Благој Бочварски
Благој Бочварски (р. 9 јануари 1985 во Штип) — македонски политичар, актуелен министер за транспорт и врски, поранешен градоначалник на Штип, поранешен пратеник од редовите на СДСМ и актуелен потпретседател на партијата.[1] Основно и средно училиште завршил во Штип, а дипломирал на студиите по архитектура на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Членува во СДСМ од 2002 година, а во 2013 година бил избран за член на извршниот одбор на партијата.[2]
Благој Бочварски | |
---|---|
Градоначалник на Општина Штип | |
На должноста 3 ноември 2017 – 31 август 2020 | |
Наследник | непознато |
Министер за транспорт и врски | |
На должноста 31 август 2020 – 23 јуни 2024 | |
Претседател | Зоран Заев Димитар Ковачевски |
Претходник | Горан Сугарески |
Наследник | Александар Николоски |
Пратеник во македонското Собрание | |
На должноста 30 декември 2016 – 3 ноември 2017 | |
Лични податоци | |
Роден(а) | 9 јануари 1985 Штип, СФР Југославија |
Националност | Македонец |
Партија | СДСМ |
Установа | „Св. Кирил и Методиј“ |
Професија | архитект |
Вероисповед | православен христијанин |
Бочварски во периодот 2011–2016 работел како архитект во приватна градежна компанија, по што бил избран за пратеник на парламентарните избори во 2016 година како втор носител на список на СДСМ во третата изборна единица, каде партијата освоила девет мандати.[3] На партискиот конгрес во јуни 2017 година тој бил именуван за потпретседател на СДСМ и член на централниот одбор.[4] На локалните избори во 2017 година, Бочварски остварил победа во вториот круг, а на 3 ноември го презел раководењето со Општина Штип.[5]
Наводи
уреди- ↑ „Биографија на Благој Бочварски“. Собрание на Република Македонија. 2016-12-30. Посетено на 2017-07-09.
- ↑ „Потпретседатели на СДСМ“. Социјалдемократски сојуз на Македонија. 2017-06-18. Архивирано од изворникот на 2017-07-19. Посетено на 2017-07-09.
- ↑ „ДИК ги објави резултатите од предвремените парламентарни избори“. Вест. 2016-12-13. Архивирано од изворникот на 2017-01-29. Посетено на 2017-02-10.
- ↑ „Штипјанецот Благој Бочварски избран за потпретседател на СДСМ“. ТВ Стар. 2017-06-19. Архивирано од изворникот на 2017-06-19. Посетено на 2017-07-09.
- ↑ Градоначалникот на Штип Благој Бочварски стапи на функција[мртва врска], Плусинфо, 3 ноември 2017
Политички функции | ||
---|---|---|
Претходник Горан Сугарески |
Министер за транспорт и врски 31 август 2020 - во служба |
Наследник - |
Надворешни врски
уреди„Благој Бочварски“ на Ризницата ? |