редовен возен ред до сите интересни места на островот.

Емиграција

уреди

Мадеирските емигранти во САД се најсконцентрирани во регионот Нова Англија и средноатлантските држави, Северна Калифорнија и Хаваи. Исто така, тие емигрирале и во Род Ајленд и Масачусетс за да учествуваат во развојот на индустријата на лов на китови. Во 1980 година, на пописот на Обединетите нации биле регистрирани повеќе од милион Американци со португалско потекло, од кои поголем дел потекнуваат од Мадејра.

Во 1846 година, за време на гладот во Мадејра емигрирале повеќе од 6.000 луѓе во Британска Гвинеја, а веќе во 1891 година тие биле 4,3% од популацијата[36]. Во 1902 година во Хонолулу, Хаваи емигрирале 5.000 Португалци од кои најповеќе потекнувале од Мадејра, а во 1910 година бројот пораснал на 21.000. Јужна Африка и Венецуела биле земји-домаќини на емигрантите од Мадејра.

Исто така, низ светот постојат заедници на луѓето од Мадејра, како што е големата заедница во Велика Британија, заедно со Џерси[37], и португалските Британци од кои најголем дел потекнуваат од Мадејра и го слават Денот на Мадејра.

Општество и култура

уреди
 
Универзитетот Мадејра.

Демографија

уреди

Кога Португалците го откриле островот Мадејра во 1419 година, тој бил целосно ненаселен, и немало никакви траги од луѓе. Најпрвин, островот бил населен од Португалците, фармерите од регионот Мињо[38](што значи Мадејра). Тие се нарекувале етнички Португалци и си развиле свој различен регионален идентитет со свои културни одлики.

Бројот на жителите изнесува под 250.000 жители, од кои поголем дел живеат на главниот остров Мадејра каде густината на населението е 337 жители/км2 , додека во Порто Санто живеат околу 4.500 луѓе каде густината на населението е 112 жители/км2.

Гастрономија

уреди

Риби

уреди
 
Црна сабјарка со банана

Благодарение на погодната географска положба Мадејра ужива во изобилство од најразлични видови риби. Рибните специјалитети се прават од рибите кои ги има покрај брегот на Мадејра, а тоа се: црна сабјарка, сина туна, бела сабјарка, сина сабјарка, копјарка, ситна пругаста туна и многу други.

Еспада (црната сабјарка) се служи со банана. Бакалау е исто така многу популарно јадење во Португалија.

Месо

уреди

Има многу специјалитети со месо во Мадејра, едно од најпопуларните е еспетада[39]. Едно од најпопуларните специјалитети во Мадејра и Португалија е говедско месо со лук и вино.

Слатки

уреди

Традиционалните слатки на Мадејра најчесто се прават со локалните состојки, една од нив е меласата (букрвално: мед од шеќерна трска). Традиционалната торта во Мадејра се нарекува медна торта, и традиционално се крши, а не се сече со нож. Тоа е многу богата и голема торта. Крофничките првпат биле направени во Мадејра, а подоцна со емигрирањето тие се прошириле низ целиот свет започнувајќи во Хаваи. Паста де ната(пудингот) е многу популарен во Португалија.

Кафе

уреди

Во Мадејра постои долга традиција на одгледување кафе, како популарните кафиња од Португалија исто така и во Мадејра се произведува популарни кафиња како што се: гарото, галон, бица, чинеза и многу други.

Друго

уреди

Меѓу најпопуларните специјалитети во Мадејра спаѓа и пржената пченка којашто е многу слична на италијанскиот специјалитет полента.

Фестивал за готвачи во Мадејра

уреди

За да ја промовираат својата гастрономија во светски рамки, секој ноември во Мадејра се организира Готвачкиот фестивал. Секоја година фестивалот го посетуваат меѓународни готвачи коишто заедно со локалните млади шефови на кујни ги подготвуваат новите рецепти користејќи ги традиционалните производи од Мадејра, виното, локалните риби и други производи.

Спорт

уреди

Во Мадејра се негуваат голем број спортови. Тука се вклучени и спортовите кои се играат и во затворен и во отворен простор. Спортови во кои Мадејра активно учествува се напишани во листата подолу:

Фудбал

уреди

Мадејра има два фудбалски тима во Португалската лига (во првата лига), Ф.К. Маритимо и ФК Насионал. Порано имало три тима, но Униао Мадејра бил дисквалификуван од првата лига во 1995 година и оттогаш напорите кои ги прави се недоволни за да се врати во првата лига на Португалија.

