Ивица Димитров

Ивица Димитров (р. 30 април 1983 година) — актуелен градоначалник на Општина Виница. На локалните избори во октомври 2017 година како кандидат на политичката партија СДСМ го доби мнозинството гласови во вториот круг од гласањето, а функцијата ја презеде на 8 ноември 2017 година.[1]

Ивица Димитров
Ivica Dimitrov.jpg
Градоначалник на Општина Виница
На должноста
8 ноември 2017 – во служба
Претходник Емил Дончев
Лични податоци
Роден(а) 30 април 1983 (1983-04-30) (38 г.)
Кочани, Flag of North Macedonia (1944–1946).svg СР Македонија
Партија СДСМ
Деца 2
Установа Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип
Професија технолог
Вероисповед православен

Професионална кариераУреди

По дипломирањето на Технолошко-техничкиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, во 2007 година се вработил во фабриката за трикотажа „Зона Трико“ во Виница на работното место раководител во одделение за боење и печатење. Во 2013 година станал главен технолог за производство во Модната групација „ИНТ–Трејд“ од Кочани. Во август 2017 година е назначен за директор на Државниот комунален инспекторат на Република Македонија во Скопје.

Надградувајќи ги своите вештини и знаења во 2009 година следел обуки и семинари во компанијата „Безема“ во Швајцарија, при што добил и сертификат за боење на текстилни материјали. Во следните две години посетувал обука во компанијата „Хунтсман“ во Либерец, Чешка, при што се стекнал со сертификат за перење и печатење на текстилни материјали. Како признание за работното искуство и знаеење во 2016 година добил награда за најдобар технолог-инженер за боење, перење и печатење на текстилни материјали во Република Македонија.

Политичка кариераУреди

Својата политичка определба како социјалдемократ ја започнува како претседател на локалниот клуб, а потоа и координатор на младите на СДСМ за Изборната единица бр. 3, а од 2009 до 2013 година е член на Извршниот одбор на партијата во Виница.

Во септември 2013 година е избран за претседател на Општинската организација на СДСМ - Виница, при што го замени Александар Трајков кој на изборите во 2011 година беше кандидат за пратеник.

НаводиУреди

  1. „Конституиран Советот на Општина Виница, Тони Велков избран за претседател“. Канал 8 ТВ. 8 ноември 2017. Посетено на 2017-12-02.

Надворешни врскиУреди