Граѓанска опција за Македонија
Оваа статија се однесува на политичка партија во Република Македонија. За други значења, погл. Гром (појаснување).
Граѓанска опција за Македонија (ГРОМ) — политичка партија од Република Македонија. Претседател и основач на партијата е Стевче Јакимовски.
Граѓанска опција за Македонија (ГРОМ) | |
---|---|
![]() | |
Водач | Стевче Јакимовски[1] |
Генерален секретар | Виктор Цветковски |
Основана | 2014 |
Штаб | Скопје, Република Македонија |
Идеологија | Центар |
Бои | бела, црвена, сива |
Собрание | 1 / 120 |
Општини | 0 / 80 |
Мрежно место | |
www.grom.mk | |
Политика на Република Македонија Политички партии Избори |
Учество на избориУреди
Партијата на претседателските избори во 2014 имала свој кандидат за претседател, Зоран Поповски, кој освоил 31.368 гласови или 3,61% од вкупниот број гласови. На парламентарните избори во 2014 година, партијата учествувала самостојно и освоила едно пратеничко место.
На парламентарните избори во 2016 година, партијата учествувала во коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
парламентарните избори во 2020 година во коалиција со ВМРО ДПМНЕ и освоји 1 пратенички мандат.