Познатиот Кристијано Роналдо кој е роден во Мадејра, ја започнал својата кариера во Насионал, а потоа направил трансфер во ФК Спортинг[40]. Ф.К. Маритимо се смета за најдобриот клуб на Мадејра и има учествувано во купот на УЕФА и има постигнато забележителни резултати против тимови како: Јувентус, Лидс, Ренџерс. Во 2009/2010 година бил на петтото место на табелата, а со тоа се квалификувал за Европската лига 2010/2011година[41].

Од Ф.К. Маритимо излегле многу добри играчи, како што се: Пепе (сега во Реал Мадрид), Тонел (во Спортинг), Дени (во Зенит), Жорже Коста(пензиониран играч на Ф.К. Порто), Тарик Сектиуи (кој го напушти Ф.К. Порто во почетокот на лигата во 2009/2010 година, Нуно Валенте (сега во Евертон), Макакула (во Кајасериспор) итн.

Нивниот најдобар пласман бил во 2003/04 година кога го освоиле четвртото место во Португалската лига. Исто така, има уште два тима кои не се дел од португалската лига, а тоа се ФК Сантана и Понтасоленсе. ФК Сантана била дисквалификувана од втората португалска дивизија па сега играат во третата португалска дивизија, додека пак ФК Понтасоленсе игра во втората португалска дивизија.

Кошарка

уреди

Во последните години, во Мадејра се забележува значителен напредок во полето на професионалната кошарка, со К.К.Мадејра кој има освоено безброј медали, особено нивниот женски тим. Кошаркарските клубови често ги има на натпреварувањата во Европа како што е ФИБА Еврокуп. Меѓу нивните најпознати кошаркари се Филипе да Силва и поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс, Ике Нванкво.

Сурфање

уреди
 
Paul do Mar: според стручњаците Мадејра ги има најдобрите бранови (тунелски бранови) за сурфање (овозможува сурфање стоечки и лежејќи на штица).

Во 2001 година бил одржан Светското првенство во сурфање во Мадејра во познатите места за сурфање: Пауло до Мар, Понта Пекена и Жардим до Мар.

Ракомет

уреди

Во Мадејра има само еден професионален ракометен тим, а тоа е воедно и најуспешниот тим во државата.

Рагби

уреди

Рагбито е еден од спортовите кој најмалку се практикува на островот[42].

Пешачење

уреди

Со околу 600 милји патеки, островот е одлично и привлечно место за пешачење и претставува одличен предизвик за љубителите на пешачењето[43].

Други спортови

уреди

Други популарни спортови на островот се рели трките, картингот и голфот. Поради поволната локација и климата, островот е идеален за водни спортови како риболовот, едрењето и нуркањето.

Поштенски марки

уреди

Португалија има издадено неколку поштенски марки на Мадејра во текот на неколку периоди, започнувајќи од 1868 година.

Значајни граѓани на Мадејра

уреди
 
Кристијано Роналдо, роден во Мадејра, во 2008 година ФИФА го прогласи за играч на годината

Следните личности се родени во Мадејра или пак имаат поминато дел од нивниот живот во Мадејра:

