Перо Костадинов (14 јануари 1987 во Валандово) — македонски политичар од редовите на СДСМ и градоначалник на Општина Валандово.

Перо Костадинов
Градоначалник на Општина Валандово
На должноста
15 октомври 2017 – во служба
Претходник Николче Чурлиновски
Лични податоци
Роден(а) 14 јануари 1987(1987-01-14)(37 г.)
Валандово, СР Македонија, СФРЈ
Националност Македонец
Партија СДСМ
Занимање политичар
Вероисповед Православен

Жвотопис

уреди

Перо Костадинов е роден во Валандово. Дипломирал на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 2009. Бил вработен во ИГМ АД „Еленица“ Струмица и „Еко оранжерии Анска-Река“ Валандово.

Од 2015 до 2017 година бил член на Советот на Општина Валандово[1]. На функцијата градоначалник на Општина Валандово стапил по локалните избори во 2017 година, кога победил во првиот круг со освоени 55,31% од вкупните гласови.

Во 2021 година е избран за претседавач со Централниот одбор на СДСМ.

На Локалните избори кои се одржале на 17 октомври 2021 година, Костадинов како кандидат за градоначалник на Општина Валандово од редовите на СДСМ победил во првиот круг на гласање со освоени 57,73% од гласовите[2]

Наводи

уреди
  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2017-11-22. Посетено на 2017-12-02.
  2. „ДИК: Целосно преброени гласовите во 67 општини, 29 општини добија градоначалници во прв круг“. Точка. 17 октомври 2021. Посетено на 19 октомври 2021.