Жорж Клемансо (француски: Georges Clemenceau), (Мујерон-ан-Паред, 28 септември 1841Париз, 24 ноември 1929) – француски политичар, двапати премиер, министер за внатрешни работи, а во завршниот дел на Првата светска војна, министер за војна, еден од главните четворица на мировната конференција во Версај. Познат бил по својата отворена и систематска нетрпеливост кон Католичката црква која ја прогонувал[1].

Жорж Клемансо
Georges Clemenceau
54. премиер на Франција
На должноста
16 ноември 1917 – 20 јануари 1920
Претседател Ремон Поенкаре
Претходник Пол Пенлеве
Наследник Александар Милеран
На должноста
25 октомври 1906 – 24 јули 1909
Претседател Арман Фалјер
Претходник Фердинан Сарјен
Наследник Аристид Бријан
Министер за војна
На должноста
16 ноември 1917 – 20 јануари 1920
Претседател Ремон Поенкаре
Претходник Пол Пенлеве
Наследник Андре Жозеф Лефевр
Министер за внатрешни работи
На должноста
14 март 1906 – 24 јули 1909
Претседател Арман Фалјер
Премиер Фердинан Сарјен
Претходник Фердинан Дибиф
Наследник Аристид Бријан
Член на Сенатот
На должноста
10 јуни 1902 – 10 јануари 1910
Претходник Ернест Денорманди
Наследник Гистав Фурман
Изборна единица Вар
Член на Националното собрание
На должноста
4 октомври 1885 – 10 октомври 1893
Претходник Огист Морел
Наследник Жозеф Журдан
Изборна единица Вар
На должноста
20 февруари 1876 – 9 ноември 1885
Изборна единица Сена
На должноста
8 февруари 1871 – 27 март 1871
Изборна единица Сена
Претседател на Советот на Париз
На должноста
28 ноември 1875 – 24 април 1876
Претходник Пјер Мармотан
Наследник Бартелеми Форест
Лични податоци
Роден(а) Жорж Бенжамен Клемансо
28 септември 1841
Мујерон-ан-Паред, Ванде
Починал(а) 24 ноември 1929(1929-11-24) (возр. 88)
Париз
Партија Независни радикали
Сопружник Мери Пламер
(1869–1891; разведени)
Деца Мишел
Установа Универзитет во Нант
Професија лекар, новинар, политичар
Прекар Татко на Победата
Тигарот

Влез во политиката

уреди

По занимање Жорж Клемансо бил лекар. Студиите ги завршил во 1865 година, потоа поминал четири години во Соединетите Американски Држави. Медицината и здравството не го интересирале, помила му била политиката и власта, па по враќањето во татковината се сместил во Париз. Веќе со своите дваесет и девет години бил избран за градоначалник (претседател на општинскиот совет) на францускиот главен град.

Од париската општинска управа во февруари 1876 година оди во францускиот парламент. Воинствен, како парламентарец се заземал за продолжување на Француско-пруската војна и бил против Франкфуртскиот мировен договор. Во парламентот ги водел левичарските радикали.

Случајот Панама

уреди

Согледувајќи ги можностите и влијанијата на печатот, Клемансо во 1880 година го покренал весникот „Правда“ (La Justice), и го користел за разни цели. Така овој весник го користел и за сопствена одбрана против обвиненијата за вмешаност во подмитувањето во „случајот Панама“, поврзан со изградбата на Панамскиот Канал. Во прашање биле акции кои ги нудела „Компанијата за меѓуокеанскиот канал во Панама“ (Compagnie universelle du canal interocéanique de Panama) на баронот Фердинанд де Лесепс, претходно главниот градител на Суецкиот Канал, кој почнал да го гради и Панамскиот Канал. Кога случајот се појавил во 1892 година, многу француски политичари и стопанственици биле турнати во тешкотии заради сомнителната работа, баронот Де Лесепс бил најден мртов, а акциите на друштвото пропаднале со што биле оштетени бројни француски штедачи.

