Арбен Таравари

политичар

Арбен Таравари (9 април 1973 во Гостивар) — македонски лекар кој моментално ја врши функцијата министер за здравство од редовите на ВРЕДИ. Тој бил поранешен градоначалник на Општина Гостивар.

Арбен Таравари
Министер за здравство
На должноста
Стапил
23 јуни 2024
Претседател Гордана Силјановска-Давкова
Премиер Христијан Мицкоски
Претходник Илир Демири
На должноста
1 јуни 2017 – 29 октомври 2017
Претседател Ѓорге Иванов
Премиер Зоран Заев
Претходник Никола Тодоров
Наследник Венко Филипче
Градоначалник на Општина Гостивар
На должноста
1 јуни 2017 – 23 јуни 2024
Претходник Невзат Бејта
Наследник Валбон Лимани
Претседател на Алијанса за Албанците
На должноста
24 декември 2022 – 18 февруари 2024
Лични податоци
Роден(а) 9 април 1973(1973-04-09)(51 г.)
Гостивар, СР Македонија, СФРЈ
Националност Македонец
Народност Албанец
Партија Алијанса за Албанците
Сопружник Нора Таравари (мом. Јусуфи)
Деца 2
Установа Св. Кирил и Методиј
Професија невролог, политичар, државник

Животопис

уреди

Средно медицинско училиште завршил во „Панче Попоски“ во Гостивар, а дипломирал на Медицинскиот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во 1998. Специјализирал неврологија во 2006, а во 2011 ја одбранил докторската дисертација од областа на Паркинсонова болест. Во 2010 година, започнал да биде редовен предавач на Медицинскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј. Во 2016 бил претседател на одделот на екстрапирамидални болести при универзитетската клиника за неврологија, а бил член на одборот на меѓународните медицински списанија „Mediicus“ и „Vox Medici“. Исто така бил раководител на одделението за мигрена, главоболки и други синдроми при Универзитетска клиника за неврологија.[1] Таравари е оженет со Нора Таравари и е татко на две деца. Говори албански, македонски, турски, англиски, и српски јазик.[2]

На локалните избори во 2017 година Таравари станал градоначалник на Општина Гостивар, победувајќи го својот противкандидат од редовите на ДУИ, Невзат Бејта со што станува единствен градоначалник, кој е градоначалник двапти по ред. На 29 октомври 2021 година, за време на локалните избри, Арбен Таравари победил во вториот круг и станал старо нов градоначалник на Општина Гостивар.[1] Тој ја претставувал коалицијата на Алијанса за Албанците и Алтернатива.

На претседателските избори во 2024 година, бил кандидат од Алијанса за Албанците и подржан од Алтернатива, кој освоил 83.393 гласа или 9.21% од гласовите.

На 23ти Јуни 2024 г. тој станал новиот министер за здравство во Кабинетот на Христијан Мицкоски од редовите на ВРЕДИ.[3][4]

Книги

уреди
  • Мигрени, главоболки и болни синдроми“ (2016)
  • Практикум по неврологија“ (2014)
  • Клинички и генетски наоди кај болни со идиопатска Паркинсонова болест“, докторска дисертација (2011)
  • Клиничко-епидемиолошка студија на паркинсонизмот во Скопје“: магистерски труд (2006)
  • Фармако тераписки прирачник“ (2006)

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Градоначалник на општината“. Општина Гостивар. Архивирано од изворникот на 12 декември 2021. Посетено на 12 декември 2021.
  2. Арбен Таравари – министер за здравство Архивирано на 4 јуни 2017 г. A1on.mk (01.06.2017)
  3. „Арбен Таравари најверојатно ќе биде нов министер за здравство“. Фокус (англиски). 2024-05-27. Посетено на 2024-07-03.
  4. „МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО ТАРАВАРИ ЌЕ ГИ УКИНЕ ПЛАЌАЊЕТО ПО УЧИНОК И ЕКОНОМСКИТЕ ДИРЕКТОРИ“. Сакам Да Кажам. 2017-06-01. Посетено на 2024-07-03.

Надворешни врски

уреди
Политички функции
Претходник
Никола Тодоров
Министер за здравство
јуни – октомври 2017
Наследник
Венко Филипче