Движење за национално единство на Турците во Македонија
Движење за национално единство на Турците во Македонија (ДНЕТ) (турски: Makedonya'da Türklerin Ulusal Birlik Hareketi (TMBH)) — политичка партија на Турците во Република Македонија. Претседател на партијата е Ердоган Сарач.
Движење за национално единство на Турците во Македонија ДНЕТ Makedonya'da Türklerin Ulusal Birlik Hareketi TMBH | |
---|---|
Водач | Ердоган Сарач |
Штаб | Скопје, Република Македонија |
Идеологија | Заштита на правата на Турците |
Полит. положба | центар |
Политика на Република Македонија Политички партии Избори |
Учество на избори
уредиПартијата за првпат учествувала самостојно на парламентарните избори во 2006 година, освојувајќи околу 600 гласови.[1] Партијата повторно учествувала самостојно на следните парламентарни избори во 2008 кога забележала пораст од околу 3.000 гласови, односно, освоила околу 3.700 гласови.[2] На парламентарните избори во 2011 партијата учествувала во коалиција предводена од СДСМ и освоила 1 пратенички мандат.[3] Партијата не учествувала на парламентарните избори во 2014. На парламентарните избори во 2016 се приклучила во коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, но не освоила пратенички мандат. На парламентарните избори во 2020 година, партијата учествувала во коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ, но не освоила пратенички мандат.
Наводи
уреди- ↑ Извештај од спроведени парламентарни избори во 2006 година[мртва врска], Државна изборна комисија на Македонија, 25.07.2006
- ↑ Извештај од спроведени парламентарни избори во 2008 година[мртва врска], Државна изборна комисија на Македонија, 03.07.2008
- ↑ Движење за национално единство на Турците во Македонија, пратенички состав 2011-2014, официјален портал на Собранието на Република Македонија