Противник на антисемитизмот и „случајот Драјфус“

уреди

Клемансо бил противник на антисемитизмот и така и настапувал. Тоа го потврдил и во аферата Драјфус кога за лажно обвинетиот, јавно осрамотениот и во 1894 година невино осудениот офицер на француската војска Алфред Драјфус, кој бил со еврејско потекло, барал обнова на судската постапка и утврдување на вистината. Во врска со истото во весникот „Зора“ ("L'Aurore") на 12 јануари 1898 година го објавил и отвореното писмо на Емил Зола „Обвинувам“ ("J'accuse") насловено до претседателот на Француската Република, кое со причина предизвикало политичка криза во Третата Република и нејзиниот систем [2].

Отворен противник на Католичката црква

уреди

Жорж Клемансо во родителскиот дом бил воспитан против Католичка цркваКатоличката црква. На таа определба останал сè до крајот, и во опозиција и на власт бил познат како жесток антиклерикалец, кој на Католичката црква ѝ нанел не мала штета. Меѓу останатото во 1901 година го смислил и законот за забрана на католички заедници и манастири, оставајќи ги само оние кои успеале да докажат дека се „општествено корисни“ по негова мерка.

Во опозиција и на власт

уреди

Во опозиција жестоко се борел против лицата и политичките организации на власт. Бил незгоден политички соперник, вешт говорник, често саркастичен и непомирлив. Со своите вешти политички игри повеќепати успеал да ги турне од власт своите политички противници, па ги стекнал прекарите „Тигар“ и „Рушител на министерства“.

Во 1906 година влегува во владата. Прво станува министер за внатрешни работи, а на 25 октомври 1906 година доаѓа на чело на владата како 77. премиер и на таа позиција останува до 20 јули 1909 година. Во самата влада и околу неа, на еден или друг начин, останува сè до своето повлекување од политиката во 1920 година. По вторпат доаѓа на чело на владата на 16 ноември 1917 година каде останува сè до 18 јануари 1920 година, кога целосно се повлекува од политичкиот живот.

Како што бил незгоден во опозиција, така бил незгоден и на власт. Кога станал челник на силите за ред и внатрешна сигурност на Франција, при штрајковите на рударите во департманот Па де Кале и на винарите во Лангдок-Русијон издава наредби за насилно гушење на истите.

Уверен во неизбежноста на воена пресметка со Германија, ја осудува попустливоста на француските политичари, настојува земјата подобро да се подготви за војна и се зазема за воспоставување на добри односи со Велика Британија. Кога во 1914 година избила Првата светска војна, со своите статии ја јакнел борбеноста како на боиштата така и низ цела Франција. Владата ја обвинил за неодлучност, а од граѓаните барал најголеми жртви за да се осигура воена победа. Кога во 1917 година состојбата на боиштето станало критично, Поенкаре му го доверил мандатот за состав на нова влада. На чело на владата во која истовремено бил и министер за војна, Клемансо останал упорен и доследен, покажувајќи дека е голем организатор, но и голем диктатор.

Залагајќи се за француските интереси, како владин човек не се двоумел да посегне и по туѓо. Така после Првата светска војна на мировната конференција во Версај, со сите средства настојувал да избори што поповолна положба за Франција во новиот однос на силите и новата поделба на политичките улоги во Европа и светот. За тоа запишал: „Тој мировен договор, како и секој друг, се јавува како продолжение на војната и не може да биде ништо друго.“ Меѓутоа неговите барања биле преголеми за да не се забележи кон што тежнее. Меѓу останатото го барал и левиот брег на Рајна, што наишло на остро противење и осуда од страна на Соединетите Држави и Велика Британија, уплашени од можната француска превласт во Европа.

Во 1918 година, Клемансо едногласно бил избран во Француската академија, но никогаш не присуствувал.

Последните девет години од 1920 година кога се повлекол, Клемансо ги поминал вон политичкиот живот.

Наводи

уреди
  1. David Watson, Georges Clemenceau: A Political Biography (1976) pp. 16-22.
  2. „G.Clemenceau Museum - Paris“. Архивирано од изворникот на 2019-08-29.

Надворешни врски

уреди