Саша Богдановиќ
Саша Богдановиќ (роден на 17 мај 1985 во Постојна, Словенија) — градоначалник на Општина Центар од 2017 до 2021, граѓански активист, претседател на општинската организација на СДСМ-Центар и поранешен директор на ЈП Паркинзи на Општина Центар.
Саша Богдановиќ | |
---|---|
Градоначалник на Општина Центар | |
На должноста 2017–2021 | |
Претходник | Андреј Жерновски |
Наследник | Горан Герасимовски |
Лични податоци | |
Роден(а) | 17 мај 1985 Постојна, СР Словенија |
Партија | СДСМ |
Професија | политиколог |
Личен развој
уредиБогдановиќ во 2001 година станал член на политичката партија СДСМ, а во 2003 година активно се вклучил во сите активности од општествена одговорност. Во 2004 година завршил средно медицинско училиште и дипломирал политички науки на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
Професионална кариера
уредиВо 2009 година се вработил во фабриката за изолациони материјали „Кумал -СК“, каде што после една година бил поставен како раководител на комерција, сè до мај 2013 година, кога бил именуван за в.д. директор на јавното претпријатие ЈП Паркинзи на Општина Центар.
Богдановиќ во 2014 ја добил функцијата Претседател на Општинската Организација на СДСМ во Центар.
Тој е првиот директор на ЈП ПОЦ кој ги ослободил жителите на Општина Центар од плаќање за паркинг и притоа ги вратил сите долгови кои биле затекнати во претпријатието со неговото доаѓање на функција.[1] Како директор вовел многу новитети и поволности, како гостинска М-карта[2] со зголемен број на часови за гости, Новинарска мобилна карта[3], Бизнис карта[4], Карта за спортисти и тренери и бесплатен паркинг за хибридни возила[5]. Со претходно добиена согласност од Советот на Општина Центар, од 2013 година финансиски го помогнал КК Работнички.
Богдановиќ се залага за правата на сите граѓани и преку многубројни хуманитарни акции кои ги организирал заедно со своите пријатели и соработници. Во мај 2017 година, за првпат на територија на Општина Центар, ја започнал кампањата за стерилизација на бездомни животни „Центар на 4 нозе“.
Политичка кариера
уреди- 2008 – Шеф на Центаралниот младински изборен подштаб
- 2009 – раководител на сектор логистика и оператива и член на Извршниот Одбор на Општинската Организација на СДСМ – Центар.
- 2011 – шеф на логистика и оператива
- 2013 - шеф на логистика и оператива
- 2014 – шеф на Општински изборен штаб
- 2014 - Претседател на Општинската Организација на СДСМ во Центар.
- 2015 – координатор на проектот „Мрежа“ за скопскиот регион.
- 2017 – градоначалник на Општина Центар
Контроверзи
уредиНа 13 октомври Саша Богдановиќ во емисијата „НОВА Студио“ која ја води новинарката Билјана Секуловска на порталот „Нова“ заедно со активистката Ана Чоловиќ - Лешоска од невладината организиацијја „Еко свест“ дискутираат на тема „Како да се намали загадувањето во Општина Центар“, но и за тоа како општината да се справува со глобалното загревање. Интервјуто се сведува, во најголема мерка, на решавање на паркирањето на Орце Николов (каде што живее активистката) и на тоа дека со отстранување на употребата на јаглен и дрва за огрев од околу осумдесетина семејства ќе се влијае врз загадувањето.[6][7] Инаку, најголемиот дел од загадувањето во Општина Центар, како што подоцна се вели во интервјуто, е од моторните возила кои поминуваат низ општината, а не живеат таму.[7]
Наводи
уреди- ↑ http://www.poc.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=174:2013-05-31-10-56-04&catid=70:vesti
- ↑ http://poc.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=216&Itemid=334
- ↑ „архивски примерок“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-02-24. Посетено на 2017-06-11.
- ↑ „архивски примерок“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-02-24. Посетено на 2017-06-11.
- ↑ http://www.poc.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=243:2015-09-04-13-21-34&catid=78:aktuelnosti&Itemid=211
- ↑ 6,0 6,1 Биљана Секуловска. „Студио со Ана Чоловиќ Лешоска и Саша Богдановиќ“. НОВА.тв. Посетено на 26 октомври 2019.
- ↑ 7,0 7,1 7,2 Биљана Секуловска. „Богдановиќ и Чоловиќ: Како да се одбрани Центар од загадувањето“. НОВА.ТВ. Посетено на 13 октомври 2019.