Зенит — замислена точка која се наоѓа во местоположба „над“ одредено место, на замислената небесна сфера. „Над“ ја означува вертикалната насока на гравитационата сила која е во спротивна насока од насоката на зенитот. Со спротивна насока се означува насоката на гравитацијата којашто е насочена кон надирот.

Дијаграмот кој ја прикажува врската меѓу зенитот надирот, и различните видови на хоризонти. Сè забележува дека зенитот е во спротивна насока од надирот.

Зенит може да се користи како и име коешто означува успех и моќ.

ПотеклоУреди

Потеклото на зборот „зенит“ е праиндоевропско и се дефинира како '*mei-' („да се промени“). Во латинскиот јазик се сретнува како 'meare' („да се помине“). Со претставката 'sē-' („настрана“) се добива обликот 'sēmeare' („да се разграни“). Тогаш e обликувана именката 'sēmita' што означува странично („странично“).[1] Кога Римјаните ја зазедоа Сирија, краток период пред времето на Христа, месните жители Арамејците го присвоиja зборот 'sēmita' како 'simta' („странично“).[2] По заминувањето на Римјаните, и какошто Арапите ја заземаа земјата во VII век тие го презедоа aрамејскиот збор 'simta' како 'samt' („настрана“) и од него изведоа нови астрономски изрази.[3] Зборот „зенит“ потекнува од неточното читање на aрапскиот израз سمت الرأس (samt ar-ra's), што означува „насочување на главата“ или „патека над главата“, какошто е наведено во записите од средниот век на латински јазик (за време на XIV век), а можно е и да потекнува од старите шпански записи. Подоцна беше сведено на 'samt' („насока“), а воедно и неточно запишан како 'senit'/'cenit', во текстовите „m“ било погрешно читано како „ni“. Во XVII век за првпат се сретнува во старофранцускиот јазик зборот 'cenith', 'zenith'.[4][5]

Значење и употребаУреди

 
Сенката на дрвјата кога Сонцето е точно над нив (во зенит). Ова се случува во периодот на сончевото пладне ако во тој момент должината на дрвјата е еднаква со сончевата деклинација

.

Поимот зенит понекогаш се користи за да се означи највисоката точка достигната од некое небесно тело во текот на својата привидна орбита од дадена точка на набљудување.[6] Оваа значење на зборот често се користи да се опише местоположбата на Сонцето („Сонцето го постигнало својот зенит...“), но за еден астроном Сонцето нема сопствен зенит, и е во зенитот само ако е точно над него.

Во науката, зенитот е насоката со која се означува мерењето на аголот на зенитот, аголот помеѓу насоката во која се одвива набљудувањето (пример, ѕвезда) и локалниот зенит.

Во астрономијата, висината во хоризонталниот координатен систем и аголот на зенитот се комплементарни агли, при што хоризонтот е нормален на зенитот. Астрономскиот меридијан исто така е определен од зенитот, и се опишува како круг на небесната сфера кој поминува низ зенитот, надирот и небесните полови.

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. Wyld, Henry Cecil Kennedy (1932). Universal Dictionary of the English Languages. стр. 715, 1089.
  2. Avinoam, Reuben (1968). Compendious Hebrew – English Dictionary. Tel Aviv: Dvir.
  3. Fraenkel, Siegmund (1886). Die aramaeischen Fremdwoerter im Arabischen. Leiden.
  4. „Etymology of the English word zenith“. My Etymology. Посетено на March 21, 2012.
  5. „Zenith“. Dictionary.com. Посетено на March 21, 2012.
  6. „Zenith“. Merriam-Webster. Посетено на March 21, 2012.