Локални избори во Македонија (2021)
Локални избори во Македонија во 2021 година — избори кои се оддржале на 17 октомври 2021 година со цел избирање на советници и градоначалници во 80 општини во Македонија и во градот Скопје.[2] Вториот круг на локалните избори е предвидено да се одржи на 31 октомври. Изборите биле распишани на 6 август 2021 од собранискиот претседател Талат Џафери.[2] Според календарот на ДИК, краен рок за поднесување на кандидатурите за советнички листи и градоначалници бил 11 септември 2021.[3] Изборната кампања била во времетраење од 27 септември до 15 октомври.[3]
![]() | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Освоени општини |
Во првиот круг, градоначалници биле избрани во 34 општини, а во 46 општини и во Град Скопје ќе има втор круг. ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг победиле во 22 општини, СДСМ победиле во 9, а ДУИ во 3 општини.[4]
Резултати за градоначалници по општинаУреди
Реакции по изборитеУреди
Политичар | Изјава |
---|---|
Христијан Мицкоски | „Огромна победа на народот на Македонија — на младите, старите, мажите, жените, христијаните, муслиманите, атеистите, лекарите, земјоделците, уметниците, професорите. Вечерва ќе се радуваме, но нема да славиме. Утре на работа. Од утре на работа за народот. Не чекаат тешки предизвици во вториот круг. Ги повикувам сите, кои сакаат да се промени и не поддржуваат како и сите оние кои се разочарани од политиката, ајде да се обединиме. Време е да ги обединиме разликите да покажеме слога и заедништво во намерите да се направи подобро.“[6] |
Зоран Заев | „Влегуваме во борба за конечна победа во вториот круг во сите преостанати општини. На крајот СДСМ ќе има градоначалници во повеќе општини во споредба со ВМРО-ДПМНЕ. Нема да дозволиме земјата да се враќа назад. Борбата продолжува. Прогресот се обединува, бидејќи злото се заканува. Кочи Мицко! Вториот круг е пред нас, убеден сум дека ќе имаме мнозинство во советите и повеќе градоначалници и нема да има дилеми за победникот.“[7] |
Резултати по советнички местаУреди
БелешкиУреди
НаводиУреди
- ↑ „Потпишан договор за заедничка коалиција меѓу ЛДП и ДОМ, формирано „Движењето одлучно за промени"“. Медиумска Информативна Агенција. Скопје. 4 септември 2021. Посетено на 4 септември 2021.
- ↑ 2,0 2,1 „Пратениците на одмор, локалните избори распишани, изборниот законик на пауза“. Радио Слободна Европа. Скопје. 6 август 2020. Посетено на 19 август 2021.
- ↑ 3,0 3,1 „ДИК: Поднесување на листи со кандидати до 11 септември, во кампања од 27 септември“. НОВА ТВ. Скопје. 7 август 2020. Посетено на 19 август 2021.
- ↑ „ДИК: ВМРО – ДПМНЕ освои 22 градоначалници, СДСМ девет – Шаренолик состав на Советот на Град Скопје“. Нова ТВ. 18 октомври 2021.
- ↑ „Резултати од локални избори 2021“. ДИК. Посетено на 20 октомври 2021.
- ↑ „Мицкоски: Ова е огромна победа на народот на Македонија“. Слободен Печат. Скопје. 17 октомври 2021. Посетено на 30 октомври 2021.
- ↑ „Заев: Прогресот се обединува, бидејќи злото се заканува“. DW Македонија. Скопје. 17 октомври 2021. Посетено на 30 октомври 2021.