Локални избори во Македонија (2017)
Локални избори во Македонија во 2017 година — избори што се одржале на 15 октомври 2017 година со цел избирање на советници и градоначалници во 80 општини во Република Македонија и во градот Скопје.[1] Изборите биле распишани на 6 август 2017 од собранискиот претседател Талат Џафери.[2] Листи со кандидати за градоначалници и советници поднеле 19 партии и коалиции, како и 64 групи избирачи.[3] Изборната кампања траела од 25 септември до 13 октомври, а гласање во прв круг имало на 3.480 избирачки места на територијата на Македонија.[4] Право на глас имале 1.814.644 граѓани запишани во избирачкиот список.
![]() | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
Во првиот круг, градоначалници биле избрани во 45 општини, а во 35 општини имало втор круг. СДСМ во првиот круг победиле во 37 општини и во Град Скопје, ВМРО-ДПМНЕ победиле во 3, а ДУИ во 2 општини.[5] Во вториот круг, СДСМ победиле во 19 општини, ДУИ во 8, АА во 3, ВМРО-ДПМНЕ во 2, додека Беса и ДПА во по 1 општина.[6][7]
Заднина Уреди
На Локалните избори се избирало помеѓу 260 кандидати за 81 градоначалничко место. Од нив, 196 биле кандидати предложени од партии или коалиции, а 64 биле независни кандидати. Карактеристична била родовата нееднаквост, бидејќи само 15 од кандидатите биле жени (6 %), додека останатите 245 кандидати (94 %) биле мажи. Најголема конкуренција имало за градоначалничкото место во Скопје, каде се избирало помеѓу осум кандидати. Во 36 општини имало само по двајца кандидати, најчесто СДСМ против ВМРО-ДПМНЕ. Помеѓу кандидатите имало многу актуелни градоначалници. Двајца од нив, Трајче Димитриев во Демир Капија и Исмаил Јахоски во Пласница, се бореле за петти мандат. Уште осум градоначалници што отслужиле три мандати, се бореле за четврт.
Резултати за градоначалници по општина Уреди
Грб | Општина | Број на гласачи | Победник[8] | Освоени гласови | % на освоени гласови | Партија |
---|---|---|---|---|---|---|
Скопје (детали) | 461.312 | Петре Шилегов | 141.164 | 50,33% | ||
Аеродром | 65.910 | Златко Марин | 22.559 | 52,19% | ||
Арачиново | 9.366 | Миликије Халими | 3.067 | 58,81% | ||
Берово | 11.169 | Звонко Пекевски | 5.006 | 63,33% | ||
Битола | 83.692 | Наташа Петровска | 31.337 | 59,77% | ||
Богданци | 6.890 | Блаже Шапов | 2.800 | 55,37% | ||
Боговиње | 27.237 | Аљбон Џемаили | 6.430 | 53,70% | ||
Босилово | 12.323 | Зоран Зимбаков | 4.075 | 53,80% | ||
Брвеница | 15.186 | Енвер Пајазити | 3.871 | 55,38% | независен | |
Бутел | 33.275 | Велимир Смилевски | 9.993 | 57,02% | ||
Валандово | 10.125 | Перо Костадинов | 4.074 | 55,31% | ||
Василево | 10.451 | Марјан Јанев | 3.604 | 52,52% | ||
Вевчани | 2.069 | Сашо Јанкоски | 870 | 53,15% | ||
Велес | 46.612 | Аце Коцевски | 15.962 | 53,51% | ||
Виница | 17.365 | Ивица Димитров | 5.570 | 52,23% | ||
Врапчиште | 25.377 | Исен Шабани | 5.642 | 51,25% | ||
Гази Баба | 61.831 | Борис Георгиевски | 17.173 | 53,57% | ||
Гевгелија | 19.413 | Сашо Поцков | 8.345 | 54,55% | ||
Гостивар | 79.632 | Арбен Таравари | 16.920 | 50,12% | ||
Градско | 3.152 | Роберт Бешовски | 1.211 | 53,51% | ||
Дебар | 18.425 | Ружди Љата | 4.430 | 52,04% | ||
Дебрца | 4.625 | Зоран Ногачески | 1.785 | 56,70% | ||
