Петре Шилегов
Петре Шилегов (р. 12 јуни 1969 во Скопје) — македонски политичар и правник. Шилегов дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан I“ во 1995 година, и во два мандати бил пратеник во Собранието на Република Македонија. Во еден мандат бил градоначалник на Град Скопје.[1]
Петре Шилегов | |
---|---|
Градоначалник на Град Скопје | |
На должноста 15 октомври 2017 – 31 октомври 2021 | |
Претходник | Коце Трајановски |
Наследник | Данела Арсовска |
Пратеник во македонското Собрание | |
На должноста 10 мај 2014 – 15 октомври 2017 | |
Лични податоци | |
Роден(а) | 12 јуни 1969 Скопје, СР Македонија, СФРЈ |
Националност | Македонец |
Партија | СДСМ |
Деца | 2 |
Установа | „Св. Кирил и Методиј“ |
Професија | правник |
Вероисповед | православен христијанин |
За време на градоначалничкиот мандат на Ристо Пенов, Шилегов бил член на управниот одбор на Комунална хигиена – Скопје. Во 2005 година бил дел од второстепената комисија за жалби по јавни набавки во Владата на Република Македонија.[2] Шилегов во јуни 2013 бил именуван за портпарол на СДСМ, а на парламентарните избори во 2014 станал пратеник како носител на листа во втората изборна единица. Вториот пратенички мандат го освоил на парламентарните избори во 2016 како носител на листа во шестата изборна единица.
На локалните избори во 2017 Шилегов станал градоначалник на Скопје по првиот изборен круг со освоени 141.164 гласови, односно 40 илјади повеќе од неговиот противкандидат Коце Трајановски.[3] Пред да влезе во политиката, Шилегов работел во приватна адвокатска канцеларија како адвокат од областа на стопанското право. Тој е оженет и татко на две деца.[4]
Наводи
уреди- ↑ „Биографија на Петре Шилегов“. Собрание на Република Македонија. Посетено на 2017-11-03.
- ↑ „Кој е Петре Шилегов и што ветува за подобро Скопје“. Нова ТВ. Архивирано од изворникот на 2017-12-31. Посетено на 2017-11-03.
- ↑ „Официјално: Петре Шилегов е нов градоначалник на Скопје“. Локално. Посетено на 2017-11-03.
- ↑ „Градоначалник на Град Скопје: Петре Шилегов“. Град Скопје. Архивирано од изворникот на 2018-01-17. Посетено на 2017-11-03.