Илија Јованоски
Илија Јовановски, (28 мај 1958 во Прилеп) — политичар од редовите на СДСМ и градоначалник на Општина Прилеп. На функцијата стапил по локалните избори во 2017 година, кога победил во првиот круг со освоени 51,07% од вкупните гласови.[1]
Илија Јовановски | |
---|---|
Градоначалник на Општина Прилеп | |
На должноста 15 октомври 2017 – во служба | |
Претходник | Марјан Ристески |
Лични податоци | |
Роден(а) | 28 мај 1958 Прилеп, Република Македонија |
Националност | Македонец |
Партија | СДСМ |
Занимање | политичар |
Вероисповед | Православен |
Илија Јовановски по професија е примариус доктор специјалист ортопед и пред функцијата градоначалник бил шеф на ортопедска амбуланта и кабинет за ехосонографија.
Од 1992 до 2001 бил претседател на Здружение по општа медицина и стоматологија на Прилеп, Македонски брод и Крушево а во периодот 1995-1998 бил заменик директор на ЈЗУ Медицински центар Прилеп. Од 2002 до 2006 бил раководител на ортопедско трауматолошко одделение.
Член бил на ИСАКОС, меѓународно здружение на артроскопија и спортска медицина (2009) и на Друштвото за наука и уметност Прилеп (2008)
Од 2003 до 2011 потпретседател на МЛД (Македонско лекарско друштво) а во периодот од 2004-2007 бил потпретседател на МАДОТ.
Од 2013 до 2017 бил на функцијата Координатор на советничката група на СДСМ во Општина Прилеп
Наводи
уреди- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2017-11-30. Посетено на 2017-12-01.