Делчево | 15.032 | Горан Трајковски | 5.100 | 55,40% | ||
Демир Капија | 3.405 | Лазар Петров | 1.627 | 56,12% | ||
Демир Хисар | 7.313 | Марјанче Стојановски | 3.185 | 55,43% | ||
Дојран | 2.755 | Анго Ангов | 1.258 | 58,19% | ||
Долнени | 11.526 | Џемил Ќамили | 3.844 | 53,93% | ||
Ѓорче Петров | 37.797 | Александар Наумоски | 13.155 | 53,75% | ||
Желино | 23.063 | Блерим Сејди | 5.443 | 51,27% | ||
Зелениково | 3.779 | Борче Гиевски | 1.532 | 59,22% | ||
Зрновци | 2.628 | Блаже Станков | 944 | 57,11% | ||
Илинден | 14.042 | Жика Стојановски | 5.235 | 57,34% | ||
Јегуновце | 10.268 | Дарко Блажески | 2.739 | 61,79% | ||
Кавадарци | 32.706 | Митко Јанчев | 13.180 | 52,65% | ||
Карбинци | 3.272 | Јордан Насев | 1.390 | 56,94% | ||
Карпош | 53.906 | Стефан Богоев | 21.278 | 57,70% | ||
Кисела Вода | 53.090 | Филип Темелковски | 16.207 | 54,89% | ||
Кичево | 50.616 | Фатмир Дехари | 17.116 | 60,36% | ||
Конче | 2.781 | Благој Илиев | 1.182 | 55,23% | ||
Кочани | 33.280 | Николчо Илијев | 11.622 | 55,80% | ||
Кратово | 8.285 | Љупчо Бојаџиев | 3.384 | 57,11% | ||
Крива Паланка | 17.162 | Борјанчо Мицевски | 7.467 | 57,97% | ||
Кривогаштани | 4.859 | Рубинчо Шефтероски | 2.002 | 53,90% | ||
Крушево | 8.065 | Томе Христоски | 3.638 | 60,63% | ||
Куманово | 92.764 | Максим Димитриевски | 26.289 | 52,53% | ||
Липково | 25.105 | Еркан Арифи | 6.656 | 58,55% | ||
Лозово | 2.072 | Ацо Велковски | 910 | 55,18% | ||
Маврово и Ростуше | 9.847 | Медат Куртовски | 2.013 | 55,85% | ||
Македонска Каменица | 6.764 | Соња Стаменкова | 2.714 | 54,24% | ||
Македонски Брод | 5.257 | Живко Силјаноски | 2.679 | 66,46% | ||
Могила | 5.554 | Јасмина Гулевска | 1.913 | 51,22% | ||
Неготино | 16.084 | Тони Делков | 6.455 | 51,44% | ||
Новаци | 3.079 | Љубе Кузманоски | 1.183 | 53,00% | ||
Ново Село | 11.452 | Боро Стојчев | 3.005 | 52,13% | ||
Охрид | 52.858 | Јован Стојаноски | 18.262 | 54,07% | ||
Петровец | 7.642 | Борче Митевски | 3.197 | 62,05% | ||
Пехчево | 4.261 | Драган Тренчовски | 1.680 | 52,65% | ||
Пласница | 4.969 | Исмаил Јахоски | 1.449 | 59,12% | ||
Прилеп | 64.985 | Илија Јованоски | 23.607 | 51,07% | ||
Пробиштип | 12.931 | Драган Анастасов | 5.198 | 52,27% | ||
Радовиш | 24.404 | Герасим Конзулов | 7.443 | 50,13% | ||
Ранковце | 3.096 | Ивица Тошевски | 1.472 | 58,27% | независен | |
Ресен | 17.119 | Живко Гошаревски | 5.537 | 55,02% | ||
Росоман | 3.411 | Бранко Јанев | 1.518 | 54,23% | ||
Сарај | 30.942 | Блерим Беџети | 8.896 | 52,26% | ||
Свети Николе | 14.893 | Сашо Велковски | 5.415 | 50,17% | ||
Сопиште | 4.972 | Стефче Трпковски | 1.752 | 50,84% | ||
Старо Нагоричане | 3.431 | Жаклина Јовановска | 1.379 | 65,36% | ||
Струга | 60.575 | Рамиз Мерко | 13.945 | 49,53% | ||
Струмица | 49.318 | Коста Јаневски | 18.502 | 59,45% | ||
Студеничани | 15.378 | Азем Садику | 4.161 | 52,17% | ||
Теарце | 22.028 | Исен Асани | 4.686 | 51,64% | ||
| Тетово | 82.887 | Теута Арифи | 18.136 | 49,09% | |
Центар | 43.505 | Саша Богдановиќ | 17.916 | 63,47% | ||
Центар Жупа | 6.810 | Аријан Ибраим | 1.688 | 70,48% | ||
Чаир | 57.767 | Висар Ганиу | 13.987 | 48,92% | ||
Чашка | 6.017 | Горан Стојановски | 2.253 | 69,58% | ||
Чешиново-Облешево | 5.704 | Горанчо Крстев | 2.155 | 49,91% | ||
