Локални избори во Македонија (2013)
Локални избори во Македонија во 2013 година — избори кои се оддржале на 24 март и 7 април 2013 со цел избирање на советници и градоначалници во 80 општини во Република Македонија. Изборите биле распишани на 11 јануари 2013 од страна на собранискиот претседател Трајко Вељаноски. Во избирачкиот список биле запишани вкупно 1.743.403 гласачи.[1] На локалните избори учествувале 16 политички партии, 8 коалиции и 97 независни листи. Вкупно биле поднесени 350 листи за градоначалници и 480 листи за советници.[2] На нив се пријавиле 8.878 кандидати за градоначалници и советници.[3]
![]() | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
ПозадинаУреди
СДСМ инсистирала заедно со локалните да се одржат и предвремени парламентарни избори, но ова било одбиено од страна на владејачката партија ВМРО ДПМНЕ. На распишувањето на изборите му претходело и собраниски бојкот од страна на СДСМ поради настаните од 24 декември 2012 година. Во почетокот на март, во Македонија пристигнала европска делегација за надминување на политичката криза. По неколкучасовни разговори со политичките водачи, еврокомесарот Штефан Филе, известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Ричард Ховит и поранешниот претседател на Европскиот парламент Јежи Бузек, водачот на опозицијата Бранко Црвенковски се согласил да учествува на престојните локални избори.[4]
Резултати за градоначалници по општинаУреди
Грб | Општина | Број на гласачи | Победник | Освоени гласови | % на освоени гласови | Партија |
---|---|---|---|---|---|---|
Скопје | 444.259 | Коце Трајановски | 124.455 | 59,35% | ||
Аеродром | 63.474 | Ивица Коневски | 25.814 | 60,14% | ||
Арачиново | 8.535 | Брахим Ајваз | 2.933 | 52,11% | ||
Берово | 11.288 | Драги Наџиски | 4.924 | 51,97% | ||
Битола | 81.373 | Владимир Талески | 27.420 | 54,93% | ||
Богданци | 6.977 | Анастасија Олумчева | 3.044 | 52,48% | ||
Боговиње | 24.864 | Хазби Идризи | 6.039 | 52,94 | ||
Босилово | 11.842 | Љупчо Колев | 4.442 | 53,22 | ||
Брвеница | 14.157 | Енвер Пајазити | 4.479 | 51,92% | ||
Бутел | 31.916 | Петре Латиновски | 9.286 | 65,12% | ||
Валандово | 10.071 | Николче Чурлиновски | 4.659 | 59,1% | ||
Василево | 9.919 | Ванчо Стојанов | 4.482 | 61,14% | ||
Вевчани | 2.055 | Цветомир Угриноски | 1.124 | 64,05% | ||
Велес | 46.261 | Славчо Чадиев | 18.059 | 54,41% | ||
Виница | 17.008 | Емил Дончев | 6.650 | 59,81% | ||
Врапчиште | 23.427 | Бајрам Кадрија | 5.579 | 51,25% | ||
Гази Баба | 60.638 | Тони Трајковски | 21.231 | 56,45% | ||
Гевгелија | 19.391 | Иван Франгов | 8.722 | 53,82% | ||
Гостивар | 75.139 | Невзат Бејта | 19.348 | 50,49% | ||
Градско | 3.127 | Жанета Чаушевска | 1.221 | 50,79% | ||
Дебар | 16.936 | Ружди Љата | 6.056 | 71,84% | ||
Дебрца | 4.569 | Игор Трајкоски | 1.822 | 51,59% | ||
Делчево | 14.974 | Дарко Шехтански | 6.245 | 57,18% | ||
Демир Капија | 3.406 | Трајче Димитриев | 1.933 | 66,68% | ||
Демир Хисар | 7.419 | Љупчо Блажевски | 3.411 | 55,49% | ||
Дојран | 2.757 | Борче Стамов | 1.278 | 55,66% | ||
