Драган Тренчовски

градоначалник на Општина Пехчево

Драган Тренчовски (р. 6 мај 1982 во Штип) — македонски политичар од редовите на СДСМ, кој е тековен градоначалник на Општина Пехчево. На функцијата стапил по локалните избори во 2017 година, кога победил во првиот круг со освоени 1.680 гласа.[1]

Драган Тренчовски
Градоначалник на Општина Пехчево
На должноста
15 октомври 2017 – 1 ноември 2021
Лични податоци
Роден(а) 6 мај 1982(1982-05-06)(42 г.)
Штип, СФРЈ СФР Југославија
Националност Македонец
Партија СДСМ
Установа Колеџ „Јорданка Филаретова“
Занимање политичар
Вероисповед Православна

Личен живот

уреди

Драган Тренчовски е роден во градот Штип на 6 мај 1982 година. Основното образование го завршил во градот Пехчево, додека средно образование во Штип, насока забен техничар.[2]

Завршил како специјалист по заботехника на колеџот „Јорданка Филаретова“ во Софија.[2]

Драган не е оженет. Активно се служи со англискиот јазик.[2]

Политичка кариера

уреди

Пред да стане градоначалник на Општина Пехчево, Тренчовски бил член на Советот на општината во периодот 2009-2013.

Наводи

уреди
  1. „Мандати за градоначалници и совет во РМ – Локални избори 2017“. Државна изборна комисија на Македонија. Посетено на 3 декември 2017.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Биографија“. Општина Пехчево. Посетено на 3 декември 2017.