Чучер-Сандево | 7.560 | Јован Пејковски | 2.486 | 51,40% | независен | |
Штип | 42.159 | Благој Бочварски | 15.078 | 51,54% | ||
Шуто Оризари | 23.289 | Курто Дудуш | 4.936 | 57,61% |
Советнички места Уреди
Реакции по изборите Уреди
Политичар | Изјава |
---|---|
Зоран Заев | „Најважно е што граѓаните победија. Им порачувам на советниците и градоначалниците дека ерата на локални шерифи заврши. Обврската сега е поголема. Во Македонија има живот за сите. Сега нема изговор. Засукуваме ракави за сите граѓани во нашата убава Македонија. Народот тоа го заслужува. Заедно сме сплотени во едно општество за сите, само сплотени и Македонија ќе оди напред. Им порачувам на сите носители на функции, внимателно да си го слушаме народот. Ветивме ќе бидеме сервис на граѓаните, како тие ќе диктираат, ние ќе работиме.“ |
Никола Груевски | „Ќе се анализираат сите аспекти на денешните резултати, со цел да се утврди покрај сите масовни нерегуларности, што друго од нашата страна беше недоволно добро или погрешно направено заради што не добивме подобар резултат на овие избори. Јас како претседател на партијата секако имам највисока одговорност за изборните резултати што и претходно го кажав. За сето тоа, за причините, за резултатите и идниот правец ќе се дискутира во периодот веднаш по завршување на изборите.“ |
Али Ахмети | „Сигурно дека при ваквата голема победа има одредени изгубени битки, но тоа не значи дека е изгубена целата војна, како што е случајот со Гостивар. ДУИ е голема партија и така што и во случаите во општините Врапчиште, Желино и Боговиње, каде победил еден од другите кандидати ќе им помага, како што им помагаме на нашите кандидати.“ |
Зијадин Села | „Не го признаваме овој резултат. Имајќи предвид дека демократијата е волјата на мнозинството, а мнозинството во Струга е на албанското население, во сите албански села 100 проценти и кај албанското гласачко тело го имаме победено ДУИ и тоа со длабок резултат од два спрема еден. Не сме ги изгубиле изборите. Напротив, ако некој сакал да удира врз мојот легитимитет како претседател на Алијансата на Албанците ме направиле уште посилен.“ |
Биљал Касами | „Во Македонија згасна една партија на Албанците и сега ДУИ слободно може да се смета за огранок на СДСМ. ДУИ победи со гласовите на СДСМ, но ние победивме во сите општини со гласовите на Албанците.“ |
Наводи Уреди
- ↑ Локални избори на 15 октомври, Сакам Да Кажам (01.06.2017)
- ↑ Џафери ги распиша локалните избори за 15 октомври 2017, Сител (06.08.2017)
- ↑ Редослед на листите на кандидати на гласачкото ливче, Државна изборна комисија (19.09.2017)
- ↑ Водич за локалните избори 2017 Архивирано на 30 септември 2017 г., Newsroom.mk (25.09.2017)
- ↑ Кој каде победи, а каде ќе има втор круг?, Плусинфо (17.10.2017)
- ↑ Список на градоначалници кои победија во вториот круг, Сакам Да Кажам (29.10.2017)
- ↑ СДСМ ќе раководи во 56 општини и во Скопје, ВМРО-ДПМНЕ во 5, Meta.mk (30.10.2017)
- ↑ Локални Избори - Македонија 2017, Државна изборна комисија (15.10.2017)
- ↑ Вкупен број на освоени советнички мандати, Мојот избор (18.10.2017)
Надворешни врски Уреди
- Локални избори 2017[мртва врска], Државна изборна комисија на Македонија
- „СДСМ – 415.726, ВМРО-ДПМНЕ – 335.054 (ИЗВОР: ДИК)“, „Сакам да кажам“, 16 октомври 2017.