Долнени | 10.521 | Боше Милошески | 4.048 | 51,71% | ||
Ѓорче Петров | 36.100 | Сокол Митровски | 11.934 | 50,4% | ||
Желино | 20.829 | Фатмир Изаири | 4.985 | 52,9% | ||
Зелениково | 3.645 | Веле Груевски | 1.476 | 51,32% | ||
Зрновци | 2.618 | Блаже Станков | 1.076 | 59,68% | ||
Илинден | 13.475 | Жика Стојановски | 6.542 | 66,21% | ||
Јегуновце | 9.576 | Тони Коцески | 2.690 | 54,97% | ||
Кавадарци | 32.029 | Александар Панов | 13.084 | 56,66% | ||
Карбинци | 3.241 | Зоран Минов | 1.456 | 58,78% | ||
Карпош | 52.506 | Стевчо Јакимовски | 19.764 | 63,36% | ||
Кисела Вода | 51.459 | Билјана Беличанец | 20.419 | 59,91% | ||
Кичево | 48.075 | Фатмир Дехари | 18.552 | 52,62% | ||
Конче | 2.755 | Благој Јанев | 1.326 | 57,68% | ||
Кочани | 32.608 | Ратко Димитровски | 12.636 | 52,48% | ||
Кратово | 8.376 | Мите Андоновски | 3.910 | 61,35% | ||
Крива Паланка | 17.169 | Арсенчо Алексовски | 6.992 | 50,73% | ||
Кривогаштани | 4.577 | Тони Заткоски | 2.115 | 57,09% | ||
Крушево | 8.050 | Ѓорги Дамчески | 3.429 | 54,22% | ||
Куманово | 88.708 | Зоран Дамјановски | 26.118 | 50,77% | ||
Липково | 22.852 | Садула Дураку | 6.073 | 50,9% | ||
Лозово | 2.139 | Орце Цветковски | 991 | 54,33% | ||
Маврово и Ростуше | 9.416 | Мукарем Мемеди | 2.072 | 51,05% | ||
Македонска Каменица | 6.692 | Дарко Митевски | 3.346 | 65,58% | ||
Македонски Брод | 5.432 | Милосим Војневски | 2.831 | 62,69% | ||
Могила | 5.476 | Стево Пивковски | 2.318 | 52,56% | независен | |
Неготино | 15.942 | Ванчо Апостолов | 6.957 | 55,57% | ||
Новаци | 3.027 | Лазар Котевски | 1.837 | 79,42% | ||
Ново Село | 11.032 | Блажо Велков | 3.335 | 50,63% | ||
Охрид | 50.686 | Никола Бакрачески | 21.004 | 57,17% | ||
Петровец | 7.202 | Борче Митевски | 3.663 | 68,07% | ||
Пехчево | 4.364 | Игор Поповски | 2.319 | 63,48% | ||
Пласница | 4.678 | Исмаил Јахоски | 1.585 | 55,63% | ||
Прилеп | 63.431 | Марјан Ристески | 28.632 | 57,79% | ||
Пробиштип | 13.088 | Тони Тоневски | 7.023 | 70,81% | ||
Радовиш | 23.537 | Сашо Николов | 10.026 | 58,22% | ||
Ранковце | 3.109 | Момчило Алексовски | 1.474 | 54,98% | ||
Ресен | 16.526 | Ѓоко Стрезовски | 6.644 | 62,68% | ||
Росоман | 3.321 | Стојанче Лазов | 1.516 | 53,66% | ||
Сарај | 28.444 | Беким Мурати | 8.888 | 53,34% | ||
Свети Николе | 15.012 | Зоран Тасев | 7.363 | 60,71% | ||
Сопиште | 4.605 | Стефче Трпковски | 1.923 | 54,45% | ||
Старо Нагоричане | 3.551 | Милован Стојковски | 1.380 | 51,98% | ||
Струга | 56.341 | Зијадин Села | 20.770 | 57,3% | ||
Струмица | 47.424 | Зоран Заев | 19.122 | 51,56% | ||
Студеничани | 13.944 | Азем Садику | 4.225 | 49,75% | ||
Теарце | 20.657 | Исен Асани | 5.802 | 55,87% | ||
| Тетово | 77.570 | Теута Арифи | 24.536 | 55,54% | |
Центар | 42.667 | Андреј Жерновски | 14.383 | 50,29% | ||
Центар Жупа | 6.310 | Аријан Ибраим | 1.844 | 51,42% | ||
Чаир | 55.566 | Изет Меџити | 15.679 | 62,72% | ||
Чашка | 5.690 | Горанчо Пановски | 2.400 | 60,18% | ||
Чешиново-Облешево | 5.788 | Костадин Личков | 2.526 | 55,75% | ||
