Левица (политичка партија)
Левица — македонска политичка партија со левичарска ориентација. Основните заложби ѝ се борбата за работнички права и социјална правда, за демократизација на сите сфери на живеењето.
Левица | |
---|---|
Водач | Пленумот на партијата Претседател: Димитар Апасиев |
Основана | 14 ноември 2015 |
Штаб | Скопје |
Идеологија | Демократски социјализам Левичарски Национализам Анти-НАТО |
Политичка положба | Лево крило |
Бои | црвена, бела |
Собрание | 2 / 120 |
Општини во Македонија | 0 / 80 |
Мрежно место | |
levica.mk | |
Политика на Република Македонија Политички партии Избори |
Иницијативата за формирање на Левица потекнала од членови на Движењето за социјална правда „Ленка“, членови на левичарското движење „Солидарност“, членови на Комунистичката партија на Македонија, синдикалци, активисти и поединци левичари. Левица има колективно претседателство, Президиум, составен од седум членови со императивен мандат.[1] Регистрирана е на 25 февруари 2016 година, а иницијативата за формирање на партијата била објавена на 14 ноември 2015 година.[2]
Левица ја поддржала Шарената револуција, започната по аболиција од претседателот Ѓорге Иванов, и зела активно учество во истите. На двајца членови на Левица, еден од нив дел од Президиумот, им била одредена мерка куќен притвор заради учество на протестите.[3]
На парламентарните избори во 2016 година партијата настапила самостојно освојуваќи околу 12.000 гласови односно 1% од вкупните гласови. Левица на локалните избори во 2017 година, освоиле 3 советнички места.
Изборни резултати уреди
Година | Број на гласови | % на гласови | Број на мандати | +/– |
---|---|---|---|---|
2016 | 12.120 | 1,05% | 0 / 120
|
Нова партија |
2020 | 37.426 | 4,10% | 2 / 120
|
+2 |
Наводи уреди
- ↑ „Президиум на Левица“. Архивирано од изворникот на 2016-07-03. Посетено на 2016-05-29.
- ↑ Покана за прес – Формирање на „ЛЕВИЦА“
- ↑ „„Кривичен суд: Куќен притвор од осум дена за Савески и Куновски", Нова ТВ, 25 април 2016“. Архивирано од изворникот на 2016-04-30. Посетено на 2016-05-29.