Тони Делков
Тони Делков (29 март 1977 во Неготино) — политичар од редовите на СДСМ и градоначалник на Општина Неготино. На функцијата стапил по локалните избори во 2017 година, кога победил во првиот круг со освоени 54,55% од вкупните 16.084 гласови. Завршил средно училиште во гимназијата „Св. Кирил и Методиј“ во Неготино.
Тони Делков | |
---|---|
Градоначалник на Општина Неготино | |
На должноста 15 октомври 2017 – во служба | |
Претходник | Ванчо Апостолов |
Лични податоци | |
Роден(а) | 29 март 1977 Неготино, Република Македонија |
Националност | Македонец |
Партија | СДСМ |
Сопружник | Надица Делкова |
Деца | 2 |
Занимање | политичар |
Вероисповед | Православен |
Професионална кариера
уредиДелков по завршувањето на средното училиште 14 години бил вработен во Фабрика за кабли Неготино. Започнал како магационер, напредувал во комерцијалист, задолжен за продажба на кабел. Пред стапувањето на функцијата градоначалник бил сопственик на две приватни фирми со петмина вработени.[1]
Петнаесет години бил активен спортист во РК Повардарие и бил дел на младинската репрезентација во ракомет на Република Македонија[1].
Оженет е со сопругата Надица и татко е на два сина на возраст од 9 и 5 години.
Политичка кариера
уредиТони Делков е член е на СДСМ од 1996 година, активен во сите органи и тела на партијата. Во 2 мандата бил секретар на ОО СДСМ Неготино.
Бил избран за советник во Советот на Општина Неготино, на локалните избори во 2013 како кандидат на списокот на СДСМ.
Бил номиниран за кандидат за градоначалник во 2017, а на одржаните локални избори истата година, Делков остварил убедлива победа во првиот круг и станал градоначалник на општина Неготино со мандат истата да ја извршува во периодот од 2017-2021 година[2].
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Кој е Тони Делков, кандидат за градоначалник на Неготино: Со спортски дух и рационалност кон решавање на децениските проблеми | Фокус“. fokus.mk (англиски). Посетено на 2017-12-01.
- ↑ Administrator. „Градоначалник“. www.negotino.gov.mk. Архивирано од изворникот на 2014-03-05. Посетено на 2017-12-01.