Наташа Петровска
Наташа Петровска (родена на 18 декември 1971 во Битола) — градоначалник на Општина Битола од 2017 до 2021 година.
Наташа Петровска | |
---|---|
Петровска од десно | |
Градоначалник на Општина Битола | |
На должноста 2017 – 2021 | |
Претходник | Владимир Талески |
Наследник | Тони Коњановски |
Лични податоци | |
Роден(а) | 18 декември 1971 Битола, СР Македонија |
Партија | СДСМ |
Деца | 2 |
Установа | Природно-математички факултет - Скопје Универзитет за туризам и менаџмент - Скопје |
Професија | професор |
Вероисповед | Православен христијанин |
Животопис
уредиНаташа Петровска е родена на 18 декември 1971 во Битола. Има завршено основно образование во ОУ „Д-р Трифун Пановски“ - Битола, средно во гимназијата Јосип Броз Тито, дипломиран професор по математика на Природно-математичкиот факултет во Скопје при Универзитетот Св. Кирил и Методиј. М-р по менаџмент на човечки ресурси при Универзитет за туризам и менаџмент Скопје. Вработена како професор од 1995 во СОТУ Ѓорги Наумов - Битола, со дополнување на часови и во економското Јане Сандански веќе четири години. Работела и пет години во Приватна Гимназија Битола. Таа е сопруга и мајка на две деца.
Личен живот
уредиПотекнува од семејство каде најзастапена како професија е учителствувањето и музиката. После војната нејзиниот дедо образувал низа возрасни кои станале наставници во Битола, а нејзина посебна гордост е брилјантната интерпретација на Битола Бабам Битола од нејзиниот чичко Добри Ставрески.
Пред да стане градоначакник, Петровска била член на ИО на ОО Битола во два мандати, член на ИО на СДСМ Македонија 4 години и актуелен координатор на советничката група на СДСМ во Советот на општина Битола.
На локалните избори 2017 година, избрана е за градоначалник на Општина Битола со освоени 33.133 гласови од вкупно 83.692 гласачи во општината, или 59,77%.
Политички функции | ||
---|---|---|
Претходник Владимир Талески |
Градоначалник на Општина Битола 2017–2021 |
Наследник Тони Коњановски |