Соња Стаменкова

градоначалничка на Општина Македонска Каменица

Соња Стаменкова (р. 11 февруари 1968 во село Саса) — македонска политичарка од редовите на СДСМ, која е поранешна градоначалничка на Општина Македонска Каменица. На функцијата стапила по локалните избори во 2017 година, кога победила во вториот круг со освоени 54,24% од вкупните гласови.[1]

Соња Стаменкова
Градоначалник на Општина Македонска Каменица
На должноста
29 октомври 2017 – 2021
Лични податоци
Роден(а) 11 февруари 1968(1968-02-11)(56 г.)
Саса, СФРЈ СФР Југославија
Националност Македонка
Партија СДСМ
Занимање политичар
Вероисповед Православна

Била само една од шесте жени кои освоиле градоначалничко место на локалните избори во Македонија во 2017 година.[2]

Животопис

уреди

Соња е родена на 11 февруари 1968 година во селото Саса како прво од четирите деца во рударско семејство.[3]

Основното училиште до четврто одделение го посетувало во месното подрачно училиште „Гоце Делчев“, а подоцна продолжила во централното ОУ „Кирил и Методиј“ во градот Македонска Каменица. Средното образование го продолжила на насока биологија и хемија во средното училиште „Методија Митевски Брицо“ во градот.[3]

Од 1984 до 1986 година го посетувала средното медицинско училиште „Вељко Влаховиќ“ (денес преименувано во „Јане Сандански“) во Штип со што се стекнала со звањето медицинска сестра, како што ѝ работела од 1987 до 2006 година во јавната здравствена установа „Гоце Делчев“ во Македонска Каменица.[3]

Во периодот од 2009 до 2012 година студирала психологија на факултетот за општа психологија на Меѓународниот славјански универзитет во Свети Николе, каде се здобила со титулата дипломиран психолог.[3]

Од 2006 до 2017 година работела како медицинска сестра во приватната здравствена установа „Д-р Драги Фамили Медика“ во Македонска Каменица.[3]

Наводи

уреди
  1. „Сумарни резултати од вториот круг за избор на градоначалници на општините во РМ – Локални избори 2017“. Државна изборна комисија на Македонија. 30 октомври 2017. Посетено на 2 декември 2017.
  2. „Жени ќе раководат со шест општини“. Нова Македонија. 30 октомври 2017. Посетено на 2 декември 2017.[мртва врска]
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 „Биографија“. Општина Македонска Каменица. Архивирано од изворникот на 2017-11-22. Посетено на 2 декември 2017.