Шенгенски договор
Шенгенскиот договор е договор помеѓу европските држави склучен во 1985. и проширен во 1990. кој овозможува напуштање на граничните контроли помеѓу земјите потписнички. Шенгенските одредби се однесуваат на најголемиот дел од европските земји, односно на околу 400 милиони жители и вкупна површина од 4.268.633 км2, кои се нарекуваат Шенген-зона. Одредбите на договорот вклучуваат заедничка политика за влез (вклучувајќи и политика за издавање на единствена Шенген-виза), хармонизација на контролата на надворешните граници, координација преку агенцијата Фронтекс, прекугранична полициска и судска соработка.
Договор помеѓу Владите на државите на Бенелукс-економска унија, Сојузна Република Германија и Република Франција, за постепеното укинување на контролата на заедничките граници | |
---|---|
Потписите на Шенгенскиот договор од 14 јуни 1985 | |
Потпишан | 14 јуни 1985 (пред 39 години, 3 месеци и 22 дена) |
Место | Шенген, Луксембург |
На сила од | 26 март 1995 (пред 29 години, 6 месеци и 10 дена) |
Изворни потписници | Белгија Франција Западна Германија Луксембург Холандија |
Чувар | Влада на Големото Војводство Луксембург |
Вкупно 29 земји, вклучувајќи 25 членки на ЕУ и уште четири други - Исланд, Норвешка, Лихтенштајн и Швајцарија се потписнички на Шенгенскиот договор.
Договорот го добил името по гратчето Шенген во Луксембург.