Коста Јаневски
Коста Јаневски (р. 13 мај 1960 г во Штип) — градоначалник на Општина Струмица во периодот од 2017 до 2021 година, и поранешен Пратеник во Собранието на Република Македонија. По професија е лекар интернист. Бил избран за Член на Советот на општина Струмица двапати во периодот од 2009 до 2016 година. Членува во политичката партија СДСМ.
Коста Јаневски | |
---|---|
Градоначалник на општина Струмица | |
На должноста 20 октомври 2017 – 27 октомври 2021 | |
Претходник | Костадин Костадинов |
Наследник | Костадин Костадинов |
Пратеник во Собранието на Република Македонија | |
На должноста 11 декември 2016 – 20 октомври 2017 | |
Лични податоци | |
Роден(а) | 13 мај 1960 Штип, НР Македонија |
Партија | СДСМ |
Установа | Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје |
Професија | лекар интернист |
Рани години и лекарска кариера
уредиКоста Јаневски е роден на 13 мај 1960 година во Штип, НР Македонија. Основно и средно училиште завршил во Струмица, а потоа студирал на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. По завршувањето на факултетот се враќа во Струмица и започнува со работа во Општата болница. Во 2002 година го доусовршува своето образование со специјализација по интерна медицина, при што се посветува на својата работа како лекар интернист.
Партиска и политичка кариера
уредиВо 2009 година се вклучил во политиката и е член на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Истата година бил избран за член на Советот на општина Струмица. Четиригодишниот мандат го продолжил, и во 2013 година по вторпат станал член на советот. Во 2016 година бил избран за пратеник во Собранието на Република Македонија од редовите на СДСМ.[1] Пратеничкиот мандат го прекинал откако победил на локалните избори за градоначалник на општина Струмица, при што на 20 октомври 2017 година ја презел функцијата од Костадин Костадинов, вршител на должноста.[2]. Функцијата ја извршувал до 27 октомври 2021 година[3]..
Наводи
уреди- ↑ „Кој сè ќе седне во новиот состав на Собранието?“. Кајгана. 13 декември 2016. Архивирано од изворникот на 2017-12-01. Посетено на 12 ноември 2017.
- ↑ „Коста Јаневски ја презеде функцијата градоначалник на општина Струмица“. ВИС. 20 октомври 2017. Посетено на 12 ноември 2017.
- ↑ „Костадинов ја презеде градоначалничката функција во Струмица од сопартиецот Јаневски!“. 360 Степени. 27 октомври 2021. Посетено на 29 октомври 2021.
Надворешни врски
уреди„Коста Јаневски“ на Ризницата ? |
- Градоначалник на општина Струмица Архивирано на 10 ноември 2017 г.
Политички функции | ||
---|---|---|
Претходник Костадин Костадинов |
Градоначалник на општина Струмица 2017–2021 |
Наследник Костадин Костадинов |