Рамиз Мерко

Ова е објавената верзија, проверена на 15 мај 2024. Има 1 промена во исчекување на проверка.

Рамиз Мерко (12 април 1957 во Струга) — македонски политичар од албанска народност, од редовите на ДУИ. Мерко бил градоначалник на Општина Струга во периодот 2005–2013, а бил и пратеник во Собранието на Република Македонија во периодот 2014–2016.[1]

Рамиз Мерко
Градоначалник на Општина Струга
На должноста
2005 – 2013
Претходник Ромео Деребан
Наследник Зијадин Села
Градоначалник на Општина Струга
На должноста
Стапил
2017
Претходник Зијадин Села
Лични податоци
Роден(а) 12 април 1957(1957-04-12)(67 г.)
Струга, НР Македонија, ФНРЈ
Националност Албанец
Партија ДУИ (?-2023)
Независен (2023-)
Професија економист
Вероисповед ислам

Во 2017 бил избран за министер без ресор во владата на Зоран Заев. Освен државни функции, Мерко ја обавувал и партиската функција претседател на огранокот на ДУИ во Струга.[2] Додека бил професор на универзитетот во Струга во 2016, државниот просветен инспекторат утврдил дека Мерко работел со невалидна диплома за докторски студии, но не покренал кривична постапка.[3]

На локалните избори во 2017 го победил својот противкандидат од редовите на Алијанса за Албанците Зијадин Села, станувајќи по третпат градоначалник на Општина Струга.

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди