Златко Марин (14 јули 1978 во Скопје) — македонски политичар од редовите на СДСМ и градоначалник на Општина Аеродром. На функцијата стапил по локалните избори во 2017 година, кога победил во првиот круг со освоени 52,19% од вкупните гласови. Отстапил од должноста откако ги загубил локалните избори на 17 октомври 2021 од Тимчо Муцунски. Има дипломирано на факултетот за физичко образование, спорт и здравје при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.[1]

Златко Марин
Градоначалник на Општина Аеродром
На должноста
15 октомври 2017 – 2021
Претходник Ивица Коневски
Наследник Тимчо Муцунски
Лични податоци
Роден(а) 14 јули 1978(1978-07-14)(46 г.)
Скопје, СР Македонија, СФРЈ
Националност Македонец
Партија СДСМ
Деца 2
Установа „Св. Кирил и Методиј“
Занимање политичар
Вероисповед православен христијанин

Марин по дипломирањето работел како професор по спортски активности во средното училиште „Владо Тасевски“. Во периодот 2002–2005 бил член на надзорниот одбор на ЈСП Скопје, а потоа бил член на советот на Општина Аеродром во два мандати (2005–2013). Тој во 2013 бил назначен за претседател на општинската организација на СДСМ во Аеродром.[2]

Наводи

уреди
  1. „Биографија на Златко Марин“. Општина Аеродром. Посетено на 2017-10-31.
  2. „Коневски му ја честита победата на Марин“. Курир.мк. Архивирано од изворникот на 2017-10-23. Посетено на 2017-10-31.

Надворешни врски

уреди