Африканска Плоча

тектонска плоча

Африканска Плоча — голема тектонска плоча што опфаќа голем дел од континентот Африка (освен најисточниот дел) и соседната океанска кора на запад и југ. Се граничи со Северноамериканската and Јужноамериканската Плоча на запад (ги двои Средноатлантскиот Гребен); Арапската и Сомалиската Плоча на исток; Евроазиската, Егејската и Анадолската Плоча на север и Антарктичката Плоча на југ.

Африканска Плоча
Видголема
Површина61.300.000 км2
ОпфаќаАфрика, Атлантски Океан, Средоземно Море, Црвено Море

Во периодот пред 60 до 10 милиони години Сомалиската почнала да се раседува од Африканската по Источноафриканскиот Гребен.[1] Бидејќи африканскиот континент се состои од кора и од Африканската и од Сомалиската Плоча, некои дела ја нарекуваат Нубиска Плоча за да ја различат од континентот во целина.[2]

Граници

уреди

Западниот раб на Африканската Плоча е раздвојувачка граница со Северноамериканската Плоча на север и Јужноамериканската Плоча на југ каде е образуван средишниот и јужниот дел на Средноатлантскиот Гребен. Африканската Плоча на североисток се граничи со Арапската, на јуоисток со Сомалиската, на север со Евроазиската, Егејската и Анадолската Плоча, а на југ со Антарктичката Плоча во Југозападноиндискиот Гребен. Сите овие се раздвојувачки или раширувачки граници, со исклучок на северната граница и мал дел близу Азорите наречен Терсиерски Расед.

Составници

уреди

Западната граница на Јадранскиот слив моментално се поместува кон исток за 40 мм годишно под потисок на Евроазиската Плоча. Поради ова се одвива постепено стеснување на Јадранското Море. Долината на реката По е дел од Африканската Плоча.

Африканската Плоча има неколку кратони, стабилни блокови на стара кора со длабоки корени во потконтинетскиот литосферен плашт, и помалку стабилниј терани, кои се здружиле за да го создадат африканскиот континент при составувањето на суперконтинентот Пангеја пред околу 250 милиони години. Од југ кон север, кратоните се следниве: Калахарски, Когоански, Танзаниски и Западноафрикански. Тие во минатото биле нашироко распрснати, но се соединиле за време на панафриканската орогенеза и останале заедно при цепењето на Гондвана. Поврзани се со орогенски појаси, подрачја на високоизобличена карпа каде дејствувала тектонска плоча.

Сахарскиот Метакратон се смета за можен остаток на краток кој отцепен од континенталниот литосферен плашт, но може да биде и збир од неповрзани парчиња кора насобрани заедно за време на панафриканската орогенеза.

На некои подрчаја кратоните се покриени со таложни сливови, како Тиндуфскиот, Тауденскиот и Конгоанскиот, каде потположната стара кора е натслоена од понови неопротерозојски слоеви. Плочата опфаќа подрачја на смолкнување како Централноафриканското каде, во минатото, два дела ка кората се движеле во спротивни насоки и дошло до цепење на кората во раседи како браздата Анза, поради што добиената вдлабнатина се пополнила со понови талози.

Денешно движење

уреди
 
Денес Африканската Плоча се движи со брзина од 32,51 км на милион години во однос на „просечните“ брзини на Земјината кора.

Африканската Плоча се раседува во источната внатрешност на африканскиот континент долж Источноафриканскиот Расед. Ова раседно подрачје ја двои Африканската Плоча на запад од Сомалиската на исток. Според една хопотеза, под регионот Афар се издига плаштова перјаница, туркајќи ја кората нанадвор; спротивната хипотеза вели дека раседнувањето е последица од диманиката на кората како пукнатина во Африканската Плоча долж линијата на најголема слабост додека плочите на исток бргу се движат на север.

Се проценува дека Африканската Плоча се движи со брзина од 2,15 см годишно.[3] Во изминатите 100 милиони години плочата се движи на североисток. Притиска на Евроазиската Плоча, предизвикувајќи подвлекување таму кајшто океанската кора се приближува до континентална кора (на пр. делови од средното и источното Средоземје). Во западното Средоземје релативното движење на Евроазиската и Африканската Плоча предизвикуваат комбинација од странични и набивни сили, сосредоточени во област наречена Азорско–гибралтарското Раседно Подрачје. Долж нејзината североисточна граница, Африканската Плоча се граничи со Црвеноморскиот Расед каде Арапската Плоча се оддалечува од Африканската.

Новоанглиската Врела Точка in Атлантскиот Океан веројатно создала кратка линија од подводни планини на Африканската Плоча во средниот до доцниот терцијар, но изгледа дека моментално е неактивна.[4]

Наводи

уреди
  1. „Somali Plate“. Ashten Sawitsky. Посетено на 30 јуни 2015.
  2. Chu, D.; Gordon, R.G. (1999). „Evidence for motion between Nubia and Somalia along the Southwest Indian ridge“. Nature. 398 (6722): 64–67. Bibcode:1999Natur.398...64C. doi:10.1038/18014. S2CID 4403043.
  3. Huang, Zhen Shao (1997). „Speed of the Continental Plates“. The Physics Factbook. Посетено на 7 јуни 2018.
  4. Duncan, R.A. (1984). „Age progressive volcanism in the New England Seamounts and the opening of the central Atlantic Ocean“. Journal of Geophysical Research: Solid Earth. 89 (B12): 9980–90. Bibcode:1984JGR....89.9980D. doi:10.1029/jb089ib12p09980.

Надворешни врски

уреди