Блерим Беџети

Политичар од Македонија

Блерим Беџети (роден на 16 октомври 1976 година во село Глумово, Скопско) — македонски правник, адвокат и политичар.

Блерим Беџети
Министер за правда
На должноста
28 јули 2011 – 19 јуни 2014
Премиер Никола Груевски
Претходник Михајло Маневски
Наследник Аднан Јашари
Лични податоци
Роден(а) 16 октомври 1976
Глумово, Скопско
Националност Албанец
Партија ДУИ

Животопис

уреди

Блерим Беџети е роден на 16 октомври 1976 година во село Глумово, Скопско. Дипломирал на Правниот факултет на Приштинскиот универзитет. Помеѓу 2002 и 2005 година работел во Министерството за правда на Република Македонија. Од 2006 до 2009 година бил пратеник. Во периодот 2006-2008 бил член на Законодавно-правната комисија и Комисијата за надзор на работата на Управата за безбедност и контраразузнавање. Од 2008 до 2009 година бил претседател на Комисијата за прашањата на локалната самоуправа. Во периодот 2009-2011 година бил градоначалник на Општина Сарај, поради која функција се откажал од функцијата пратеник. Во периодот од 28 јули 2011 до 19 јуни 2014 година бил Министер за правда на Македонија.

Надворешни врски

уреди
Претходник
Михајло Маневски
Министер за правда
28 јули 2011 - 19 јуни 2014
Наследник
Аднан Јашари