Квинт Серториј
Квинт Серториј (латински: Quintus Sertorius, (121 п.н.е. – 73 п.н.е.) – римски војсководач. Се борел против Сула при што пребегал во Шпанија. Според Плутарх, некој жител на Шпанија му подарил срна, а Серториј ја припитомил и ја научил постојано да оди со него и ги убедувал варварите дека таа му кажува многу тајни, со што нив ги држел во покорност. Според една легенда, Серториј на следниов начин им покажал на Лузитанците дека римската армија не може да се победи наеднаш: На некој старец му наредил од опашката на некој силен коњ да кубе влакно по влакно, а старецот го направил тоа без мака. Истовремено, на едно момче му наредил да му ја откорне целата опашка на некој слаб коњ, но обидите на момчето биле безуспешни. Така, Серториј заклучил: „Римската војска е како коњска опашка: лесно може да се уништи со поединечни напади; но, ако некој се обиде да ја уништи целата војска, сигурно ќе ја изгуби битката.“[1]
Наводи
уреди- ↑ „Beleške“, во: Erazmo Roterdamski, Pohvala ludosti. Beograd: Rad, 2016, стр. 120-121.