Западноевропско време

часовен појас во делови од западна и северозападна Европа

Западноевропското време (крат. WET од англиски: Western European Time; UTC±00:00) — часовен појас што опфаќа делови од западна и северозападна Европа. Појасот го користат следниве земји и региони:

Сите горенаведени земји освен Исланд применуваат летно сметање на времето, што значи дека се префрлаат на западноевропско летно време (WEST, UTC+1), кое е еден час понапред. Во Британија ова се нарекува „британско летно време“.

Појасот во теорија се протега од 7,5° ИГД до 7,5° ЗГД (0° ± 7,5°), но WET не се применува во Холандија, Белгија, Луксембург, Франција, Гибралтар и Шпанија, кои користат средноевропско време (CET), иако сите тие се целосно (освен дел од Франција) западно 7,5° ИГД. Обратен случај се Исланд и Источен Гренланд, кои се вклучени во WET иако обете се западно од 7,5° ЗГД.

Во минатотоУреди

Западноевропското време во минатото се користело и во други европски земји, земајќи го тогашниот Париски меридијан како појдовна линија:

НаводиУреди

  1. „Еден час помалку во Канарија: Историско-правен осврт“. Универзитет на Лас Палмас де Гран Канарија. 2006. Архивирано од изворникот на 2013-06-08. Посетено на 7 декември 2012. (шпански)
  2. „Часовни појаси во Португалија“. Statoids. Посетено на 18 октомври 2011. (англиски)

ПоврзаноУреди