Чучер-Сандево | 6.982 | Јован Пејковски | 3.333 | 61,55% | независен | |
Штип | 41.573 | Илчо Захариев | 18.560 | 58,83% | ||
Шуто Оризари | 21.489 | Елвис Бајрам | 6.067 | 57,81% |
Советнички местаУреди
Реакции по изборитеУреди
Политичар | Изјава |
---|---|
Никола Груевски | „И овојпат, во овој втор изборен круг победија делата, победи ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија, победија работата, остварените ветувања, победи остварениот однос кон граѓаните, работата и трудот, победи концептот кој со труд, со остварувања, со работа и со одговорен пристап кон работата, искрен однос кон народот во минатите години неуморно работеше и неуморно создаваше дела. Територијалната поделба во 2004 година за која што ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија укажуваше дека не е соодветна, се покажа како кобна на овие избори за Кичево и Струга. Ние како влада остануваме максимално да помагаме и на Струга и на Кичево како неотуѓив дел од нашето ткиво.“ |
Бранко Црвенковски | „Овие избори не поминаа во фер и демократска атмосфера и затоа тие се нелегитимни. Работите во нашава земја нема да излезат на арно, за жал не е далеку денот кога ќе треба да се плати огромна цена за овие погрешни политики, а цената ќе ја платиме сите. И за тоа сите што мислат дека на овие избори СДСМ беа поразени, сакам да им кажам дека грдо се лажат, на овие избори изгуби нашиот народ и целата наша земја.“ |
Али Ахмети | „Ова е најголема победа во нашата историја. Освен ова, ДУИ и нејзините активисти помогнаа и за големата победа на Зијадин Села во Струга.“ |
Мендух Тачи | „Не беше невозможна мисија, туку нерамноправна борба, со многу притисоци и уцени од сите сегменти на власта на ДУИ. Непринципиелно се здружија со македонските партии, со ВМРО, со СДСМ, па и НДП на Руфи Османи.“ |
Граѓанска асоцијација „Мост“ | „Според извештаите и информациите добиени од набљудувачите и од 27 регионални координатори, прелиминарната оценка на Граѓанската асоцијација МОСТ е дека гласањето на 7 април беше спроведено во генерално мирна атмосфера со незначително намален број на нерегуларности, но во околности во кои се покрена прашањето околу квалитетот на Избирачкиот список и довербата во истиот. Најчести нерегуларности за кои известуваа нашите набљудувачи се: семејно гласање, некористење на УВ ламбата и спрејот, фотографирање на гласачките ливчиња, како и непочитување и злоупотреба на процедурата за гласање на лица кои не можат да гласаат сами. Обврска на избирачките одбори е да ги спречат ваквите нерегуларности.“ |
НаводиУреди
- ↑ „Информација во врска со заклучување на Избирачкиот список“. Посетено на 2013-03-18. На
|first=
му недостасува|last=
(help) - ↑ Конечен извештај на Набљудувачката мисија за избори на ОБСЕ/ОДИХР за локалните избори 2013.
- ↑ „8.878 кандидати за градоначалници и за советници“[мртва врска], Алфа ТВ, 24.03.2013.
- ↑ „СДСМ оди на локални избори, за парламентарните ќе се разговара“. Архивирано од изворникот на 2013-03-04. Посетено на 2013-03-18.