Горан Трајковски

градоначалник на Општина Делчево

Горан Трајковски (р. 20 јули 1971 во Делчево) — македонски политичар од редовите на СДСМ, кој е тековен градоначалник на Општина Делчево.

Горан Трајковски
Градоначалник на Општина Делчево
На должноста
15 октомври 2017 – во служба
Лични податоци
Роден(а) 20 јули 1971(1971-07-20)(53 г.)
Делчево, СФРЈ СФР Југославија
Националност Македонец
Партија СДСМ
Деца 2
Установа Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
Занимање политичар
Вероисповед Православна

Личен живот

уреди

Горан Трајковски е роден во градот Делчево на 20 јули 1971 година. Основното образование го завршил во градот, додека средно образование во гимназијата „Раде Јовчевски Корчагин“ во Скопје.[1]

Завршил математика на Природно-математичкиот факултет на Скопскиот универзитет.

Во 2003 година се вработил во ОУ „Св. Климент Охридски“ како наставник по математика, а во периодот 2007-2009 бил заменик-директор на училиштето. Исто така, бил и член во управниот одбор на НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“.

Горан е оженет и е татко на две девојчиња. Активно се служи со англискиот јазик, а хоби му е велосипедизмот и риболовот.[1]

Политичка кариера

уреди

Пред да стане градоначалник на Општина Делчево, Трајковски бил член на Советот на општината во периодот 2013-2017. На функцијата градоналчалник стапил по локалните избори во 2017 година, кога победил во првиот круг со освоени 5.100 гласа.[2] На Локалните избори кои се одржале на 17 октомври 2021 година, Трајковски како кандидат за градоначалник на Општина Делчево од редовите на СДСМ победил во првиот круг на гласање со освоени 51,14% од гласовите[3]


Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Биографија“. Општина Делчево. Архивирано од изворникот на 2017-11-25. Посетено на 2 декември 2017.
  2. „Мандати за градоначалници и совет во РМ – Локални избори 2017“. Државна изборна комисија на Македонија. Посетено на 2 декември 2017.
  3. „ДИК: Целосно преброени гласовите во 67 општини, 29 општини добија градоначалници во прв круг“. Точка. 17 октомври 2021. Посетено на 19 октомври 2021.