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. ITDS, Rui Campos, Pedro Senos. „Statistics Portugal“. Ine.pt. Посетено на 2010-07-30.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  2. 2,0 2,1 „GDP per inhabitant in 2007“ (PDF). Eurostat. Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-11-09. Посетено на 2011-01-15.
  3. „Madeira "largest firework display in the world". Madeiratourism.com. Архивирано од изворникот на 2007-09-30. Посетено на 2010-07-30.
  4. Nicholas Cayetano de Bettencourt Pitta, 1812, p.11-17
  5. Fernández-Armesto, Felipe (2004). „Machim (supp. fl. 14th cent.)“. Oxford Dictionary of National Biography. Oxford: Oxford University Press. doi:10.1093/ref:odnb/17535. |access-date= бара |url= (help)
  6. Nicholas Cayetano de Bettencourt Pitta, 1812, p.20
  7. The discoveries of Porto Santo and Madeira were first described by Gomes Eanes de Zurara in Chronica da Descoberta e Conquista da Guiné. (Eng. version by Edgar Prestage in 2 vols. issued by the Hakluyt Society, London, 1896–1899: The Chronicle of Discovery and Conquest of Guinea.) Arkan Simaan relates these discoveries in French in his novel based on Azurara's Chronicle: L’Écuyer d’Henri le Navigateur, published by Éditions l’Harmattan, Paris.
  8. Ponting, Clive (2000) [2000]. World history: a new perspective. London: Chatto & Windus. стр. 482. ISBN 0-701-16834-X.
  9. Godinho, V. M. Os Descobrimentos e a Economia Mundial, Arcádia, 1965, Vol 1 and 2, Lisboa
  10. Fernando Augusto da Silva & Carlos Azevedo de Menezes, "Porto Santo", Elucidário Madeirense, vol. 3 (O-Z), Funchal, DRAC, p. 124.
  11. "Christian Slaves, Muslim Masters: White Slavery in the Mediterranean, the Barbary Coast and Italy, 1500–1800". Robert Davis (2004). p.7. ISBN 1-4039-4551-9.
  12. „The Map Room: Africa: Madeira“. British Empire. Посетено на 2010-07-30.
  13. „uboat.net“. uboat.net. 2010-11-13. Посетено на 2010-11-13.
  14. „uboat.net“. uboat.net. 2010-11-13. Посетено на 2010-11-13.
  15. „uboat.net“. uboat.net. 2010-11-13. Посетено на 2010-11-13.
  16. „www.atlantic-cable.com“. uboat.net. 2010-11-13. Посетено на 2010-11-13.
  17. The New York Times, Nov. 6, 1921 (accessed 4 May 2009)
  18. „Madeira Islands Tourism“. Madeiraislands.travel. Архивирано од изворникот на 2010-05-30. Посетено на 2010-07-30.
  19. RIBEIRO et al., 1996
  20. Kullberg & Kullberg, 2000
  21. Geldemacher et. al., 2000
  22. Ribeiro, 2001
  23. 23,0 23,1 „Madeira“. Глобална програма за вулканизмоит. Смитсонова установа. (англиски)
  24. „MadeiraHelp.com“. MadeiraHelp.com. 1999-02-22. Архивирано од изворникот на 2010-07-31. Посетено на 2010-07-30.
  25. Robert White, 1851, p.4
  26. „World Map of Köppen−Geiger Climate Classification“.
  27. „Weather Information for Funchal“.
  28. „Funchal, Madeira Climate, Temperature, Average Weather History, Rainfall/Precipitation, Sunshine“.
  29. Map of municipalities Архивирано на 1 мај 2009 г. at FreguesiasDePortugas l.com
  30. Associação Nacional de Municípios Portugueses
  31. Statistics include Savage Islands, which are administered by the parish of
  32. Statistics include the mainland parish of Santa Cruz and the islands of the Desertas
  33. Statistics represent island population; Porto Santo is the second largest island in the archipelago of Madeira
  34. „Statistics from DRE of Madeira tourism (2008)“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2010-08-05. Посетено на 2010-07-30.
  35. „SEFSTAT – Portal de Estatística“. Sefstat.sef.pt. Посетено на 2010-07-30.
  36. "Portuguese emigration from Madeira to British Guiana"
  37. "BBC – Jersey Voices"
  38. „Alberto Vieira, ''O Infante e a Madeira: dúvidas e certezas, Centro Estudos História Atlântico“. Ceha-madeira.net. Посетено на 2010-07-30.
  39. „Madeira Espetada“. www.theworldwidegourmet.com. Архивирано од изворникот на 2008-06-24. Посетено на 2010-08-30.
  40. „Cristiano Ronaldo“. Diariodigital.sapo.pt. Посетено на 2010-07-30.
  41. „Cristiano Ronaldo“. Portugoal.net. 2010-05-10. Архивирано од изворникот на 2010-11-28. Посетено на 2010-07-30.
  42. „Rugby Madeira“. Rugbymadeira.blogspot.com. 2010-05-29. Посетено на 2010-07-30.
  43. „Levadas of Madeira“. Walkingmadeira.com. Посетено на 2010-07-30.

Надворешни врски

уреди
  Статијата „Мадејра“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).