Португалци
Португалци (португалски: Portugueses) е израз кој во поширока смисла ги означува жителите на Португалија, додека во потесна смисла означува романска етничка група чијашто татковина е Португалија. Португалците јазично се дефинирани со користење на португалскиот јазик, и во помала мера култура чиј главен темел е христијанската римокатоличка вера.
Португалците своето потекло го влечат од древните жители на Иберискиот Полустров - ибериски и келтски племиња (Келтибери), од кои најпознати се Лузитанците - кои за време на римската власти се помешале со латинските доселеници и на тој начин се романизирани. Покрај нив, иако помалку, на создавањето модерна португалска нација имале блијание и германските освојувачи за време на Големата преселба на народите - Визиготи и Свеви, а во португалскиот етнички корпус, исто така, можат да се најдат Феникијци, Арапи, Маври и Бербери.
Денес, во државата Португалија има околу 10 милиони Португалци. Благодарение на повеќевековната португалска колонијална империја постојат значајни заедници на Португалци во земјите како Ангола, Шри Ланка, Мозамбик, Макао и Источен Тимор. Поради економските емиграции во XX век, посебно интензивирани со влезот на Португалија во Европската Унија, создадени се и бројни португалски заедници во западноевропските земји, но и во многу делови на Северна Америка, особено Канада.
За Португалци, може да се сметаат и најмалку 35% од денешните Бразилци.
Надворешни врски
уреди- Португалци на Ризницата ?